Точно јас сега скоро планирам да одам само за пепко чекам новогодишните да ги извадат Е да де.. Зависи од кој дел на МК си Јас до Благоевград одам ама тие нашите на царина на Делчево се безобразни
Пак за отворање се спомнува 2026та. https://glamur.mk/eve-koga-ke-se-otvori-prviot-market-na-lidl-vo-makedonija/
Огласите што ги има за различни позиции за Лидл, дали се однесуваат само за Скопје или и за други градови каде што ќе отворат маркети?
Дали Лидл во Врање работи во недела? На интернет најдов дека работи ама ми треба проверено инфо, да не се возам за џабе дотаму. А уште подобро ако работат и тие околните продавници до Лидл.
Се очекува во текот на 2026 г. да се отворат повеќе маркети одеднаш, таква им била праксата на ЛИДЛ. Лидл изјави дека планира да отвори маркет/и во сите градови од државата со над 25000 жители. За сега веќе се градат во Скопје, Кавадарци, Тетово, мислам и во Куманово, Штип и Струмица, во другите градови се во фаза на добивање на земјиште и дозвола за градба, а во Битола е веќе изграден. Исто така, во некои од горенаведените градови планирално е отворање на 2 или повеќе маркети.
Ајде јас чекам Лидл да се отвори кај нас љубопитна сум. Само гледам некои објави како луѓе пазареле лидл па во кам такви споредби бла бла бла што помислив дека веќе е отворена продавницата и кај нас
Јас едвај чекам да се отвори Лидлот, за да се туркам со пензионерите кој попрв ќе купи евтини пилиња за печење
Ова е можно да се деси, инаку со едната рака ќе мафтам ќе се туркам како спас од давење да барам, истовремено ќе викам на цел глас ќе правам галама а со другата рака ќе снимам со телефонот лајв на социјални мрежи, да види светот колку борбен народ сме и како го освојуваме и Лидлот
Хахахахахааха не бе јас чекам за да пазарам протеински пудингчиња што ги гледав на рилс по инста а кај нас ги нема по маркетиве
Не знам шо им е со кружните текови, некоја масонерија може да е Ама без исклучок, секој Лидл што го знам е на кружен тек.