Дали некој слушнал за оваа ретка болест? Се работи за ретко заболување на кожата на вулвата најчесто кај жени се јавува на вулвата со кое доаѓа до истенчувње на самата кожа. Доклку слушнал некој за оваа болест или можеби некој ја има ве молам за искуства. НЕ Е СЕКСУАЛНО ПРЕНОСЛИВА!
Јас имам. Кај мене не е зафатена вулвата туку делот околу анусот и препоните. Тоа е, многу непријатни симптоми, некогаш траат подолг период па ќе ги снема… имам крема која ја мачкам кога ми е најактивно. Ми ја прават во аптека, препишана од др. Старова.
Колку време ти траат симптомите и каква е таа крема што ја мачкате? Мене ми е откриена со биопсија пред 3 месеци меѓутоа сеуште имам чешање кое на моменти го снемува и пак се појавува. Инаку мачкам сеуште крема со кортикостероиди. За жал нема лек за ова автоимуно заболување и мн малку се збори за оваа болест а верувам дека има и други жени кој што се погодени од истата. Викаат дека е старечка болест и се јавува само кај постари жени кој што се во менопауза меѓутоа не е така јас имам 38 год а ја имам.
Ох не сум сигурна што точно има во кремата бидејќи одамна ми е некаде изгубен извештајот што го носев во аптека, но знам со сигурност дека е со кортико. Така да верувам дека ни е сличен третманот. Бидејќи е автоимуна болест така ќе биде, на моменти е поактивно, друг пат посмирено. Јас сега се мачкам по потреба. Најактивните симптоми може да ми траат три четири дена, па ќе се потсмири… Веќе се навикнав, ја имам од 19 години а сега имам речиси 30. Ми требаа 7 години и еден куп дерматолози за да ми ја воспостават вистинската дијагноза.
Кои симптоми ги имаше и дали ти е правена биопсија? Јас имав ешерихија вагинално и така ми го открија линхенот и покрај негативниот брис сеуште имав чешање и печење долу осеќав некоја сувост, дури уште ми остана оној нагон за мокрење не знам дали тоа е од сувоста на кожата бидејќи уринокултурата и брисот ми се негативни или е од нешто друго.
Немам правенп биопсија, ми кажаа според симптоми и како изгледа. Чешање е најчесто, некогаш може и да ми се разрани кожата. Кога ми е најактивно ми побелува тој дел и ми се прават како релјефни лушпи, не знам како да објаснам. Ама менува боја и е крута кожата.
Јас имав мн мал дел кај што ми беше побелена кожата, меѓутоа печење и чешање постојано. На различно место ни е се надевам нема да ти се прошири. Страшно непријатно е јас не можам уште да се навикнам, се мачкам ама не гледам дека кортикото нешто посебно ми помага или може треба да помине подолго време стварно не знам.
Штом ти е поново откриена состојба ќе ти треба малку време да се навикнеш, ама сѐ се сведува на тоа - навика. Доживотно ќе си ја носиме состојбата, ќе имаш и подобри и полошо денови ама ќе се навикнеш
Јас имам линхен на вулва и сега за сега не можам да кажам дека има некое подобрување...али се надевам со тек на време ќе има
Здраво По симптоми, без биопсија, 99% и кај мене станува збор за лихен…веќе две години еднаш месечно вулвата е иритиранс црвена и чеша (понекогаш и се истенчува кожата до рани, а понекогаш многу чешање со многу суводт дури до лупење на кожата…)која состојба трае некои недела ипол две… мачкам хидрокортизон нема некоја промена имам приметено само крем со бензокаин го смирува чешањето но не се повлекува.. дали некоја пд вас има пробано со детокс или некоја диета?