Не најдов ваква тема, ако е дупла слободно во канта. Заинтересирана сум за овој третман, сакам да слушнам искуства од некој кој го правел. Се работи за липолиза на масното ткиво на подбрадокот со вбризгување липолитички коктел. Потребни се 2 третмани, на растојание од 3 недели а резултатот е траен. Немам проблеми со тежината 53кг сум а имам подбрадок и страшно се нервирам. Сакам да се решам од него па кажувајте.
Овие се баш за подбрадок. Пробај месец дена прави ги секој ден и сликај се на исто место и иста светлина за да видиш дали има резултати. Се надевам ќе ти помогнат
https://www.facebook.com/afrodita.veronika/ Јас овде се распрашав. 4000 е еден третман кој бил доволен ако се работи за мал подбрадок. Има и некој премиум пакет за обликување на цел долен дел на лицето 7200. Во план ми е да правам само чекам да видам дали некој го има правено третманот и каков е резултатот.
Не сакав да биде дека рекламирам нешто додека нњ видам резултати, ноо денес правев втор третман после 3 недели и имам веќе резултати, навистима сум задоволна. Цената е 500 денари за подбрадок од третман, во Жданец се наоѓа студиото, кој го интересира нешто повеќе нека ми пише.
Сакам да правам липолиза на стомак Дали некој правел дали има резултати и колку третмани се потребни за резултати?
Јас имам правено и на стомак и на подбрадок, за подбрадок 2 третмани доволни беа по 500ден. во Жданец правев, а за стомак пробав 2 третмани направив (ми рекоа се правеле 4-5 зависи од човекот) но во мојот случај не ни требаше толку, само ке ти кажам дека на лице место ми се умирашетоа пече тоа боли, ја осеќаш течноста како се шири низ стомакот има околу 10-15 боцкања не можев да издржам после секое боцкање правеше пауза 2 3 мин буквално осеќав ко жива да ме дерат. После вториот третман се откажав и отидов во Енерџи на кавитација со 2 третмани имав рамен стомак по 800ден ги платив. Лополизата на подбрадок ич не ја осетив само што имав модринки после тоа, ама на стомак не би ја препорачала на никој има побезболни начини за израмнување стомак, липолизата беше за мене чиста тортура, а земете во обзир толерирам многу болка и покриена сум со тетоважи..
@_Monroe јас имам проблем со малку вишок кожа и стрии на стомак после две бремености Малку да ми е затегнат стомакот мислам нема да изгледа толку грозно како што ми изгледа моментално Дали со кавитација може да се постигне тоа затегање на кожата не сум баш упатена кое е подобро Јас прашав во мојот град во приватна клиника за липолиза ми рекоа 3000 ден од третман но дека ке треба и други третмани и ако одлучам ке разговараме што и како понатаму
За затегање на кожата има третман Вакум се вика знам ми кажуваше девојчето,жени после пораѓај доаѓале првин правеле Липоласер за намалување на обемот па одма после тоа Вакум за затегнување само мислам дека доколку доиш не можеш да ги правиш третманите ако добро памтам, е сега ова конкретно е во Енерџи во Скопје, што сум слушала тоа знам за друго вака не сум запознаена. Јас немав некој си стомак некој сантим сакав само да намалам без да вежбам па кавитацијата ми се погоди.
Дали си задоволна од резултатот од липолизата на подбрадокот?На колку време ги правеше 2-та третмана?