Posle 4-5nedeli davaat odgovor ako ne si pominala ili koga ke im zatrebas..ako si pominala potpolno promasuvanje e makedonskiov lidl da ne se povtoruvam od prethodno...
Пријателка беше и на второто во Скопје.Уште едно мислам треба да има финално.Она аплицираше за асистент на менаџер.
Ti blagodaram, ja znaes vremenskat ramka na kolku vreme ja intervjuiraa? so znam nekako mi e mnogu pasivno... mnogu se odolgovlekuva
Имам чуено дека ќе отворат 2026та. И дека сите што се испланирани во Мкд, заедно планираат да ги отворат истовремено, што значи прво треба да ги изградат.
Мој поранешен колега се вработи во мај оваа година во лидл, и ми рече дека план е да се отворат продавници во 2025 година
Имам некои дрвени играчки што ми ги донел татко ми од Лидл од западна Европа, како миксер и кафемат по 7е купени. А овде се по 30е истите (само друга боја, иначе скроз исти). Сега гледав на сајтот на лидл дрвена кукичка на 3 спрата за 28е. Слични се скоро 100е кај нас. Така да прво за тоа ќе одам кога ќе го отворат Бреееј, ќе заборавам дека најавиле Лидл во Мк до тогаш...
Најинтересно ми е дека имаат вработено луѓе, идат на обуки, земаат плата... затоа очекував скоро да биде отварање. Нема ваљда да не работат ништо уште цела година или две.
Работат бе, зошто мислите дека не работат. Логистика, дистрибуција, правна служба, економисти, IT. Се склучуваат договори за фирми соработници, целосни документации за дистрибуција, дозволи за увоз за секој производ, сметководители, царина, учат системи... зарем мислите така се отвара толкав ланец, на плукни залепи?
Ок, тоа е јасно. Ама, они веќе 3 години по ред кажуваат дека следната година ќе отворат маркети. По портали последно пишуваше во 2026та.
Мислам дека порталите сами си пишуваат вести за читаност, не се тоа официјални информации од ЛИДЛ . ,,Новинарите" доаѓаат до некоја информација, документ, шпекулација и одма се прај приказна. Одамна се збори, затоа што уште пред да ја регистрираат фирмата во МК пуштија муабети дека ќе отвараат. И народот чека - ко утре да отворат врати на маркет. А документација за откуп на земјиште, урбанистички проекти, пренамени, нови објекти, изведувачи....ништо од тоа не беше ни почнато.
Се додека не се изгради логистичкиот центар во Куманово, ниту еден маркет нема да се отвори. Воедно, принципот на отварање на Лидл маркети е неколку одеднаш, како шо споменаат членките погоре, а целосно завшрен е само тој во Битола. Така да, се додека не изградат уште неколку други, нема отварање. Прочитав некои податоци, најверојтно 2026, можеби крајот на 2025.
Тебе во секоја можна тема ти е најбитна платата А за лидл, секогаш може да претрча човек до северните комшии.. Ене кај е