1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Литературни муабети

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 23 мај 2012.

  1. MeowMeow

    MeowMeow Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    2.396
    Пол:
    Женски
    Ќе треба и јас изгледа повеќе да земам книги за мајка ми од библиотека, а помалку за мене за да ги прочитам купените. Исто и јас купувам одредени книги што навистина ми се допаднале и сакам да ги имам во колекција, бидејќи порано купував се и сешто, па сега се спремам да однесам некои од нив на препродавачите на книги, да прочистам домашна библиотека.
    Од магичен реализам да не ја имаш прочитано Жената на тигарот од Теа Обрехт? Таа и по неколку пати би ја читала, омилена ми е.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.786
    Допаѓања:
    81.017
    Пол:
    Женски
    Даа, читана ми е многу одамна, во средно бев уште мислам или почеток на факс. Ми се допадна и мене книгава и баш ме мавна носталгија сега кога ме потсети на неа. :lol:

    Мене најомилена од жанров ми е Куќата на духовите од Изабел Аљенде. Мислам ко да имаше некои вести дека Антолог ќе ја издаде, ама уште ништо не направиле изгледа.
    А од овие покомерцијалните автори, не е лоша Сара Адисон Адлер. Скоро сè ѝ е со доза на магичен реализам и најчесто бирам нешто од неа кога ми се чита нешто лесно, топло и нежно. На граница е на чик-лит, некои книги ѝ се доста слаби, ама има нешто што ми одговара во пишувањето па сè уште не сум кренала раце од неа. :D
     
    На MeowMeow му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MeowMeow

    MeowMeow Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    2.396
    Пол:
    Женски
    Од Теа Обрехт имаше уште една што ја има кај нас, ама само на српски мислам, ја имаше едно време во Матица, ама веќе не им е на залиха:
    https://kupikniga.mk/product/unutrasnjost/

    А овие од Изабел Аљенде и Сара Адисон си го додадов на листа за читање.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.786
    Допаѓања:
    81.017
    Пол:
    Женски
    Немам читано ништо друго од Теа Обрехт, а еве сега прочачкав на Гудридс и гледам ќе вади нова догодина во март. Баш се израдував, ќе си ја додадам за читање. :D
    https://www.goodreads.com/book/show/179546766-the-morningside
     
    На MeowMeow му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.778
    Пол:
    Женски
    Не ми се ни на мене читани хорор класиците, Мм ја купи за него но и јас сакам да ја прочитам некогаш. Од С. Кинг имаме десетина книги дома но не верувам дека би го читала, овој мојов па го обожава Кинг, јас не баш, ќе му ги гледам само филмовите и доста е :D

    Порано земав книги од библиотека но откако ни ги пореметија мозоците со короната мислам дека станав малце germophobic и сега ми е некако не убаво да земам книги што поминале низ многу раце, знам не сум точна малце но што да правам посилно е од мене :( А само коолку пари би заштедила ако ги изнајмувам книгите.

    Ако ти се бендиса Мексикан готик види ја и Хациенда од Исабел Кањас, буктуб вели дека се слични ( лично не ми е читана) И ти го спомна буктуб, имаш буктубери што сакаш да ги гледаш и имаш сличен "тејст'' на книги? сподели некој канал, ако те интересира можам и јас да ги споделам тие што моментално нај многу ги гледам.
    Од дарк романси сакам книги со мафија и моторџиски клубови, Од Готикана и јас се разочарав, Хантинг Аделајн првата ми беше супер а втората едвај 2 старс и дадов, што беше ту мач ту мач беше :puke:

    The Plated Prisoner ги имам првите 4 на кинделот, ги купив комплет за некоја смешна цена, и буктуб вели дека мора да се преживее првата книга на сила за да може да се ужива во останатите :D

    Ми се читаше митологија, започнав да ја слушам Пандора од Сузан Стоукс Чапмен, на околу 10% се откажав некако досадна ми беше и ми се уби и желбата за митологија. Сега туркам низ Blood mercy од Vela Roth и оваа ја слушам и разбирам зошто е скоро 800 страни, писателкава многу опишува во детали а мене тоа страшно ме иритира, и оваа ми е на chopping block.
    Iron flame ме чека но никако не ми останува време за да седнам и да читам, па морам само да слушам книги.
     
