На машина за мелење месо се мели 1 кг лимон со кора. Се додава 3 кг шеќер,3лимонтуса и 3литри вода. Сето тоа седи 24 часа со повремено мешање да се стопи шеќерот се цеди низ газа или цедалка и се послужува.
2 портокала 4 лимона ги изрендуваш или сецкас додаваш 2 кила шекер и 5 кила вода оставаш да одстои 24 сата одвреме на време промесуваш следниот ден со инка и газа или цедилник процадуваш излева од прилика 5 кила сируп преубав
Мама има правено лимонада ама има 2 шишенца екстрати, едното е безбојно и е за вкусот и мирисот на лимонадата, а другото е жолто за бојата. Знам дека се додава многу шеќер и лимонтузи, ама не ви го препорачувам оти не е здраво. Штета што сите слаткари и продавници ја прават лимонадата на ваков начин.
Еве јас како си правам лимонада. Си цедам еден поголем лимон на цедалка за лимони, додавам лажичка -две шеќер, и ја полнам чашата со вода. Ептен освежително
Земам голем бокал за вода - литар, литар и пол, каков и да е. Цедам еден до 2 лимона, портокал, грепфрут и лимета. Додавам неколку лажици кафен шеќер, во зависност од тоа кој колку сака може да си стави. Сецкам на четвртинки уште еден грепфрут, еден портокал и неколку лимети или лимони. Ги ставам во бокалот и малку ги гмечам (како кога правите мохито). Сето тоа го мешам. Го дополнувам бокалот со вода, малку свежо нане и секако лед. Отварам сонцебранот, вадам столчињата на тераса, ставам наочари и испружувам нозете. И летото може да почне
Во 12л вода се става 1кг рендани или мелени лимони,6лимонтуси и 2кг шекер. Се остава да отстои и потоа уживај си
Мојот омилен пијалок за во лето, најосвежителен ми е . Ја правам така што во соковник ставам два цели лимона, значи цели со кора, затоа што поубава ми е лимонадата кога ми е малку горчлива. Потоа во чашата (чаша од 200 милилитри) додавам неколку коцки мраз, дополнувам со вода и брцкам едно цевче и си уживам. Воопшто не додавам шеќер, лимонада со шеќер не е лимонада според мене . Кога правам повеќе значи ја правам во бокал, мелам едно 5-6 лимона, еден портокал и еден цитрон. Лимоните и портокалот ги мијам убаво и ги цедам со се лушпа, а цитронот бидејќи е погорчлив го лупам... Се заедно мешам и додавам лед и вода, навистина е освежително и баш ми е некако летно пијалоче
Пијам лимонада, но ретко. И тоа многу. А начинот на подготовка го кажа најубава2010 Спојлер Но, сакав да пишам нешто, малку офф топик, ама мораше. Едно девојче рече: Дајте ми, ве молам, лимонада од боровинка во едно ресторанче. Сите ја слушнаа, и после неколку години еве остана лимонадата
Ма не се чудете,све си има.На тетка ми во Битола во некоја слаткарница не знам што било и понудиле "Сакате лимунада од лимун или лимунада од портокал" Теткава мислела се зафркават али навистина нуделе и лимунада од портокал.
Обожавам лимонада... Си цедам еден лимон во чаша, си додавам вода и така без шеќер си го пијам.. најосвежително!
Рецепт за здрава лимонада: Една чаша вода Еден лимон Едно лајче мед Се меша и се пие. Многу е вкусно. Јас правам во шише и си имаме цел ден за целото семејство.
^ Ваква лимонада пиев утрово. Рандом рецепт, не препишував од тука! Многу освежително нешто, мислам дека ќе ми стане рутина секојдневно да пијам некоја чашка вакво богатство. Купечката не ми е убава, многу ми е блага, у глава ми удира шеќерот И не знам што ми стана - сите кризираат за чоколада, јас за лимони. Сега си правев обична, од еден лимон ми излезе 1/3 сок во чашката, па дотурив вода до врв и толку. Шеќер не ставив, бидејќи ја сакам таква киселкаста и горчлива, како што пишала Најубава погоре - лимонада со шеќер не е лимонада! Утре ја ангажирам мајка да ми ја обнови залихата со лимони и ќе почнам да ја конзумирам лимонадата почесто. Ај наздравје!
eden cel limon isceden vo 250ml voda so 3-4 lazici seker vo prav , mnogu led, 2-3 livchinja nane,i edno parche portokal .ubavo se promatuva, i se sluzi ...miamm the best ako sakate alkoholen da e koktelov dodadete i malku rum ili vodka [mod-kirilica:2l62j9l3][/mod-kirilica:2l62j9l3]