И јас така правам, во телефон имам фолдер со скриншотс од еден куп книги. Најчесто ги симнувам и на тоа останува, си стојат во фолдери на компјутер и им се воодушевувам само, а читам нешто сосем друго и поразлично. Секогаш имам листа, дали во телефон, дали на Гудридс, ама толку ми ги поматува сметките ова исчекувањето на нови книги со месеци и секогаш бирам нешто ново, а списоците ги затурам некаде. Засега на списокот во моментов приоритет има само The midwife's confession од Дајен. Како за крај на месец, доволно е само една. Почната ми е и баш ми се допаѓа па би сакала да ја завршам што поскоро. Во август ми излегуваат 9 книги, со среќа нека ми е. Повеќето се психолошки трилери и не верувам да ги прочитам сите зашто ми здосадува да читам еден ист жанр цело време. Сакам да ја вметнам некаде „Добра земја“ од Перл Бак за да разбијам монотонија. Ете, таа ми е задолжителна за августовскиот список. А за другото, ќе видиме како ќе оди и какво ќе ми биде расположението.
се навратив на старо мислење, и двете книги ги прочитав, Следни кои би сакала да ги прочитам 1984 од Џорџ Орвел Вештица од Венко Браќа Карамазови од Достоевски
На мојата листа долго време се книгите на Достоевски, досега ја имам прочитано само ,, Злосторство и казна '', а следни се ,, Браќа Карамазови '', ,, Бедни луѓе ". Исто и ,, Војна и мир ", отсекогаш сум сакала да ја прочитам.
Си правев листа ко за на одмор. Едно чудо книги изнаставав за божемскиот јулски список за читање, на крај си останав со две кои навистина би сакала да ги прочитам. A little ray of sunshine, новата на Кристан Хигинс и All the broken places од Џон Бојн, толку.