Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Литературни муабети

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 23 мај 2012.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.000
    Допаѓања:
    81.341
    Пол:
    Женски
    Искрено ниту една, гротескни ми се нејзините книги и повеќе сакав да се нашалам. :D

    Ѕирни нешто од Лусинда Бери, таа има добри page-turners. The secrets of us ми е читана и не беше лоша за разбивање slump.
    Кажи баш како ќе се покаже Funny story, не ми е читана сè уште.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.109
    Допаѓања:
    66.999
    Пол:
    Женски
    Saving Noah ја читав од нејзе, ама тематиката за педофилија ми беше премногу disturbing, па сега некако не сум баш фан. Ќе пишам како ќе испадне од Емили Хенри, иако немам нешто очекувања.

    Гледам од Алис Фини нова излегла, она ми е во тие глупите трилерчиња, ама насловот е интересен.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  3. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.012
    Допаѓања:
    51.884
    Пол:
    Женски
    Баш таа ја читам, Beautiful ugly. Ама не знам, иако многу брзо ми оди не ми се допаѓа, знам дека ќе ја заборавам до задутре.
    Фрида ми е мене guilty pleasure, упорно ја читам и и давам по две ѕвездички на гудридс :D The boyfriend знам ми беше нешто подобра, ама не памтам апсолутно ништо од книгата.

    Лусинда има многу вознемирувачки книги, мене Appetite for innocence ми беше уште потешка.

    Јас ја почнав A little life, и ја ставив на пауза. Знам дека ќе плачам, а влегов во некое безвезно расположение и не ми треба во моментов.
    Па сега се мислам после трилеров да почнам серијал, одамна не сум читала. Ја читал некој The poppy war?
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.000
    Допаѓања:
    81.341
    Пол:
    Женски
    Ја има за симнување Beautiful ugly? Сабајле ја немаше на мобилизм.
     
  5. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.012
    Допаѓања:
    51.884
    Пол:
    Женски
    Од таму ја симнав, од некој сајт што ми отвори 36261673 реклами додека не успеав :D
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.000
    Допаѓања:
    81.341
    Пол:
    Женски
    Леле супер, фала за инфо. :D

    Мене Алиса Фини ми е гилти плежр, би ја читала книгава чисто од љубопитство. Навистина ми се допадна само Sometimes I lie, другиве онака, која како, ништо посебно. На последната нејзина книга што излезе лани не се ни сеќавам, некоја баба помнам, некоја девојка и толку. :D
    Со Рајли Сејгер исти ми се, една иста формула за успех користат, со милион мали пресвртчиња, па дури стигнеш до крајот ќе ти се стужи од пресврт на пресвртот, па на тоа друг пресврт. Почнаа да ме нервираат вакви работи, порано ептен трајвав на вакви дешавки. :lol:
     
    На *Ench@nted* и crimson им се допаѓа ова.
  7. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.012
    Допаѓања:
    51.884
    Пол:
    Женски
    IMG_6352.jpeg
    Еве што прочитав годинава до сега и како помина и дури и дарежлива сум со оцените. Само Дејзи Даркер ми беше останата од Алиса, и имав повисоко очекување, не знам зошто.
    Од Loreth Anne White ми се допадна The maid’s diary лани, ама другава ништо посебно.
    How to solve your own murder рандом ја купив пред некој ден и одамна не ме изнервирала книга толку многу.
    И така, морам да се уозбилам со избор за книги, станува загрижувачки :D
     
    На ane.bella, *Ench@nted* и Mishela им се допаѓа ова.
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.000
    Допаѓања:
    81.341
    Пол:
    Женски
    Па ти добра си @crimson, не е лошо како за почеток. :D
    Досега само една божиќна прочитав и не ми се погоди, па ми прегоре и желбата за читање.

    Леле Дејзи Даркер колку ме изнервира, мислам дека во афект ставив една или две ѕвездички, не се сеќавам. Битно книгата ко за инает, ја помнам од А до Ш. :tmi:
    A од Лорет Ен Вајт читани ми се и двете што ги спомна, и се согласувам, онака ми беа - ни нешто многу добри, ни па прелоши.

    Мене ми треба нешто deep&meaningful, ама никако да уловам таква книга. Ја почнав The eighth life, само не знам дали ќе издржам до крај. Воопшто немам фокус, а ни трпение со толку обемни книги. :tmi:
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.109
    Допаѓања:
    66.999
    Пол:
    Женски
    Имам слушнато добри работи. Јас од Brandon Sanderson The way of kings ја почнав, ама стварно не сум во некој муд за да навлезам во светот, затоа мислам да се размрдам со нешто пократко.
    Ти си супер со книгите, јас неколку детски книги имам прочитано годинава само. :D
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  10. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.012
    Допаѓања:
    51.884
    Пол:
    Женски
    Ја дочитав Beautiful Ugly и леле што беше тоа…
    Имаше момент при крајот кај што помислив дека се подобри, таман да дојдам во темава да пишам и се отиде надолу :D
    Сите нови трилери ми се исти, предвидливи, нереални случки, како набрзина да се напишани само колку да постои книгата, ама ова беше врвот.
    Не знам ни што да кажам повеќе, се изнервирав и ставив 2:*:

