Ја отварам оваа тема за оние кои го сакаат Лионел Меси и се негови фанови. Лионел Андрес Меси роден на 24 јуни 1987 е аргентински фудбалер кој игра за Барселона и репрезентацијата на Аргентина. Се смета за еден од најдобрите фудбалери на својата генерација. Неговиот стил и вештина потсетуваат на оние на Диего Марадона, кој и самиот го прогласи Меси за свој „наследник".
Барса се сака, Барса се љуби, и кога победува и кога губи! Спојлер Патем, поздравче до ''верните навивачи'' на Реал
Ок верен навивачу кажи ми 2та состава на Барса, минатите 10 утакмици Барса-Реал сите титули , години кога биле освоиени Без да користиш гугле и мугле ......
Не реков дека сум до толку страсен навивач и се тоа, но ме нервираат луѓе кои што до вчера наводно биле за Барса и по 2 пораза одма за Реал. Ма дај молим те, продадени души. Поздравот беше наменет за нив, а ако ти се пронајде тоа не е мој проблем. Јас само пишав дека си ја сакам Барса како клуб и кога ќе победи и кога ќе изгуби. Тоа е. Не пишувам по цел ден на Фејсбук статуси од типот: ле-ле Реал , Меси срце мое итн. Не сакам да се правам нешто што не сум, а и не сум кој знае колку по фудбалот, доволно е за мене. Си го сакам клубот и навивам за него. Не сум од оние - Вие за Барса навивате, ние живееме. Живеам за себе и за никој друг, а најмалце за клуб. Иначе, да ги кажам 2та состава и титулите, немам намера, затоа што не сум википедија ни ништо слично, а и не ни сакам затоа што не планирам тебе да ти ги кажувам. Виктор Валдес, Давид Виља, Лионел Меси, Адријано, Ибрахим, Педро Родригез, Иниеста се играчите што ми текнуваат во моментов и тоа е тоа. Поздравче
’Фала за поздравот’. Чекај малку, кога претходниот пат вие победивте немаше ли ваши верни навивачи( у наводници) кои изникнаа од никаде?
Јас ги поздравувам тие што се верни навивачи во наводници, а не оние кои што одамна си го сакаат клубот и си навиваат за него, без оглед на се. Така да размисли во кои спаѓаш и дали поздравот бил наменет за тебе. Ако е стварно за тебе, свака ти част! За тоа дали имало или не, не се замарам, а и онака секогаш ги има таквите, така да.. мислам дека сама си го знаеш одговорот, нема потреба јас да ти кажувам. Верните навивачи си ги има Барса од секогаш, со оние во наводници не се замара ни она.
Хахаха, ќе видиме за некое време кога пак ќе губат Реал, дали ќе ги има или пак ќе навиваат за некој друг клуб.
Ај да не замараме, дојди ЛП ако имаш нешто да прашаш и слично, ама се надевам дека нема никаков проблем. За Барса ќе видиме, секако. Се гледаме во вторник.
Најталентираниот фудбалер, најдобриот, новиот Марадона. И покрај сите здравствени проблеми, талентот излегува на виделина. Секоја чест Меси Барса е среќна што те има.
Барселона - Челзи. Тери исклучен во прво полувреме, Меси сеуште во игра. Месец потоа Меси објавува дека девојка му е трудна случајност или? Се зезам, нека му е честито. А за овој гестот погоре па уште велите дека е epic, да беше ова од играч на Реал ќе беше катастрофа невидена .