    На MeowMeow и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  6. MeowMeow

    MeowMeow Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    2.396
    Пол:
    Женски
    Од Изабел Кањас баш почнав да ја читам Vampiers of El Norte, видов дека ја препорачуваш, ми се виде слична на Mexican Gothic па си реков да ја видам, а за Plated Prisoner дефинитивно треба првата да се свари па да се читаат другите :D Од библиотека почнаа да преведуваат некои од книгите што сега излегуваат, ама пак фалат многу, па или ги читам во пдф или ги земам од Академска книга, таму има доста избор.
    Инаку за профили од букток порано повеќе следев, сега само thepagepilgrim на инстаграм, претежно има за дарк романс, фантазија и дарк академија, tiffandbooks исто, а на youtube ја следам The Book Leo, кога барав за дарк академија налетав на неа, има и за други книги рецензии, а и забавна ми е за гледање, раскажува за трендови на книги, клишеа, тип на ликови во одредени жанри, влогови...
    Сподели и ти профили кои ги следиш, да ставaм предлози во листа на goodreads.
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.778
    Пол:
    Женски
    Booktube ми е опсесија, секаде каде што зборувам за книги го спомнувам и booktube, луѓе што ми се блиски и не си замеруваме секогаш ми превртуваат очи |(:D Следам многу на YT нај често се за романс и фантази но имам некои што се од се по нешто. Омилените ми се менуваат нонстоп но овие се моментално што ми се опсесија:
    Another HUGE book haul - but make it chaotic AD - YouTube

    let's read holiday books together | cozy holiday reading vlog!! - YouTube

    November Wrap Up (2023) // Latest Fantasy Romance Hits & Misses + Unexpected Favorites ❤️ - YouTube

    monthly reset vlog ❄️✨december tbr, 2024 reading goals, organizing my shelves & more! - YouTube

    1985 Magazines Control My TBR - YouTube Интересно е што доста книги што земам да читам е ради тоа што сум ги видела на нивниве канали а со ниту една немаме ист "вкус" за книги, книги што нив им се врв мене ми се мех и обратно :)

    Да прашам како сме задоволни од Final round на Goodreads? Мене некако ми е сеедно, оваа година нешто и не сум толку возбудена како минатите. Има неколку книги што мислам дека ќе ми се допаднат и ги ставив на листа за читање, и тоа е тоа.

    Спикинг оф листа за читање, дали и вие пред да почне нова година правите лист што планирате да читате во наредната година и ако Да колку се држите до планираното? Или само јас сум единствена со листови? :?:
    Јас малце сум олд фашн и си правам баш лист во тетратка, не користам апликации или да запишам во телефон. Сакам да кажам листот лански ми го исече малата и тоа што успеав да спасам го сликнав, арно ама ми требаше место во телефонот и сликите Мм ми ги префрли во некој харддрајв, јас ги избришив од телефонот и сега појма немам колку книги прочитав од планираните, од тоа што памтам мислам дека барем пола ги "смачкав" Инаку не се држам ептен религиозно до листот, муд ридер сум и читам тоа што ми се чита во моментот, но некако убаво се чувствувам кога разгледувам низ книги и ги запишувам, правам листа, цела процедува ме прави среќна така да и за наредната година ќе имам список за книги за читање,
     
    На Viveki, Annath и MeowMeow им се допаѓа ова.
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.786
    Допаѓања:
    81.017
    Пол:
    Женски
    Никакви листи за читање не правам јас веќе @ane.bella, затоа што џабе е - така си стојат за украс. :tmi: :D

