„Лидл“ сè уште нема отворено ниту еден маркет во Македонија, но направи извоз на овошје и зеленчук за 5 милиони евра https://www.slobodenpecat.mk/lidl-s...voz-na-ovoshje-i-zelenchuk-za-5-milioni-evra/
Skoro pred 2 godini beshe toa ni pamtam tolku ni vredi da ti kazam i hr pozicii stalno imaat oglasi se nadevam deka e podobreno od toa sto pamtam i e veke pisano...
Маа дај бе, лопата на приватен маркет фрла ли Мицкоски на поставување на камен темелник на најновиот продажен маркет на „Лидл“
Одел некој во Лидл во Врање, колку е снабден? На проспектот што почнува од утре гледам некоја масичка за деца, ама знам дека такви работи брзо се распродаваат. Отвараат од 8, ако стигнам накај 10-11 има шанси да се распродадени, или носат по поголема залиха?
Има крш кинески парфеми по 200ден и цвеќиња кои никогаш вода не виделе и најопшти производи за храна, стварно не знам што толку има во лидл во Врање за разлика од другите лидл ова и Врање е мизерија како обична продавница е, јас се разочарав ако и кај нас биде Лидл како во Врање ич нека не го отвараат подобро. @Spidy јас во Врање би одела во deichmann имам земено чизми веќе 2г ги носам а многу беа евтини и има доста убави раб германска продавница е , ми делуваат квалитетни , мсм кога веќе одиш во Вр .
Епа кинеска роба за балкански пазар и Лидл не е исто како за германски. Барате квалитет на роба од 1-2 евра? Се знае тој квалитет се за едно евро, купи кинеско од 200 евра ќе има разлика.
Па тоа викам, подобро ич нека не го отвараат ,подобро две продавници саглам отколку 10 крш кинеска пластика
Нашиот стандард не е ист како со западните земји. Се знае просекот и затоа се увезува ефтина роба. А ако се увези скапа роба, неа нема кој да ја купува. И не мора да е кинеско за да е крш роба, ефтино си е ефтино, дали е кинеско, франуско не мора да значи. Кина има квалитет но не го гледате.
Точно , сум налетала на многу квалитетни кинески работи , се разбира дека поскапи се тие . Оние за кои ние имаме џеб се хм .. роба со лош квалитет . Онаа што во западните земји не би ја земал ни оној кој нема апсолутно ништо . Јас тука каде што живеам , на децата им купив спортска опрема за во училишната сала , два пара патики , два пара шорцеви и четири обични памучни маички на кратки ракави платив 6000 денари македонски . Ама маичките ги сушам во машина гајле немаат . Синко со патиките се уби секој ден , фудбал игра не се ни гребнати . А тука комплексот го есапат како кинески комплекс . Ретко кој од овдешниот народ пазарува таму .
Фино е снабден Лидл во Врање, ама дали ќе начекаш нешто од проспект ти е чиста лотарија Едни бели масички со столче ги имам видено последнава година во различен период и во различни градови.
Бев одма првиот ден од проспектот накај 11, јас земав една масичка и додека вртев низ маркетот земаа уште 2. Убава понуда беше, не ме чудеше што брзо идеа. За пазарење намирници за дома не знам дали е поефтин од нашиве буџетни маркети, мислам не, ама за вакви детски реквизити и играчки не се споредува. Имам дрвен мискер и кафемат по 7 евра одамна земено што тука во мк беа над 1500 ден. Лично за тоа најмногу ќе го очекувам кај нас.
Не сум ти го видела мислењето инаку и јас исто по детска кујна трчав во април, што ја чекав година дена пак да ја стават на флаер затоа што ја имав пропуштено. Ама јас им пишав и на фб и баш се фини и одма враќаат, ми направија и резервација може и со мк телефонски број, само што може резервацијата да е неуспешна ако го нема производот. Сепак отидовме и до продавница и кога ја земавме им пишав само да ми откажат резервација.