Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Литературни муабети

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 23 мај 2012.

  1. Pacifist

    Pacifist Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Машки
    Ме потсети на: O tempora! :)
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.828
    Пол:
    Женски
    Предобри се кориците стварно, ќе си ги купам и јас понатаму, малку да и опадне фамата. :D
    И The covenant of water исто така си ја планирам за купување.
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Сакам да ја читам The covenant of the water ама и таа е 700+ страници па страв ми е да ја почнам оти и не е баш мој жанр.

    Сакам убави корици, некогаш ако ми е убава корицата ја купувам книгата и без да знам за што станува збор во книгата.
    На фб споделија и бугарска верзија од Fourth Wing, преубава, морам да ја имам :D на Ebay ја видов ама $55 книгата и $50 шипинг :o но тенкју ќе најдам некој да ми ја донесе :D
    Screenshot_20231111_090658_Gallery.jpg
    Ајде сега нека ја преведат и на македонски (fingers) доста веќе со Л.Рајли, Хувер и слични на нив :|

    @Mishela дали се премисли да ја читаш книгава?
    @Skyfall истото прашање и за тебе :)
     
    На Mishela и RainBow им се допаѓа ова.
  4. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    51.831
    Пол:
    Женски
    Ништо нема од фантазииве преведено кај нас, гледам кај србите на тикток и ми се плаче.
     
    На sweet-cherry му/ѝ се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.828
    Пол:
    Женски
    Ти ја почна ли? Јас сум при крајот, околу 93 посто и не сакам да заврши.:worried:
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Голема штета навистина.
    Од ова што гледам по нашиве книжевни групи читателите не се ни заинтересирани за фантазии, а имам приметено многумина не ја ни знаат разликата помеѓу фантазија и sci-fi, штом се спомне фантазија одма се мисли на вонземјани, роботи и свемири :D

    @RainBow не ми е почната, викендов морам да ја завршам Acheron и вторник имам слободен ден и планирам да ја почнам. Само што ќе помислам дека ќе ја читам срцево ми прескокнува, не сум салам :D

    Дали мислите Fourth wing ќе победи во фантазија оваа година на Гудридс?
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.200
    Пол:
    Женски
    100% :D

    Инаку, би ги читала книгиве само не сега. Некако не сум во расположение за фантази светови. Ми се читa нешто deep&meaningful, нешто што ќе ме погоди и емоционално и секако. :lol:
    Последна ваква книга ми беше The poisonwood bible и си барам нешто слично. Можеби Демон Коперхед треба да ја почнам, ама ќе видам, не ми се чита пак од истата авторка толку брзо. Ме повикува A little life, па можеби ќе пробам како ќе ми оди со неа, ќе видам. :tmi:
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.828
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно ќе победи, мислам дека нема конкуренција.
    Ја имам почнато A little life, ама не знам зошто ја оставив, претешка некако ми беше, или бавен беше почетокот ептен... А стално ја гледам по групиве и намеравам да и се вратам некогаш.
     
    На ane.bella и Mishela им се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.200
    Пол:
    Женски
    Тешка е, по тоа што имам прелетано низ рандом коментари, мислам дека баш е таква. Ама па и баш такво нешто ми треба. Во моментов не би ми сметало ако наидам на книга со спор тек, така што изборот веројатно ќе падне на неа. Да ја продлабочам есенската депресија, што убавко. :D
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Реков еднаш и пак ќе речам, Гудридс треба да има посебна категорија за романс фантази за да им се даде шанса и на останатите под жанрови, години со ред победува романс фантази книга.
    И мислам дека Fourth wing ќе победи а Iron Flame ќе биде втора (fingers)

    И на крај да ви се пофалам, се подновив денеска ( iron flame не е од денес но веќе знаете :$)
    Холи од Кинг не е моја од Мм е, останатите се мои.
    20231111_160528.jpg
     
    На MeowMeow, sweet-cherry, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.200
    Пол:
    Женски
    Што убави се овие со тврд повез @ane.bella. :inlove:

    Гледам ѕирка од полицата The night tiger, читана ти е? Со години ја имам на Киндл јас, никако да ја почнам. Нова книга ќе вади авторкава следната година во февруари, можеби треба да ја прочитам прво оваа старава до тогаш. :D
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Hallelujah! Конечно посебна категорија за романтаси, и само вака е фер.
    Screenshot_20231114_072943_Samsung Internet.jpg

    Ќе гласаме?
    Мене уште не ми е разгледано, не знам кои книги се номинирани а не знам ни што ново прочитав оваа година.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    @RainBow 25 страни прочитани од Ајрон флејм и уште ме нема " зграпчено" Уште е рано? да почекам уште некоја глава пред да почнам да се разочарувам?
    Ама секогаш вака ми се случува со книги што со душа ги чекам, возбуда до небо и ко ќе почнам да читам ми се рамна линија :yawn:
    До мене си е знам :|

    Сега страв ме фаќа и за Empire of the Damned, :worried: во март таа треба да излезе. Исти чувства исти емоции и нетрпение како за оваа, со душа ја чекам (fingers)
     
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.200
    Пол:
    Женски
    Серијалот на Џеј Кристоф е ова?
    Неодамна ме фати манија за книги со вампири, баш ја загледав првата книга ама 700+ страници...:worried:
    Ако ти е читана кажи дали вреди, да ја вратам на листата и да се охрабрам. :D

    Ахх, сега дочитав. Значи читана ти е и ти се свиѓала. Продадено тогаш, ќе оди на киндл. :tmi:
     
  15. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Empire of the Vampire ми беше најдобра книга што ја прочитав во 2022. Од толку што бев опседната го форсирав и Мм да ја прочита, и него му се допадна многу.
    Низ цела книга има преубави цртежи. Многу сакам книги со мапи и цртежи, многу ми помага со оформување на слика за приказната и ликовите, оти слаба имагинација имам :)
    Ама колку што се сеќавам на кинделот немаше слики, тука вие ми ја симнавте книгата, можеби беше и ти.
    Ја препорачувам!

