има вистина во ова што го збори човеков. стварно што се случи со возачот на камионот??? како може да учествуваш во сообраќајна несреќа со смртен исход и да не одговараш за тоа ?
Под кој основ да одговара возачот на камионот? Да лежи казна затвор бидејќи некој му се забил со 200кмх во приколицата од камионот?
^^ не да лежи во затвор, туку да даде изјава, да се појави на суд, нешто... обични очевидци се битни во еден случај, не па некој што директно учествувал во неа. овој ко во земја да пропадна.
тоа да, треба да сведочи да се расчисти случајот што како се случило, а не само да го снема како што посочи ти.
Сега пак истиов новинар тврди дека е во некој манастир http://www.zdravo.com.mk/zoran-bozhinov ... ki-e-zhiv/ Леле не ми се верува,нека почива во мир бе луѓе....... Ах,ајде нека си прават приказни а на мајка му и татко му како им е ,се запрашал ли некој?????????
Единствено што ни останува е да го запамтиме како ангелче наше и да ги слушаме неговие песни. Нека почива во мир.
Добро, ете за возачот на камионот, постои место за сомнеж, но, како може човеков да тврди дека несреќата не се случила? Па барем ако решил да лаже, нека лаже, а не на работи кои ги збори, сам се плетка хеликоптерот што го носел телото на Тоше, наводно се срушил и немало преживеани, ако е така каде се срушил,освен тоа никој не го видел мртвото тело на Тоше, ако никој не го видел, кого погребувале? Абе ајде, цел филм
Тоше го нема а ние можеме до утре да филозофираме дали се крие,дали е навистина мртов или има нешто трето.И мене нешто ми е чудно овде.Како само Тоше настрадал а другите здрави како дрен без ниедна гребнатинка? Овде некој вмешал прсти сигурно,дали мафија дали Љиља дали Рајко дали Петко ке остане мистерија. Прашање е кај е камионџијата и дали всушност постои?
Токму поради тоа реков, знам дека рекол по една година дека се срушил, па ако се срушил, каде се срушил, нема никаква логика во ова што тој го тврди, како и за телото на Тоше, па уште ред други работи, па ете и друг да погребале,зарем толку народ ќе беше на погребот на некој кој што воопшто не го ни познаваат, а камоли слушнале за него? Па зарем возачот на Тоше ќе го доживува сето тоа што сега го доживува, ако сето тоа не се случило?А ете според него, зарем не би требало да има пожарникари на самото место на несреќата? Ако е така како што вика дека Тоше е жив, па зарем лажно ли се претставувал Тоше пред народот, за потоа да биде божем однесен во некој манастир? Би можела да најдам еден куп прашања од никаде кои укажуваат на нелогичноста на неговите тврдења.
Па многу од работите што ги твди немаат логика. Не ми е некако за верување. Можеби во првите текстови за смртта на Тоше верував делумно, ама по овој текст... Дефинитивно сметам дека не е како што треба човеков.
ПА ЗАРЕМ СТЕ ЗАБОРАВИЛЕ ДЕКА ХЕКИКОПТЕРОТ "МИ-17" СО КОЈ БЕШЕ ВРАТЕНО ТЕЛОТО НА ТОШЕ ОД ЗАГРЕБ, , ПОСЛЕ ЕДНА ГОДИНА СЕ СРУШИ И ЗАГИНАА 11 ПРИПАДНИЦИ НА МИСИЈАТА НА АРМ ВО БОСНА, ПРИ ВРАЌАЊЕ , КАЈ КАТЛАНОВСКО БЛАЦЕ ,,,, УБО СИ КАЖА ЧОЕКОН ШТО ВЕ БУНИТ ЈА НЕ ЗНА
Истиот новинар почна на фб да избацува некои разни документи. еве линк http://www.facebook.com/#!/pages/To%C5% ... 6909480335
Јас пак, слушнав гласини, за кои не верувам дека се точни... Колешка на мајка ми тврди дека е блиска пријателка или роднина со кумовите на Тоше... тврдат дека Тоше тајно се оженил со А. Б., од повеќе причини, а главните демек биле поради Љиљана дека им се мешала во животот, а уште и дека А. Б. била претходно свршена со Италијанец, па демек тој Италијанецот го наместил убиството... Постојат разни вакви искази и се појавуваат повеќе убијци, така да не можеме да знаеме во која верзија да веруваме.... Единствено, не ми се верува дека буквално никој нема вмешано прсти во несреќата. Дури слушав и гласини дека дури шоферот и Љиљана излегле да бензиска за да се освежат, некој демек ги следел и моментот кога го оставиле Тоше сам во колата, а тој спиел, некој дека го убил, а Љиљана и шоферот цело време мислеле дека тој спие... Едноставно, можеме само да претпоставуваме, но никогаш нема да бидеме сигурни.
Поради тоа што има секакви гласини и варијанти за убиството на Тоше,мене не ми е за верување ова. Само Господ знае што се случило, ама редно е да го остават да почива во мир.
Лејјјјјјјјјј што е ова бе ? Владата му се осветила на Тоше бидејки одбил да пее пред 5 год... за партијата......... ВАТ Д ФАК ? Нека почива во мир.