@CameliaMiller @V.odolija гледам ги читате книгите на Лиса Клејапас, па препораки дали вредат да се купат и читаат или да купам трилери наместо нив?
Јас не сум баш вистинската за да дадам критика за романтика, мене лично ми е премногу... тинејџерско? Јас ја почнав серијата и ќе ја довршам, но дефинитиво не би читала пак книги од Клејпас. Премногу предвидливи и површни ми се. Јас од лани ја меркам Something in the water, кога ќе ја прочиташ сподели импресии
Се мислев дали да ги купам трите од Лиса дека Сакам книги имаат родендески попуст за купени три книги од 40%, ама тоа што им прочитав на книгиве како опис од задна корица не ми остави некој посебен впечаток, значи да се насочам пак кон некои непредвидливи трилери Уште малку имам од оваа што ја читам, ќе напишам импресии и ќе те означам.
Јас ги имам прочитано трите од Лиса одамна и искрено ми се допаѓаат. Ги сакам Донато Каризи, Себастијан Фицек и Лаш Кеплер, Линдвуд Баркли ми е некако, што знам, многу секојдневен а овие што ги издвоив малку понеобични приказни пишуваат, особено Донато Каризи. Лиса Гарднер исто така пишува посекојдневно но сепак некако не ми се оставаа книгите.
Искрено исто како што спомна @CameliaMiller многу се предвидливи приказните и тоа го претпоставив само од опис на книгата од задната корица. Сепак имам големо читачко искуство и кога се премислувам за нешто и барам мислења значи не е тоа тоа 100% да го имам во домашна библиотека. Можеби во иднина би ги земала и прочитала од библиотека. Авториве што ги наведе имаат одлични трилерчиња, може нешто од нив ќе земам, фала за препораките.
Одамна да ги читав и да ми беа вовед во литература, или да бев барем 10 години помлада, сигурно ќе бев со друго мислење. Љубовните приказни се тука баш така невино и наивно прикажани, како што сум ги замислувала како многу помлада. Ама сепак, најмалку читам романтика, затоа сметам дека моето мислење не треба за репер да се зема, немам баш многу од тој жанр читано.
Океј ми е мене Лиса, го прочитав целиот серијал Wallflowers за четирите другарки и онаа божиќната. Таа па како да ми беше најдобра од сите. Не се лоши, олдскул романси со специфичен хумор нели демек „од тоа време“. Затоа се и така опишани и steamy сцените, малку по така Шекспировски - поетично и меѓу редови. Сакам да го читам серијалот Travises, ама некако не ми се почнува пак серијал, ми се смачи и ми здосадија. Тие се помодерни романси како што се сеќавам по описите, ама не ми се чита пак Лиса и ќе ги имам на ум таму во лето некаде можеби.