    Штом си во вемпејр муд види ја Vampires of El Norte, има доста позитивни ревјус, сакам и јас да ја читам.
     
    Последна измена: 17 ноември 2023
    На MeowMeow и Mishela им се допаѓа ова.
  16. MeowMeow

    MeowMeow Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    2.509
    Пол:
    Женски
    Ставај слики од полици и книги, да исплакнеме очи :l: Башка и фаќам прибелешки за предлози за книги
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.200
    Пол:
    Женски
    Можно е да сум ти ја праќала, не се сеќавам. :tmi:
    Ми излезе на ГР додека пребарував за жанрот, па се запрашав дали навистина вреди. Ќе ја читам нејзе прво. И јас фантази и паранормал книги читам со маж ми, buddy reading правиме и баш ни е забавно. :D

    Ќе ја погледнам и другава, фала. :)
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Овој мојов повеќе сака да чита трилери но ако му се запнам зема и од моиве чита :D
    Не беше читач до пред 2,3 години ама јас го заразив со книги и баш му е мило а исто и мене, и сега уживаме заедно да читаме и да одиме бук шапинг :D

    Според книгиве што ги постираш гледам дека читаш различни жанрови, дај некој предлог од твоите книги. Сакав да те прашам како ти е Мексикан готик? ја читав тогаш кога излезе но не бев навлечена на хорор тогаш и многу не ми легна, можеби ако ја препрочитам сега ќе сменам мислење, но кој има време за препрочитување :D

    Полициве не ми се нешто посебни, имам многу книги па дупло ми се наредени и изгледаат натрупани ама ги размрдав за да ги сликнам, треба да седнам да ги средам а и да почнам да ги читам. Еве дел од 2 полици, нема да ги сликам купчињата со книги што можат да се најдат во секој ќош :$

    20231117_093451.jpg 20231117_094037.jpg 20231117_094605.jpg 20231117_094926.jpg
     
    На MeowMeow, Viveki, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  19. MeowMeow

    MeowMeow Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    2.509
    Пол:
    Женски
    Аууу убавини :inlove::l: И јас ја имам Classic Tales of Horror, но не ми е уште прочитана, ќе земам книги од библиотека па на нив им давам приоритет, а овие што сум ги купила ќе ги почнам и после седат на полица. Од истото издание имам и Classic Tales of Science Fiction and Fantasy, a мислам дека од истиот издавач беше и собрани тела на H.P.Lovecraft и тие ми се едни од омилените.
    Mexican Gothic на почетокот и мене не ме импресионираше, ама како читав понатаму ме заинтригира, ја имаа онаа атмосфера на готска литература, баш класичен готски роман и ми останаа уште неколку страни да ја завршам.
    Во главно сакам хорор, паранормално, Стивен Кинг ми е омилен, а последно земав нешто и од син му, Strange Weather од Joe Hill, се канам и таа да ја почнам, од него пак ја имам прочитано Heart shaped Box и добра е. Од хорор добра и слична по малку на Mexican Gothic ми е The Ruins од Scott Smith, има и филм снимено по неа, ама не сакам да си го расипам впечатокот од книгата.
    Читам и научна фантастика и трилери, сега баш ја читам Трагачот од Тана Френч, не е лоша, од Рајли Сејгер досега ги имам прочитано Дома пред да се стемни и Затвори ги сите врати и ептен ме бендиса, па гледам да начекам некоја од другите негови книги во библиотека, ако не ќе ги купам, а од научна фантастика ти го препорачувам Станислав Лем.
    И секако dark romance и слична литература за пасење на мозок, ама досега не сум нешто посебно импресионирана од тие што сум ги прочитала, чак што више сум се разочарала од книги што се популарни на booktok ко Gothikana и Haunting Adeline. Сега го завршив The Plated Prisoner серијалот на Raven Kennedy, ја чекам уште Gold да излезе, онака, не е лоша, а за малку ќе ја баталев на почетокот.
     
    На ane.bella, Mishela и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.200
    Пол:
    Женски
    @MeowMeow и мене исто ми се случуваше додека бев зачленета во библотека - ќе изназемам книги од таму и нормално, нив ги читам извесен период. Дома моите непипнати стоеја, ко да ги чував за украс. :tmi:
    Не го продолжив членството годинава. Криво ми е зашто издувен вентил ми беше одење до библиотека, ама па стварно нема кога да прочитам тоа што сум собрала по полици.

    Не ни купувам нешто многу книги повеќе. Ептен нешто ако не е достапно на англиски, а сметам дека има големи шанси да ми се допадне. Или некоја книга што ми се допаднала многу, е таквите веднаш ги планирам за купување. :lol:

    Најмногу уживам во генерациска сага, по можност да е распослана низ повеќе децении - колку повеќе, толку подобро. Сакам историја, современа книжевност, магичен реализам, и развив блага опсесија со Букеровци. За ладење мозок строго чик-лит и доместик трилери. Дарк романс имам читано по нешто, ама не е за мене тој жанр. Леле, ова звучи ко get to know me intro, ко за во некој клуб на зависници од нешто. Од опсесивно демнење листи со книги ќе да е моево. :D
     
    На ane.bella, sweet-cherry и MeowMeow им се допаѓа ова.