На Арена ќе го има преносот. https://off.net.mk/offside/nabrzink...jorcheska-so-prenos-na-arena-sport-makedonija
Ќе има пренос некој од каналите од Arena Sport Македонија, ќе видиме утре точно на кој, вака како што вртам нанапред на Магента на 4ката гледам пишува. Како и да е, за поздрав е што обезбедија пренос со наш коментатор за уште поубаво следење на мечот. Да ѝ посакаме среќа уште еднаш, нека ужива во мечот и нека биде следната Маја
Фала на инфо, се мислев Спорт клуб ќе даваат а на А1 немаме, добро е што Арена МК го откупиле правото. Башка некое изненадување мора да се случи во 1 коло, па нека биде тоа Лина
Многу ми е жал што имавме и имаме толку солидни фирми и бизнисмени во државава и никому не текна да и биде спонзор на Лина. Се сами финансираа, татко и беше врвен одбојкар уште од репрезентација на Југославија во одбојка и имаат продавница за спортска опрема од каде се финасираше и семејството и Лина. Како бе динар не и даде никој На какви не глупости се спонзорираат. Затоа утре нека направи сензација, за неа , татко и, и нејзиното семејството.
Започна? Како и оди на Лина? Независно од противничката тука има голем удел психичката подготивка и мотивацијата, а Лина има силна. Навивам за Лина и се надевам на убава и фер игра.
И јас навивам за голем успех, силна мотивација и причина за тоа има. Те цитирам за почетниот дел. Срамота невидена. Во Македонија за спорт, а да не зборам за наука се издвојуваат минимални ресурси, бар спонзориве да беа пофер и да излегуваа во пресрет. Пре би за сопотови и музика да вложуваат, што немам против музиката, ама кај се спорт, наука? Потоа младиве спортисти, научници им бегале во странство. Да се чудиш зошто... Се одлевале мозоците, епа се одлеваат таму кадешто некој вложува во нивниот развој.
6:3 прв сет за Аманда 1:1 во втор сет, добро и парира на 6тата во светот. Штета што и се падна тенисерка која е во топ 10.
Штета, ама со добра и фер игра и одлични резултати во полза на Лина може да го сврти вмиманието кон себе. Ако победи да не зборуваме кој успех е тоа.
Честитки за Лина во секој случај! Не се посрамоти воопшто, даде солиден отпор, но премногу неизнудени и дупли грешки, да ја послужеше сервисот денес верувам ќе гледавме поинтересен и понеизвесен меч. Очигледна е разликата во класи и искуство на вакви натпревари, друго ниво на тенис играат топ 10 играчи колку и да не се во форма. Како во грч да беше цело време, ваљда и трема присутна и тоа е што е. Иако во подоцнежниот дел од нејзината кариера, се надевам ова ќе ѝ биде ветер во грб за понатамошни успеси. Што е најбитно, солиден скок во ранкинг, заработка и повеќе од одлична, па да ја видиме повторно во главен ждреб на следен слем. Како некој што прати тенис цел живот - преубаво чувство беше да се види нашето знаме на еден слем
Претпоставував дека ќе изгуби. Очекувам да има лоши коментари на фејсбук од страна на премногу паметните корисници кои очигледно мора на некој да ги лечат своите фрустрации. Повеќе среќа следен пат на некој друг наш тенисер.
Анисимова лани во првото коло ја победила Путинсева со 6:0 6:0, така да ова е сосема ок резултат за 1 коло, со оглед на очигледната трема и грч кој го имаше Лина секако. Следниот пат ќе биде подобро, секако ако се најдат луѓе во државава да и помогнат за квалитетни подготовки за УС Опен и за во Австралија.
Со оглед на никаквите услови кои ги нуди земјава ова е топ успех и тоа на најпрестижниот гренд слем успеа да стигне и очекував дека барем на мртв ќе има пренос никаква поддршка нема од утепаниов народ.