    Читам по расположение, што ќе ми фати око од полицата (кога се работи за хартиени книги). На Киндл книгите ми се поделени во папки по жанрови, па и таму според расположение бирам нешто додека скролам низ фолдери. Или ептен ако налетам на нешто што многу ме влече на Гудридс, па веднаш симнувам и читам. Така најмногу ми се погодиле книгите што сум ги бирала скроз во моментот. :lol:

    А и јас правев листи за на одмор, за не знам што веќе, ама не ми се покажало како баш успешно. Ко за инат некако губам волја да читам некоја книга штом ја ставам на листа. Ептен некоја ако чекам од автор што многу го сакам, па да дадам предност во таков случај. Од Џон Бојн новата ја читав последна вака, тазе излезена во етерот. И баш ме допре, ми остави силен впечаток. Ама и тогаш книгата треба да ме „повика“, како да кажам. Разбирате мислам. :D

    Што се чита кај вас? :)
     
    На ane.bella и MeowMeow им се допаѓа ова.
  9. MeowMeow

    MeowMeow Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    2.396
    Пол:
    Женски
    Уф едно време и јас запишував во тетратка што сакам да прочитам, па цитати од книги, дури и кратки рецензии и после се префрлив на goodreads и баталив. Сега имам листа на книги што сакам да ги прочитам на goodreads, зачувано на инстаграм, во планер, препораки од овде во скриншотс... Читам по расположение, а некои книги си стојат на листите од памтивек. И се случува една книга да ја читам на мобилен или на компјутер и истовремено друга во hard copy.
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.308
    Допаѓања:
    200.541
    Пол:
    Женски
    Не правам листи, како ми дојде, така читам. Не знам, не би се оптоварувала со листа и планови, оти не секогаш ми се чита баш тоа што сум планирала.
    Во последно време сум ориентирана кон крими, трилери и мистерии, тек тук понекоја романса. А фантазија жанрот ми е од омилените. Додуша романсиве ко жанр ми се прилично одмилени, а порано ги "голтав" во еден здив. Сеа само превртувам очи на тоа што го читам во таквите книги, не знам кога сум станала толку неромантична. Пример ми е книгата од Елена Армас Spanish Love Deception (мислам така се викаше), ко девојче од 15 години да ја напишало, таков впечаток имав. А кога ќе ми текне колку романси имам на киндлот, ми се темни. Ај, некогаш може ќе ги прочитам, ако ми се смени преференцата за жанрот.
     
    На ane.bella, MeowMeow и simoncelicius им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.029
    Допаѓања:
    66.590
    Пол:
    Женски
    Ја имам почнато од Елена Армас и ја оставив, кринџови невидени. Од таа причина избегавам некако романси, ретко да се погоди некоја добро напишана. Или пак сум се презаситила, не знам.
    И од Софи Кинсела ја почнав новата, The Burnout, aма истата приказна, ко фанфик, не ко авторка со толку книги издадено да ја пишувала.

    Жал ми е што од Etaf Rum книгата испаднала, од фаворитите ми беше. Се надевам од Вергезе ќе победи во неговата категорија.

    Немам листи, читам по расположение, или од омилен автор ако излезе нешто веднаш читам.
    Следно што чекам да излезе е во февруари од Кристин Хана новата, изгледа навистина ветувачки.
     
    На MeowMeow и Annath им се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.308
    Допаѓања:
    200.541
    Пол:
    Женски
    Штета за Софи Кинсела, имаше беш добри книгички (Шопингхоличарката ми е најслаба), ама изгледа кога немаат идеи така доаѓа, пишуваат колку да напишат нешто, за да не ги заборават, што знам. После ова од тебе, се двоумам дали да ја симнам The burnout, ама искрено, во последно време не ми се ни чита некако. Затерав со книгите на Сали Хепворт, сигурно со таа авторка ќе ја завршам годинава. Не се ништо посебно, ама ете, седнав, ги исчитав сите, уште The soulmate ми остана, да не ја оставам.

    На киндлот книгите ми се во фолдери по автори, па така ги читам, за што сум расположена, тоа бирам и ги терам сите книги од истиот автор до крај, ако ги немам прочитано.

