1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Листа на гости

Дискусија во 'Свадба' започната од Angel-Adriana, 19 октомври 2012.

  1. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    20.715
    Кај брат ми имаше повеќе, а кај мене како што си сакав
    1. Браќата и сестрите на моите родители со семејствата - (тука се вклучени само моите први братучеди со партнерите, без нивните деца.Пошто имам вкупно 11 први братучеди!!!! :) и сите со по 2 деца, а богами половината од нив и со партнери- пошто сум најмала јас од братучедите , тие си имаат деца помали од мене само 7-8 години...па ќе беа минимум + 22 :D .)
    2. Моите другарки со партнерите (другари не канев иако на некои и сум им била на свадба, но од тие дружења веќе немаше ни Д)
    3. Колеги од тогашната работа, со кои си бев заедно во канцеларија и се дружев и приватно
    4. Првите комшии- само едно семејство
    5. Кумовците кои мене ме имаат крстено и семејствата каде јас и моите имаме крстено и венчано
    6. Еден пар пријатели на брат ми
    Толку
    Од блиски- поблиски. Бројка - околу 80-90 луѓе.
    од кај маж ми беа повеќе, нз колку точно.
     
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.745
    Допаѓања:
    32.104
    Пол:
    Женски
    И кај мене списокот на гости беше сличен.
    Од моја страна беа поканети:
    1. Тетка ми (сестра на татко ми) со моите братучетки и нивните семејства.
    2. Вујковците - со моите братучеди и нивните семејства.
    3. Братучетка на мајка ми. Мајка ми беше многу блиска со неа.
    4. Втор братучед со девојката.
    5. Прв братучед на татко ми - со семејството.
    6. Еден пар комшии. Татко ми многу се дружи со нив.
    7. Колега на татко ми со жената.
    8. Две мои другарки. Само едната дојде со дечкото.
    9. Свекорот и свекрвата на сестра ми.

    Маж ми покани само колеги од работа и еден другар. Ако ги канеше неговите тетки и вујковци, од негова страна ќе имаше околу 70 гости.
     
  3. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    28.313
    Имавме 110 гости од наша страна, а во таа листа беа ставени нај,нај,ама нааај блиските! За среќа и моите родители не вршеа некаков притисок да каниме некои роднини кои не сме ги виделе 100 години! Воглавном одлуката беше моја, се разбира не се противев на некои нивни блиски роднини и пријатели ама дадовме преднос на моите другарки, колешки од работа и од факултет, пријателки и другари!
    Имавме околу 30 роднини (браќа и сестри и први братучеди на моите), Два-три пара пријатели на моите со кои се многу блиски, три-четири пара од комшиите со кои убаво живееме, моите први братучеди кои отприлика беа околу 20 души со се партнери (оние кои имат)!
    Останатите педесетина души беа мои другарки со нивните партнери, колешки од работа, цимерките со кои 4 години заедно живеевме, потоа колегите од факултет од други градови со кои многу убаво се дружевме, по некоја поблиска пријателка и тоа беше!
    Не поканив никој кој формално би присуствувал на мојата свадба, ниту пак се стремев да ја зголемам бројката на гости! Никој гост не беше поканет како бројка туку како мој близок кој ми значи да биде до мене на тој ден!
     
