Никогаш не сум пробала леќи но сакам од овие козметичкиве барем еднаш, колку да сменам. Но паничар сум по природа и страв ми е да ги ставам, тешко ли се аплицираат? Се чуствуваат ли кога се во окото? И ај што ќе ги ставам па и за вадење ми е страв. Знам дека звучи смешно ама ете, не сум пробала
Јас па ги купив од 4 фебруари се мачам да ги клам неможам можи од страв да не неможам да ги извадам,лесно се вадат ама ете
Јас леќи носам веќе 2 години на почетокот се мачев ама сега ги ставам и вадам со леснотија Од пред 2 недели носам зелени леќи и на моиве кафени очи изгледаат многу природно леќите
Да со диоптер се леќите а за саати не е препорачливо над 8 часа да се носат инаку на темница не се познава баш , само на дневна светлина. Баш ќе ставам слика
Ова е на дневна светлина леќите се мн природни , а бојата е Green имаат и посветли ама ми беше страв тие да ги земам во случај да не изгледам вештачко Тие се викаат Gemstone green
Slavicak го отвораш убаво окото , со средниот прст го фаќаш долниот дел од окото а со показалецот капакот и со другата рака ја ставаш леќата. Само полека нема да се брзаш , знам како ти е истото и јас го поминував