Тоа е затоа што не се организирани.Мислам не беа.Требаше да има тутори односно луѓе кои знаат како да се лизга и да подучуват на сите,а не влези и ако сакаш падни
Абе женски има некое друго лизгалиште по Скопјево освен тоа под Кале? Ми кажаа кај Борис Трајковски салата имало некое и 20 денари се плаќало , па да ми кажете дали со сигурност работи , би сакала да одам
Порано секоја зима од школо ни даваа гратис влезници за лизгалиштето на кале..абе мераци со другарки ми скоро секој ден бевме таму..што лизгање удривме
Каде поточно се наоѓа лизгалиштето под Кале? И колку е таму цената? Дали сеуште работи? За лизгалиштето во Борис Трајковски сум мислела дека е убаво, а овде гледам негативни коментари... Прашувам бидејќи планирам зимава да одам а досега не сум била.
Јас последен пат кога бев на лизгалиштето кај Борис е кога се отпишував од уметничко лизгање. Знам беше со пластика и некое масло за да се лизга, ама само развив нозе таму на пластиката. Братучед ми кога бил ми кажа дека ставиле мраз.
Кај нас во Охрид на зима кај плоштадот има лизгалиште, јас сакам да одам ама мајка ми и татко ми не ме пуштаат велат ќе падниш ќе се отепаш покршливи ми се мене коските. (Како нема да ми се кога ги имам рацете 100 пати скршено )
Батали е темава ама може ќе ја размрдам Работи ли некое од лизгалиштава сега ? Конкретно тоа на кале ме интересира