  4. ang246

    ang246 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    145
    ние сношти разговаравме со дечкоми мојот иден маж :inlove: ми вика од кај нив окулу 200 мина аман му викам шо ќе правиш со толку од кај мене 150 и то со кизнај колку кратење 350 ќе дојда плус кога сметавме секакви трошоци од почеток до крај 7,8 илјади евра му велам цел спрат ќе средиме и тоа убаво и ми вика и ќе ни останат пари.. :lol: ама без свадба неќиме и двајцата да останиме така да ќе гледам да го убедам да нема многу гости аматешко да го убедам изгледа.. |(
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.751
    Допаѓања:
    65.207
    Пол:
    Женски
    И кај нас не беше претеризам, имавме околу 220 гости вкупно, беа поканети само најблиските и пријателите, оние ептен што не можевме да ги исклучиме. Имавме многу повеќе пријатели од роднини, маж ми е прилично друштвен човек. :D Немаше расправии во врска со листата на гости, нашите знаеја дека немаме толку пари да се расфрламе, па не канеа се живо и диво. :)
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.541
    Допаѓања:
    95.410
    Пол:
    Женски
    Јас мајка ми ја ограничив на 100 гости, и кажав ако не знае како да се извади нека каже Ангел сама си ја плаќа свадбата она кажува кој ќе дојде, им требаат пари и затоа викаме вака. Инаку се договоривме од сите браќа и сестри на дедовциве и бабиве да дојдат по двајца, сите имаат по најмалку 2 деца и тие си се омажени-оженети, не можам сите да ги викам и да сакам. Најблиската фамилија, сестри на мајка ми и татко ми со фамилиите, братучеди кои и самите имаат деца, огромна фамилија, преку 60 души, не можеш да скратиш никој и да сакаш. Комшии, искрено на сестра ми свадбата беше весела само заради нив, нејќам да изосравам ниедни. Пријатели на моите. Мои другари и другарки и колеги од работа, тоа ти е посебна приказна, ние сме околу 100-150 на работа, не иде у предвид да ги викам сите :rofl: ќе оставам една покана и ќе кажам 10-15 луѓе. И оп, без 120-130 души не можеш да пројдеш, падна и вода мојот план. Сметам дека доста нема да дојдат бидејќи ќе правам свадба во Лешок, затоа им кажав на моите со време да си прашуваат, да не биде смејурии после. Е свекрва ми е друга приказна, они имаат 200 гости, со многу кратење и многу стискање, мм е прилично дружељубив и само другари и колеги од работа ќе има 70 души, но тоа е што е, ние имаме многу повеќе трошоци, превоз до Лешок од Југот и од Скопје не е исто. Иако јас скратив многу, премногу, некако се пресметав сама со себе и си реков, не вреди, да фрлиш пари а после треба да продолжи животот и тоа оној вистинскиот, реновирање по дома, купување потребни работи....
     
    На buba4e89, SummerGirl и ana-banana им се допаѓа ова.
  7. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    1.Роднини
    2,соседи
    3.пријатели
    3.колеги
    4.другари
     
  8. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.071
    Допаѓања:
    17.212
    Пол:
    Женски
    Ние со мама една ден седнавме онака од љубопитство колку гости ќе имаме од моја страна испаднаа околу 210, повеќето роднини ми се и тоа блиски, оти не се знае може ќе рипнам во тавче за брзо време, дечкоми само за тоа ми прави муабет ќе ме зимал побргу до јуни :D
     
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.745
    Допаѓања:
    32.104
    Пол:
    Женски
    Добро е што кај нас немаше проблем околу листата на гости. Другарка пред свадбата прави список на гости. Баш кај мене го правеше. Излегоа само 150 од кај неа. Со нејзините одеа по свадби и и беше незгодно да не ги покани.
     
  10. katce patce

    katce patce Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2019
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Јас ќе капитулирам, алал да ви е на толку малце гости. А јас со вкупно 430 ??? :sweat::sweat:
    Од 350 искочија 430 значи да се убие човек.
     
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Не праев јас листи за гостите.
    Нашите плаќаа, тие одбираа кој ќе се кани.
    Само 'мои' луѓе си кажав, кои мора да ми се на свадба, и околу нив правеа листа моите.
     
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.745
    Допаѓања:
    32.104
    Пол:
    Женски
    Леле.. мора сите да ги поканите??? Извини вака, ама ова е преголема бројка.

    За мојата свадба не се ни замарав дали ќе ми се налутат оние кои не се поканети. Мој ден е и јас одлучувам кој ќе поканам. Не сакам свадби со многу гости.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. katce patce

    katce patce Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2019
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Јас да се прашувам одамна списокот би бил и поише од упола...
    Ужас згора на се толку ми е тешко и преку такво ми е дојдено да ми се има одмилено да праам свадба. Сите тие ние треба да ги платиме со мм. А коа ќе кажам да скратиме одма неговите па како тоа, неможе така. Ресторан неможам да најдам се некои скапи по 20е порција, за што да дадеш пари а утре дента да гладуваш. Незнам што ќе праам колку повеќе мислам толку повеќе се нервирам.
     
    На Bicka77 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.745
    Допаѓања:
    32.104
    Пол:
    Женски
    Не те разбрав. Неговите ништо не пкаќаат? Ако е така, менувај список. Јас така би направила. И родителите претеруваат. Се кани се живо и диво само за да не се налутат.