Во Ск. ќе биде на местото на Бриколаж, објектот е веќе купен. Канцелариите им се од спротивната страна во зградата на Мерцедес. Кога ќе се отвори ќе видиме со оглед на тоа што главните магацини ќе им бидат во Речица а тек допрва треба да започне нивната изведба. Можеби привремено ќе изнајмат на друго место. Инаку, се наоѓа добра роба. За храна небитно, реално се си имавме и досега. Ама се наоѓаат фини апарати со солиден квалитет а многу ниски цени. До сега еден куп помали уреди имам земено и за ниту еден не сум се покајала, сите испаднале супер. Исто и од облека може да се најдат квалитетни стварчиња. Се надевам дека добро ќе биде снабден и дека нема да носат само глупости.
Хм сите, не баш. Каков сака бренд нека е, нема шанси да идам ако не ми е блиску да се акам наваму натаму, сепак тие шо ми се најблиску таму ќе пазарам како до сеа. Само на поминување ако иам прилика па да идам, вака редовно не. За евтини цените да бидат, поевтини од Кам и Стокомак не ми се верува, само што нормално поголем избор ќе има.
Истите производи ќе ги нудат како и другиве, македонски и од балканов производи, слично како Веро што е, 100% сигурно нема да ни продаваат германска и европска роба од прва класа итоа по ефтина цена. Кам е неприкосновен далеку пред сите со најмногу маркети во цела држава, складишта и магацини, роба од нивни марки и брендови по ниски цени и за македонски стандард супер им се цените. Башка имаат ланци на маркети и во Бугарија и Косово. Вработените фини а и гледам задоволни се тие што работат таму, условите им се супер. Втор е Стокомак, и таму е слично како во Кам меѓутоа не баш толку. Тинекс е една класа погоре со цените меѓутоа имаат и доста во понуда секакви производи и домашни и странски. Кипер претежно робата им е од Косово и ништо не се разликува по квалитет од другава, ниски цените им се меѓутоа тој скептизам општо постои ради многу причини, во западна Македонија работат и профитираат одлично. Лидл нема ништо да биде поразличен, добро е тоа што се зголемува конкуренцијата, меѓутоа меѓу германски Лидл и македонски Лидл ќе има огромна разлика, како и за се друго. Како што за германците Лидл е прв избор, ние македонците најмногу Кам го преферираме според тоа истражувањето што беше. За мене Кам Маркет е најдобар избор од секој аспект што нуди.
Има некој што пуштил CV на оглас за работа во Лидл, и веќе бил на интервју? Да каже нешто поише за условите за работа тука во Мк.
Се надевам дека ќе има избор како во странство, се мислам дека ќе испадне како H&M, во странство повеќе избор и пониски цени, кај нас шкартот.
Скоро гледав една девојка од Германија на тик ток како пробува облека, незнам дали беше од овој бренд, и етикетите со цени ги покажа. Пишуваше во која држава колку пари се, во Германија 17евра а македонската цена беше 1200 денари . Така да точно е ова шо го пишеш.
https://mkd.mk/node/527893 Лидл доцни со отворањето на маркетите во Македонија, Косово, БиХ и Црна Гора Германскиот синџир Лидл, кој треба да отвори маркети и во Македонија доцни со реализација на истите, не само во земјава, туку и на пазарите во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово. Босанскиот бизнис портал Бизнисинфо.ба проценува дека причината за ваквото доцнење е стратегијата на компанијата истовремено да отвори повеќе маркети на пазарот. Лидл во Македонија основаше фирма во 2021 година, има отворено канцеларија и вработува работници, но засега почна да гради маркет само во Битола. Се подготвуваат локации во уште неколку градови. Неофицијално првите продавници во Македонија ќе се отворат во 2026 година. Лидл уште лани требаше да отвори маркети на Косово. Но тоа до сега не се оствари. И во Црна Гора најавено е отворање на маркети на Лидл. Таму канцеларијата е основана во 2021 година, досега се купени неколку парцели во Тиват, Бар и Беране, но засега не е отворен ниту една продавница. Во Босна и Херцеговина досега е изграден само објект во Бјелина, се гради дистрибутивен центар во Лепеница кај Сараево, на неколку локации купено е земјиште, но маркет нема. Канцеларијата на Лидл во БиХ е отворена во 2021 година. Во Хрватска Лидл првите 13 маркети ги отвори во 2006 година, а канцеларијата ја основа во 2002 година. Лидл во Србија се појави во 2010 година, но првите маркети беа отворени осум години подоцна. Во Македонија во тек е нов оглас за вработвање во Лидл. Се бараат работници на неколку работни позиции - регионален менаџер за продажба, виш регрутер, административен асистент и многу други работни места.
Здраво, дознавте некои информации за условите што ги нуди Лидл и како се одвиваат интервјуата? Поздрав
Mrzishta ni sami neznaat koga sto ke bide ,prvo druga pozicij od taa sto si apliciral nudat 2 nedeli te zamaraat so povici i intervjua za da izvadat pred strancite koa ke im dojdat,deka rabotat nesto i na kraj da ti kazat deka rabotata ili obukata bi bila vo stranstvo posle 6-7 meseci i odbivaat da odgovarat sto tie 6-7 meseci,ke bides li platen/a, treba li ti niv da gi cekas mrzonji za da pocnes so rabota,koga znam deka toj proces trae, 2ipol mesecimax za koi oni kazuvaat ;ne zavisi od nas pa ova pa ona...mnogu se razocarav vo sporedba na toa kakva reputacija ima lidl kako rabotodavac vo drzavi od zapadna evropa
Jas imav prvo intervju vo prvata polovina na dekemvri i uste nema nikakov odgovor vo vrska so toa dali e pomianto dali ne i sto kako ponatamu... mnogu neizvesno skoro dva meseci ke pominat. ima nekoj drug iskustvo?