Дајте не паѓајте у несвест, книги се поплавие, а не човек. Жртви нема. Книги се печателе, се печатат и ќе се печатат. Бизниси растат, бисниси пропаѓаат. Знаете колку ниви беа уништени од градот? Па никој не споделува да им се помогне на земјоделците. Едно чудо бизниси секнаа и се родија оваа година. Лани откако расцветаа кајсиите, замрзнаа и скоро ниедна не роди. Знаете колку луѓе останаа без приход таа пролет? Бизнисот е ладен и суров. Мора свесно да влезеш во него и да си ги пресметаш ризиците, да ги согледаш можностите, побарувачката и потоа да влезеш храбро, со сосема реална можност дека и тоа нема да ти успее. И кога ќе паднеш, пак да станеш, да ја истресеш правта и пак да продолжиш храбро. Тоа е патот на чесно успешните луѓе. После 4-5 паѓања, едно ќе ти успее и ќе го развиваш тоа. Зошто да плаќаат осигурување секој месец? Поефтино е на фејсбук да си собереш донации
Неспорен е делот дека бизнисот носи ризик. Нормално е секој што почнува бизнис да знае дека постои можност да не успее или нешто да се случи ама ова е сепак временска непогода. Не можам да ти го сфатам ставов и зошто мора секоја несреќа да ја претвориме во натпревар „кому му е потешко“. Тоа што нема човечки жртви е најважното и никој не го оспорува тоа мислам фала богу ама побогу дали тоа значи дека не треба да покажеме емпатија кон луѓето на кои им е уништена работа што ја граделе со години? Исто така, тоа што земјоделците честопати не добиваат доволно внимание е проблем сам по себе. Но, решението не е да ја правиме помала штетата на некој друг. Треба да бидеме погласни и кога страдаат земјоделци, и кога страдаат мали бизниси, и кога кој било чесно работел и преку ноќ останал со загуби вакви. Сепак на крајот не мислам дека е слабост да покажеш солидарност и емпатија па да се даваат вакви коментари.
А од кај го извадивте тој муабет дека не биле осигурани? Јас никаде не прочитав таква изјава. За фирми обично има задолжителна ставка за осигурувањата од несреќи. А па и дека нели, со осигурувањето одма во секунда ќе им вратеа оштета, дај не бладајте. Си има процедура дури утврдат колкава е штетата, и месеци ќе минат додека ти легнат парите на сметка. Не морате да купите книга од 300-400 денари ако не ви се купува, ниту некој ви става пиштол на глава да правите било што. Луѓето си кажале дека сега најмногу им треба помош за расчистување, не донации. Кој сака, нека даде, ама бараа луѓе за на терен пред сè. Скролнете и продолжете понатаму штом немате да кажете нешто онтопик. А за земјоделците сигурно има друга тема, оваа тема е за книги.
Прво, никој никаде не спомна осигурување. Второ, свесни се дека секој бизнис носи ризик. Трето, ова што им се случи на Антолог не е виша сила и непредвидено, туку причина е човечки фактор - пред се' урбаната мафија со непланското градење што придонесува постојано да се случуваат вакви поплави при летни бури во последниве неколку години. Не се излеа Вардар па да биде природна непогода, беше обичен летен дожд, и со нормална инфраструктура и одржување немаше воопшто да се случи ова. Исто како за Стајковци, поплавата на Ист Гејт и редовното поплавување на важни сообраќајници во Скопје при малку посилен дожд - за се' причина е човечки фактор и никој не може да ме убеди во спротивното. Да не беше Скопје, во случајов Кисела Вода, бетонска џунгла, да имаше зелени површини и функционална инфраструктура, ова немаше да се случи. 100% сум сигурна во тоа. Треба одговорност да сносат надлежните, ама ќе биде битка со ветерници за Антолог, и затоа верувам дека ќе се фокусираат на тоа да се средат колку толку. Правни битки да повлечат, нема шанси да добијат отштета, имајќи предвид колку се корумпирани и испреплетени кај нас институциите.
А мене идејата ми беше да збориме за книги од Антолог што ни оставиле впечаток, нивни книги што ни стојат на листа за читање и такви лабави муабети за кои е предвидена темата. Анализите на кого му е потешко, може да им ги оставиме на други. Мене ми стои непрочитана новата книга на Бакман, "Моите пријатели". Се изначитав поделени мислења, па се повлеков. Ама сакам да ја читам, па добредојдени се коментари ако некоја од вас ја читала.
Повелете во продолжение предлози за супер трилери во издание на Антолог. (Ве молам имајте во предвид дека повеќето се серијали па најдобро би било да се читаат по редослед) Луис Пени: Мрачен мотив Мртва ладна Најсвирпеиот месец Правило против убиство Ирса Сигурдардотир: Серијал Детската куќа ДНК Пресметка Карпа на бесилките Ослободување Куклата Штама Плен (самостојно дело) Серијал Дора Гудмунсдотир Последниот ритуал Украдени души Серијал Црн снег Не можеш да се скриеш Не заборавај на мене Долорес Редондо Бастанска трилогија Невидливиот чувар Заветот на коските Дар за бурата Северната страна на срцето (ретропродолжение на трилогијата) Сето тоа ќе ти го дадам Што и да се одбере од Рајли Сејгер нема да се згреши, но особено топла препорака за „Дома пред да се стемни“ Фредрик Бакман исто, фантастични дела, но „Човекот по име Уве“ е нешто прекрасно!!! Кој не ја прочитал мора да ја чита! Исто и „Баба ми ве поздравува и ви се извинува“ Внимавајте само со Мечкоград, тоа е серијал од три книги кои се директно поврзани- прва е „Мечкоград“ па „Ние против вас“ и завршува со „Победниците“ Топла препорака и за книгите од наша авторка- „Случајот Чернобог“ и „Сукубус“ на Катерина Шошко ***** @Mishela, ја имам читано „Моите пријатели“ и ок ми беше. Во суштина е тажна, ама има многу хумор во раскажувањето. Ако генерално ти се допаѓа Бакман, ќе ти се допадне. Мене пример Мечкоград ме уби поради темата, пријателите ми беше многу полесна за читање.
@Nausicaa, "Човекот по име Уве" ми е една од најомилените книги. И филмот беше прекрасен, ама оригиналниот. Римејкот со Том Хенкс не ми е гледан. Сите самостојни книги од него ги прочитав, ми остана уште најновата. Од серијалот "Мечкоград" само првата ми е прочитана и ми се допадна, ама не го продолжив. Ќе се дочита некогаш, ама ич не сум фан на серијали, па слабо имам мотивација за такви книги. Затоа и сè поретко читам трилери од серијали. А треба и Ирса да се чита, само "Плен" ја имам баш од таа причина.
Не гледам зошто да не се помогне на книжарница. Не е некој голем бизнис на големец, па да си викаме дека сами ќе се снајдат. Имам прочитано 3 книги од Антолог. Преводот е солиден. Баш ќе си разгледам за да купам повторно.