Убави примери ти посочи Ahoy поназад, а ти што му одговори? Не значело дека треба да прифатиме. Што да прифатиме? Ај искажи се што ти е поентата.
Преку една година јавна тајна е дека просторот е со потпишан договор на Лидл и целокупниот објект од тогаш мнооогу побрзо се гради. И ко видов веста бев дур збунета оти буквално врвам и гледам како расти објектот кај шо треба да е. И ко видов дека допрва ќе почнувал да се гради се осеќав како во грешна димензија да влегов. Џабе ќе означам оти едитирам, ама @Biljarkata да, на кружен тек е Лидл Битола локацијата. Ама не е далеку од центар ни пак нешто вау одделено. It's walkable. Лично јас сакам Лидл и мило ми е дека ќе има Битола. Чисто оти наоѓам веган продукти рандом кога и да врвам странција шо се надевам дека можи ќе се најдат и кај нас.
За кружниот тек, точен одговор. Во Битола таква е локацијата За другово, веројатно, ама и не мора да значи. Не верувам дека некој од поголемиве маркети како Стокомак, Кам или Кипер ќе испаднат од игра, повеќе мислам на удар ќе се маалските или поскапите како Рамстор, Тинекс и Веро. Еве во моево град - село со нецели 10 000 жители имаме Кам, Стокомак, Кипер, уште еден голем супермаркет со цени ко Веро, и сигурно преку 20 маалски продавничиња. Во Кипер, Кам и Стокомак, кој патем сите се на една иста улица распоредени на должина од 350 метри, кога и да влезеш не можеш да се разминеш од народ. Секогаш. Е за разлика од нив во маалскиве ретко луѓе, најчесто за леб и цигари . Овој Верото што не е Веро исто ретко луѓе, зашто е прескап во споредба со другиве.
Сериозно е јавна тајна тука, лани поставија таблата за цел објект и како ќе биди организиран и буквално логото од Лидл го има на дизајнот. П.С. Ова за потрошувач/вработен и услови на работа би била продуктивна засебна смена како шо веќе спомнавте текстилна индустрија и условите таму/ брза мода, опфаќа и хуман аспект и еколошки.
А добро еве и да отворат кај нас, колку ќе биде снабден е прашањето? Дали ко у Грчка шо има све и свашта мада ни таму нема толку како у Германија секако. А за цените не очекувам ефтино у секој случај.
Ако де, не се лутиме па и они малце нека се порадуваат. Зашо само Скопје да се форсира, а другиве градови демек небитни?
Љељее Љидл еј, ајде сега сите кад се сељо прокондури... На кружнио е Биљо и тука, ридот го турнаа цел за да го изградат чудово.
Лидл е доста базиран на локални производи. Пример месни, млечни производи, кај мене се едни, во Хрватска се други. Е колку има мк локално производство е друго прашање.А тие што им се акциите, текстил, намештај, ваљда сегде се исти, т,е.мејд ин Џермани, те мејд ин Бангладеш, кој ќе го знае. Мада од текстил и намешај конкретно сум задоволна многу, иако квалитетот на текстилот е паднат.
Јас поминав пред 1-2 недели мислам, како што видов само рекламата е ставена, а маркетот си работеше на старата локација. Може и јас лошо сум видела.
Јас мислам кога ќе отворат, ќе биде на повеќе локации одеднаш т.е во повеќе градови. Барем така беше во Србија.
Мислам дека ќе биде поскап од соседните држави, ама дека бренд па сите ќе се потепаме да пазариме таму.