Не , Air optix colors , овие поточно @Slavicak има време , ќе се навикнеш , 1 месец не е ништо мене ми требаше 2-3 месеца сигурно да се навикнам
Не се нервирај,ќе се навикнеш,низ истото поминував и јас,за вадење го отвораш окото со еден прст,а со друг ке ја завлечеш леќата надолу и она ќе се свитка и сама ќе испадне.
На темни очи кафеави, дури и светло кафеави не стоеле светло сини или зелени леќи. Тоа го увидов пред некој ден кога со мајка ми сретнавме некоја си нејзина пријателка што одамна се немаа видено. И прв поглед луѓе паѓа токму во нејзините очи, значи толку се впечатливи што те фаќа страв човеков дали е човек. Ептен вештачко изгледаа. На мајка ми и била многу чудна кога ја виде, но јас се сетив дека се леќи и ја прашав,и таа ми потврди дека и се леќи. Но ептен страшно изгледаше бидејќи таа кафеави очи природно има, а леќите ѓабе светло сини кога изгледаат пак темни над темно око, значи и изгледаа темно сини и многу дречливи.Кога би и биле посветли или зелени нејзините природни очи, можеби ќе и стоеле сини леќи и немаше да и се впечатливи толку, но вака на вампир личеше мајка ми се уплашила, потоа дома требаше блага вода да и давам Значи многу се впечатливи вештачките и страшен изглед даваат, неприродно и нападни многу. Јас еве имам природно сини очи но не ми се така впечатливи од авион да дречат, туку нежни се. Природно си е природно... Мој совет бирајте ја бојата да е слична и да се совпаѓа со вашата природна боја на вашето око, да не дели многу за да дојдете како некоја зомба, нешто што не е можно, што не постои едноставно.
Да ве прашам, има леќи што можат да се купат и да се носат постојано, мислам да не се со рок на траење, без разлика колку се скапи? И ако има, колку би била цената? Јас изгледа ќе треба да носам со диоптер, па сакав да си земам малку посветла боја од моите, онака малку промена. Ама несакам вакви како што прочитав, 3 месеца да ги носам, па да купувам други.
@meganbaby не , нема такви леќи. Дури и тврди леќи (какви што носи мајка ми) и тие си имаат рок на траење од кога ќе се отворат се носат 3 години. Од меките леќи има дневни, месечни. Месечните се носат 1 месец потоа се фрлаат и се отвараат нови.
Ако си почетник,ти препорачувам оние од три месеци,внатре можат да бидат по 3,6,9 пара така да не мора да купуваш цело време.
Девојки сакам да купам леќи во боја. Која цена се најевтините и колку време се користат. Дали тие што се за еден месец ако би ги зела, би било проблем ако ги носам подолго време. Фала поз
Има леќи во боја со диоптер, а цена зависи од тоа кои леќи ги користиш, сите си имаат различна цена. Прашај во оптика, ќе ти кажат.
Има , јас имам користено на Air optics, очите не изгледаа вештачки воопшто со нив. За жал не можам веќе да носам зошто имам плус астигматизам на двете очи.. Една кутија порано тука кај мене во Грција ја купував 25 евра со две леќи внатре.
Конечно си купив. Ги земав на Fresh look, Sterling Gray. Веднаш се научив од прва да ги ставам и вадам, во тој поглед нема никаков проблем. Хигиена и се тоа си водам соодветно. Ама лага е дека воопшто не ги чуствувам. Ми се јавува некое чудно чувство и на моменти како да ми се заматува видот. Како да гледам некоја сенка од самата боја на леќите. Пробав и капки да ставам да не е до сувост но не е тоа проблемот. Што може да е? Се си мислам па да не ме ми одговара конкретно тој бренд на моите очи?
Стварно се преубави. И многу природно личат, човек кој не те знае или не те загледал претходно нема шанси да примети дека се леќи. Баш штета, се си мислам наредно некој друг бренд да пробам ама прашање е дали ќе најдам вака убава боја.
@Zaljubena26 @cooll Еве девојки, значи не е реткост ваквата реакција при носење леќи во боја. Па можеби е најдобро пократок период да се носат или ако ептен ви засметаат и ви се неудобни.
Овие ги земав од оптика Прима. Се е супер освен проблемов што се јавува. И зелените мислам дека би биле убави ама не знам и со нив да не е така или пак само конкретно со оваа боја.
Нема врска ова. Само што ги ставам ја гледав бојата, во истата секунда, посебно навечер. Имав и едни други со многу мал отвор, тие беа трагедија.
Значи исто скроз. Веднаш се чуствуваат. Особено на потемно. Вака надвор, на сончево време не е толку страшно. Изгледа е до бојата.