Ја имам симнато книгава, некој на јутјуб ја пофали, ама не ми е читана. Можеби ќе ја почнам после Iron flame. Од другава писателка ја читав Каравал, и си го купив вториот дел баш пред некоја недела, па сакав да ја почнам и таа, а го имам симнато и другиов серијал. Сто книги планирани за читање, 0 време. Само почнувам нешто ново, никако да завршам.
Еве сега сум пред компјутер па ќе ги симнам и ќе те тагнам во темата за пдф. Секоја чест како си читате фантазии, јас во последно време не можам. Последно ја читав трилогијата на Холи Блек и онака ми беше, ни прелоша, ни нешто многу wow. Одамна му се мислам на Патрик Ротфус, ама никако да дојде ред, стално нешто друго си наоѓам за читање. Се мислам и за серијалот на J.R. Ward, Black Dagger Brotherhood. Aма толку многу книги се собрале, плус уште си пишува авторкава, мислам ќе ми требаат години и години да го завршам.
BDB OMG, YES!!! Задис и Рејџ од овој серијал имам прочитано 14 книги, интересни се ама скоро сите книги содржината е иста само различен карактер/пар е главна улога и сите книги се над 600 страни, стилот на пишување на Вард е малце аутдејдет 90ти стил на пишување. првата книга мие мехх мораш да ја истуркаш на сила, втората е по добра а третата е Д бест, прочитај ги барем првите 6, или читај до 8ма, осмата е за Џон Матју, ај лов хим ту БТВ фала за книгиве што ми ги симна @crimson штом ти се допаѓа Каравал ќе ти се допаѓа и овој серијал, велат е многу по добар од Каравал. И јас имам 100 серијали започнато и наместо да продолжам со тоа што сум зачитала секогаш земам нешто ново да читам, оваа година ми е многу слаба сите книги ми се 3 ептен разочарувачки.
Ја прочитав и јас Четвртото крило, конечно влегов во mood. Треба да си знаеш кога ти се чита такво нешто за да си рецептивен за фантази светот. Ми се допадна хемијата помеѓу главните ликови. Да, има клишеа и се тоа, ама те вовлекува. Исто ја чекам Iron flame, ќе ја почнам одма штом ќе излезе. Во меѓувреме, денгубам со трилерите на Сали Хепворт, класични треш трилерчиња што се обидуваат да го фатат читателот со твистови, ама ако си нов во читање на трилери, да, инаку вака е веќе видено. Сепак, не можам на ништо поасално да се сконцентрирам, ниту да размислувам додека читам, па ова пополнува дупки, да не испаднам од ритамот.
Си треба малку трешлит понекогаш, @RainBow. Ја немам читано Сали Хепворт, ич не ми одат трилери во последно време. Следно не знам што ќе читам, ама некако паметот ми оди накај Дороти Кумсон. Нешто од постарите книги ќе одберам, да видам прво што ми останало непрочитано од неа.
Па, тоа е, до подобри времиња. И јас ја чекам од Џон Бојн, баш добро изгледа. Лусинда Бери беше онаа со Saving Noah, со педофилот? А и Шерон Болтон нова ќе има ко што гледам, The Fake Wife.
Сега гледам за книгава на Шерон, би ја симнала неа, не знаев дека ќе има нова. Инаку да, за таа Лусинда Бери беше муабетот. Од неа имам читано по нешто (Noah не ми е читана), но последните неколку книги ептен и' беа слаби, па ќе видам дали воопшто ќе ја читам најновата. Многу книги излегуваат на 7-ми, ама само оваа од Џон Бојн ме влече засега.
А дали видовте дека од Fourth wing ќе прават и серија? На Амазон ќе биде, а на Амазон добро му оди со фантази сериите.
Мене утре ќе ми стигне ама ми иде да претрчам до книжарница и денес да си ја купам Ептен брзам, но колку треба да чекаме до наредна книга? Знам дека шансите се 0 но се надевам дека некоја од македонскиве издавачки куќи ќе ги преведе на македонски
Колку делови се предвидени за серијалов на Ребека Јарос? Има некаде кажано или не се знае? Баш ме интересира дали ќе остане на два дела.
И јас 5 негде прочитав, што ми се чини премногу и мислам дека ќе се зезне на крај работата. Јас сум до 10% и одлична е засега, го држи темпото.
Да, 5 делови веќе навистина звучи како премногу. Ама може навистина ќе вреди, не се знае. Мислам дека ја надминува и Сара Џ. Маас во виралноста серијалов, се шири фандомот неверојатно брзо. Не знам што не ѝ текнало на Ребека Јарос порано да почне да пишува фантазија, романсите според мене ѝ се малку млитави. Имам читано некој милитери серијал многу одамна, не ми остави некој впечаток ама па не се сметам ни за некој репер зашто не ми е омилен тој жанр.
Што се многу 5 книги многу се, ама ај. Само да не и текне да ми го убие Зејдан Спојлер: Спојлер 4 крило а видовме дека Ребека нема проблем да убие главен и на читачите омилен лик или пак не дај боже да го претвори во Тамлин од ACOTAR и да се појави некој Рисанд Не дека книгиве имаат некаква допирна точка, ама ете јас така си правам некои хорор сценарија во главава
Читам низ фб групи, многу луѓе се пожалија од Iron Flame изданието што е со црно. Многу ги фарбала прстите и се трошела, лом станувало све околу тебе. Значи сепак имаш среќа што по грешка ти ja пратиле белата верзија.
Omg само да знаеш низ колку перипетии поминав и не ја добив книгата од Амазон и на крај ја откажав Каснеше цел ден и знаев дека нама да ја добијам тој ден, се јавив и ми викаат out of stock е книгата ама ќе ја добиеш во првите одма кога ќе добиеме повеќе книги, а порачана од Јули месец Моментално ја откажав и си побарав без срам кредит да ми дадат за да ја земам во киндел верзија но наместо тоа ми дадоа 1 месец бесплатно амазон прајм, исто кошташе Појдов и си ја купив од книжара, за среќа имаше уште 8 книги останато, но и во книжара беа такви малце подизгребени, ама ништо страшно. Гледав и јас по фб многу оштетени книги и не само црната боја туку имаше мапите и корицата завршени однопаку, или цели страни скинати. Многу ми се убави кориците, не можам да им се негледам Yes!! I'm weird like that
Многу се убави изданијава. Ептен се shelfie material. Пријатно читање сега, да се погоди книгата @ane.bella, после толку перипетии. Преубави ти се и полиците. Јас викендов планирам конечно да ги потсредам моите книги, нешто во последно време ептен ми е хаотично. Насекаде во секоја соба има по некој куп книги, се смеевме дека сме станале ко некое складиште.
Исто и кај мене дома насекаде книги, дури и в кола имам една торба со книги што не планирам да ги читам и ги чувам за во случај успат да налетам на free library па да имам што да заменам Инаку книгата не ми е почната, читам една друга од 700 и кусурот страни но никако да ја завршам, секој пат кога имам малку време да седнам да читам одма заспивам