Лина Ѓорческа, првата Македонка која ќе игра на Грен Слем турнир Вимблдон

Дискусија во 'Спорт' започната од Iva:), 25 јуни 2026.

  1. Dalena

    Dalena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2024
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Не само топ десетте, особено американските спортисти се високо ценети и голем труд и финансии се вложувани во нив.
    Тоа е голема машинерија и не се нафаќаат да те развиваат и вложуваат во тебе ако немаш потенцијал, ама по тоа си како во бубањ.

    За Лина ова е одличен успех.
    Потенцијални негативни коментари од непознати не треба да ги зема во предвид.
    Не е важно кои личности и ги упатуваат и од кои причини, ете спомнаа погоре што потенцијално лечат фрустрации.
    Можеби кој да ги знае што ги мачи, но на ваков успех некој да плука е неразумен и несамокритичен па затоа Лина you go girl, go, go:muscle:

    И посакувам големи успеси понатаму.

    п.с. Делот со психолошките моменти, големата трема и напнатоста и грчот се надминуваат со време преку искуство и работа со добри ментори.
    Ќе биде се во ред ако поработи на тоа, а не се сомневам дека нема да вложува труд и напори и секако успесите ќе и се неизбежни во иднина.
     
    Последна измена: 30 јуни 2026
    На SummerGirl, pinklipstick и la.malparida им се допаѓа ова.
  2. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    1.029
    Допаѓања:
    17.399
    Пол:
    Женски
    Да, тоа е реалноста. Условите и можностите што ги имаат во најдобрите американски школи се неспоредливи. Во топ 10 има три Американки, што доволно зборува за системот и начинот на кој се работи таму. Но, кога веќе споредуваме, токму тие причини и патот по кој Лина стигна дотука го прават нејзиниот успех уште поголем. Треба да биде горда на себе, а и ние на неа!

    За потенцијалните лоши коментари, најверојатно би дошле од луѓе кои не следат тенис и не сфаќаат што всушност значи настап на еден Грен слем, луѓе кои до вчера можеби не ни слушнале за Лина...

    Како и да е, кога ќе ѝ слегнат впечатоците, верувам дека од ова искуство ќе излезе со уште поголема самодоверба и дека во остатокот од сезоната ќе игра подобро, порелаксирано и без непотребен притисок, па да ја видиме и на US Open. (fingers)
     
    Последна измена: 30 јуни 2026
    На Dalena, SummerGirl и pinklipstick им се допаѓа ова.
  3. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.420
    Допаѓања:
    78.395
    Пол:
    Женски
    Честитки за Лина, успех е да се игра на Вимблдон.
    Е сега, таква среќа имаше да и се падне ланската финалистка која ја победи и Сабаленка во полуфиналето.

    Некако цело време беше во грч, премногу грешки направи. Не е лесно да се игра таму пред толкава публика.
    Повеќе среќа наредниот пат.
     
    На Dalena, SummerGirl и sia.bella им се допаѓа ова.
  4. Dalena

    Dalena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2024
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Истово мислење го имам за Лина, не да биде само горда туку да е свесна колку се надминала себеси и покрај ситните блокади и најголемата- свежа загуба на родител.
     
    На sia.bella му/ѝ се допаѓа ова.