Многу ретко пијам лимонада, обично кога сум болна. Иначе си ја приготвувам на тој начин што цедам еден лимон, вода, шеќерче, убаво си промешувам и почнувам да пијам.
Освежителна лимонада со праски Девојки сакам да ја направам оваа освежителна лимонада со праски ( шо ја пишува овде на фемина) од сабајле земав праски,ама ич не ми текнало дека е потребно и лимон па сакав да ве прашам,дали може наместо свежо изцеден лимон,да ставам сок од лимон (онаков шо се раствара со вода,само без да го растворам?) ?? Што мислите,ќе испадне добро или не?
Таквиот сок се вика сируп кој се раствора со вода и е благ. Лимонадата нема да ти биде освежителна туку блага и убитачна
Јас вака си правам лимонада,го цедам лимонот на оние цедалкине за лимони што се.Додавам шеќер,и вода. И си го пијам,ептен ми е освежително
Не пијам лимонада често , не паметам кога пиев последно, а ми е голема грешка, зошто поосвежителен пијалок во лето од лимонадата нема. Треба деновиве да си направам, и така и така имаме лимон дома.
Многу сакам лимонада. Ја обожавам. Поосвежителен пијалок немам пробано. Си ја сакам со лажичка две медче внатре. Право уживање и ритуал ми е. Ако не ме мрзи чашката си ја украсувам со тркалце лимон. Здраво е и многу вкусно.
Лимонадата можеби е и најдобриот пијалок кој некогаш го имам вкусено. Освен тоа што е најосвежително за во лето, најлесно ми е за правење. Плус како што сум обожавател на кисели работи ова ми е таман по мерак. Ставам најмногу една лажичка шеќер затоа што сакам да ми биде апла кисело. И уживам додека го пијам.
лимонадата ми е омилен пијалок после свежо исцедениот портокал. ја обожавам но многу ретко ја пијам ,но дефинитивно е најубавиот и најосвежителен пијалок
Многу сакам лимонада со кисела вода,верувајте,поубаво е од кока кола или фанта Неколку коцки лед,шеќер не ставам дека сакам кога ми е покиселко освежува и дава енергија,баш ми е погодена кога имам напорни тренинзи
Исто може да додадете и свежо нане или уште подобро мента (она во коктели што се става). Некои ставаат и малку ѓумбир, свежа краставица исецкана на тркалца, ама тоа нормално не е задолжително. Најдобро е ова во бокал да се направи и да стои во фрижидер, со тоа што не знам точки мерки, ама од прилика на 200 мл колку што е чашата ќе си мерите колку лимон да ставите. Поосвежително за во лето, нема, а го забрзува и метаболизмот !
секако Потребно: - 0,5кг лимон - 2л вода - 3 лимонтуси - 2кг шеќер Лимоните да се сомелат на воденица за месо. Кога ќе се сомеле,им се додаваат 2 лимонтуса и се става да отстои 24ч. Потоа се процедува, и во процедениот сок се става 2кг шеќер,1 лимонтус и 2л вода. Откако ке се стопи шеќерот. Сокот се флашира и по потреба се раствора.
од што ве читам цел ден, го пукнав маж ми за лимонада, па сега ќе одиме во слаткрница, ќе искористам и слатки, а нормално и 1л за дома
Еве еден мој рецепт,беше хит летото 3лимони и 1 портокал,се замрзнуваат.Утредента се рендаат ,нели замрзнати.Се додава 1кг шеќер(мене ми е многу ставам пола кг.) 6лимонтуси(исто ми е многу,ставам 3) 8л вода И имате лимонада за еден месец Можете да правите комбинации да речеме само со лимон или само со портокал Исто така и пробајте,да знаете колку е кисело или благо,па напрајте си го според свој вкус.
Чиста лимонада - исцедено лимонче во комбинација со вода. Соодносот 3:1 за лимонот. Еликсир, амброзија .