Абе од глуматори ексик ако ти е чкарт лидл оди веро ем скапо ем квалитетно не знам која ти е поентата приказни да кажваш вакво било такво било. Има се за сечиј џеб и треба да има. Не ни е полн како твојот на сите... лол
Парфемите од 300 денари за тие пари се ВРВ,редовно купувам од истите кога идам за ГРЦИЈА или кај и да начекам и зимам резерва и за поклон давам.Траат многу ,и ги знам кој се добри и убави.Друго апаративе СИЛВЕР КРАСТ ,нивниот бренд се предобри.Дома си пазарам КАМ И СТОМАК,и во недела ТИНЕКС .
А што знаеш за мене ?не смеам мислење да кажам ? Јас имам земено парфем од Лидл кој го има во Германија не се сеќавам како се викаше го имам фрлено 250ден , мирисаше кинеско ужас трајност 30секунди врска немаше со тој од Германија што е и логично за таа цена , така да тоа е тој крш , јас само кажав дека не е нешто wow Лидл кај нас на Балканов , не знам што толку се најдовте увреџени
Зашто бре увреџени ????Мене ми се најдобри за тие пари,јас се фалам од парфемите нивни.Други не користам,ти фрлај си ги.Мене плус фала ми викаат за поклон имам во секоја прилика.Казав купувам по 4 или 5 кога ќе начекам.
Ве читам вака за Лидлот и веќе не можам да дочекам да го отворат, еве на пример кај нас ќе биде лудило, само шо ќе го отворат ќе добиеме кружен тек блокиран веќе и сега е со трговскиот Блис ама тогаш ќе биде тотален застој, влез на град блокиран, гужви, колони, редици, колку ти душа сака, нерви, свирења со коли, разуздана орда од пешаци која претрчва по улици кај шо ќе и текне заитана по гага фуш производи со багателна цена во Лидлот исто колку сакаш, има да биде лудило, овие од ЈЗУ Демир Хисар ќе можат слободно да си паркираат возила на тротоар (оти на паркингот и во гаражите нормално ќе нема слободно место) и да си прибираат пациенти за кај нив, исто ко оние шо ги собираат од улица присилно во Украина за да војуваат, нооо битно ќе се дружимеее и ќе ни биде интересно на "ситеее".
Е добро де , не викам дека не чини едноставно може мене не ми се свиѓал тој ,не збориме за ист , овој беше апла копија и што сега ? Ќе се убедуваме кој што како купува Бог да чува ,не знам зашто модератори толерираат вакви коментари од предходната членка кај сум била активна што сум пишувала боже боже
Не знам зошто ама мислам дека воопшто нема да биде ни приближно исто како во останатите држави. Претходно мислев дека ако на пример во Германија во Лидл има нешто оваа недела истото ќе го има и во Врање. И често така се зафркнував и трчав демек производот ќе го има. Зборувам за производи што ги има на неделно ниво. Се надевам дека ќе има барем пола од она што го има во другите држави. Често на пример во Бугарија има производи кои одамна ги имало во Германија. Така ако чекаме кај нас, да се извртат насекаде, додека дојдат до кај нас...
Да, работи Лидл, а работат и Пепко и Њу Јоркер. Лили аптеката мислам дека не работи или работи со скратено работно време.
Добро е да се отвори Лидл, инаку во секоја држава се различни производи кои ги продаваат. Од искуство пишувам во Европа во Лидл роба од типот месо, зеленчук,јајца, овошје се е чкарт роба, никаков вкус. Мене Лидл ми се допадна за тоа што секоја недела доагаат доста квалитетни работи, пример има мода дете,маж,жена прекрасни квалитетни парчиња гардероба. После од типот спорт,кујна, играчки, козметика , уредување на кука, градина...итн Цените им се пристапни.
и јас така слушнав. Иако во некои градови објектите се веќе од пред година дена готови сепак отварањето ќе било за сите истовремено.
Лидл или кон крајот на оваа 2026 или пак 2027 ќе ги отворат маркетите. Ама шо, пак истите производи ќе бидат како по другиве маркети, ќе се соработувале со локални брендови а и цените ќе бидат исти како и во Кам, Стокомак. Истово се случи и со Спар.
Нели сегде соработуваат со локални брендови + нивните Лидл брендови? Јас пазарам Грција, нормално дека не очекувам во Лидл да видам грчки локални производи, ама очекувам да видам тие шо се Lidl-specific.
Комбинираат, ќе ги вклучуваат и нивните и нашиве локални брендови и ќе ги нудат. Ќе има вајда нивни брендови ама да не бидат пакувани тука? Имале голем логистички центар во Куманово.
Каде што живеам има мн. поголеми и подобро снабдени маркети од Лидл. Овие ми делува како уште да не се толку приметливи и дека сеуште се пробиваат до степен да мора да допрецизираат каков маркет се Секогаш нудат комбинација од локална роба и роба од брендови специфични за нив, само понудата и квалитетот на таквата роба варира од земја во земја и од континет до континент .