    Доста читам и македонски автори во последно време, убав впечаток ми оставија Јордан Коцевски и Елена Бошбож (со една книга стана актуелна, ама добра идеја има, само да ја доразработи), па чекам и ново од нив.

    За гласање, не сум гласала, немам нешто особено прочитано од фаворитите, и не знам дали би гласала во финалнава рунда.
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.778
    Пол:
    Женски
    Сакам и јас да го средам кинделот но не знам како да ги групирам книгите, 90% ми се романси.
    Нај многу читам романси ама и мене веќе ми се преку глава, оваа година мислам не дадов повисока оцена од 3ка. Сакам да почнам некој нов жанр но ништо не ме влечи, а мислам дека имам читачка блокада, се што почнав или на сила дочитувам или dnf.

    Сакам од македонскиве автори да прочитам нешто но не ми се достапни тука, и така.
     
    На MeowMeow му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.786
    Допаѓања:
    81.017
    Пол:
    Женски
    @ane.bella по tropes групирај ги. :D

    Не читам романси баш. Ретко кога ме фаќа мерак. Многу сакам чик-лит, но во последно време и тоа тешко си наоѓам по вкус. Од Софи Кинсела последно ја читав Love your life мислам и ептен беше лоша. Не би читала ништо од поновите, ептен ако ме фати носталгија, па да земам нешто од постарите непрочитани.

    А првата книга на Елена Армас не ми беше до толку трагична, ко за 3че таман. Може дека сум читала многу полоши, не знам. :D
    Онаа другата со цимерите ја почнав, ама воопшто не ме привлече и ја баталив. Апла изнудена книга, така да, тоа беше тоа.

    Имам во план да читам една од Кети Кели, мислам најновата беше. Немам поим за што се работи и не ми текнува како беше насловот, нешто со свадба ми се чини. Ама би и дала шанса на книгава чисто од љубопитност.
     
  15. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.778
    Пол:
    Женски
    @Mishela добра идеја. Еве сега гледам дека некогаш сум се обидела да ги средам но од некоја причина сум се откажала, ваљда ми се имаат видено многу книги :D
    Screenshot_20231130_162722_Kindle.jpg
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  16. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.605
    Допаѓања:
    8.340
    Пол:
    Женски
    Апликацијава се наплаќа?
     
  17. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.778
    Пол:
    Женски
    Kindle app не се наплаќа, но за да работи мислам мора да имаш Амазон акаунт а можеби и не, јас не знам, за посигурно еве нека кажат девојкиве. @Mishela @RainBow @Annath
     
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.786
    Допаѓања:
    81.017
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека не работи без Амазон акаунт. Ама не сум сигурна дали воопшто би работела ако немаш поврзан Киндл за самиот акаунт, не би знаела да кажам со сигурност.
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.029
    Допаѓања:
    66.590
    Пол:
    Женски
    Не знам за апликацијата. Мене не ми се групирани никако книгите, не симнувам и ставам, само симнувам она што мислам да го читам следно, имам неколку така што сум симнала или се днф, ама не се некој проблем.
    @ane.bella зошто не го поврзеш на лаптоп и директно таму, не знам дали е тоа апликацијава, не ни отворив да видам. Ама мислам полесно така би ми било да ги средам, на поголем екран, На balkandownload можеби има некои наши автори, не сум побарала.
     
  20. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.778
    Пол:
    Женски
    @Mishela не мора киндел да имаш, јас ја користев само апликацијата уште пред да го земам кинделот ама мислам мора амазон акаунт.
    @RainBow да имам киндел апликација и на компјутер и е многу по лесно за средување, само некако сум слаба со слободно време. Има еден мал проблем, книгите што ви ги барам и ги симнувам од тука не ги покажува на компијутер, нив можам да ги читам само на кинделот или на таблет/телефон, истиве книги не можам да ги слушам, Алекса не ми ги чита :(