    @Mishela @RainBow
     
    На Mishela, RainBow и *Ench@nted* им се допаѓа ова.
  11. *Ench@nted*

    *Ench@nted* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 јануари 2018
    Пораки:
    1.970
    Допаѓања:
    25.533
    Пол:
    Женски
    Јас минатиот период купив се' што содржеше Божиќ во насловот и за наредна година не е лошо да читам reviews пред импулсивно да купам.
    И темава ќе ја посетувам почесто.
    А и секогаш сум дарежлива со оцена плус кога ќе ги завршам...
    Сега ја читам Бессони во Менхетн од Вај Киленд и Пенелопи Вард (за прв пат овие автори) и досега делува супер за релаксација.
    Од трилери што читав последно Фицек ми беше предобар со некои дела, ќе си ги набавам и другите што му ги меркам, иако прво на ред имам некои автори што не ми се читани до сега.
    И од Емили Хенри 2 чекаат на ред..
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.109
    Допаѓања:
    66.999
    Пол:
    Женски
    Сосема очекувано. :D
    Беше ли барем забавна со глупавите твистови?
     
  13. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.012
    Допаѓања:
    51.884
    Пол:
    Женски
    Јас обожавам глупави твистови :D
    Не, оваа за друго ме изнервира, ако се реши некој да ја прочита ќе коментираме, да не давам спојлери.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.000
    Допаѓања:
    81.341
    Пол:
    Женски
    По муабетов, не знам дали сакам да ја читам, иако баш ми се мрчи за нешто. :D
    Ќе почека, или ќе ја ислушам аудио додека работам. Книги од таков калибар ми се идеални за слушање зашто и без целосен фокус ништо нема да пропуштиш од содржината.

    Што ќе читаш следно?
     
  15. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.012
    Допаѓања:
    51.884
    Пол:
    Женски
    Па немам никаква концентрација, а боледувам и имам вишок време, затоа само такви читам.
    Не знам следно, купив многу книги околу празниците, мислам дека ќе ја почнам The poppy war сепак. Цело време почнувам некои серијали и немам завршено ниеден со години, па ќе пробам месецов со овој.
    Амаааа до тогаш, имам еден нов трилер на киндл што излезе скоро, No place left to hide од Megan Lally, лани ја читав That’s not my name од авторката и беше океј.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.000
    Допаѓања:
    81.341
    Пол:
    Женски
    Поскоро да ти помине и баш пиши импресии од The poppy war, ако ти се допадне. И јас само пофалби читам и слушам за серијалов, а никако да се решам да пробам барем неколку поглавја, да видам дали ќе ме вовлече книгата.

    Јас ќе се потрудам да ја дочитам оваа што ја почнав. Колку и да е обемна, да пробам барем еднаш да останам доследна и да завршам една книга до крај без да почнам уште три паралелно и на крај да остане забаталена. :tmi:
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.220
    Допаѓања:
    25.785
    Пол:
    Женски
    Јас решив оваа година да читам различни жанрови но врти заврти пак на романтази се враќам, макар што во последно време и овој жанр ми здосадува, се ново што излегува се напишано под иста шема.
    Моментално ја слушам Quicksilver и уморам од досада.
    Физички ја читам A good girl's guide to murder, на почеток сум но ми е многу интересна.

    @RainBow во среда излегува Onyx Storm се сеќавам дека и ти ја читаше оваа серија. Овде некои продавници изнаправија глупости па ги пуштија во продажба книгите пред време, на TiкToc веќе имаше и спојлери за крајот од книгата, стојам настрана од коментари и постови не сакам да налетам на спојлер. Иначе и покрај глупостите што ги направија со Iron Flame на Амазон јас пак од таму си порачав deluxe edition, за сега вели дека вторник ќе ја добијам па ќе видиме

    @Mishela Cinder од Marissa Meyer можи 4 години има поминато од ко ја купив, мислам дека е прва од тој серијал или грешка сум?! Ако ги зачиташ и се добри пиши еден пост па може ќе земам и јас да ја прочитам.

    Сакам оваа година да прочитам дел од книгите што ги имам дома а не само да купувам да трупам и пак само на kindle unlimited читам (facepalm)

    Има шанса да го разработиме читачкиот клуб оваа година? Лани ништо не прочитавме :|
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.109
    Допаѓања:
    66.999
    Пол:
    Женски
    Да, да, знам, излегува сега на 21ви, едвај ја чекам. Ништо не сум читала и не отворам да не се спојлерисам.
    Ја читам од Емили Хенри, значи како може сите книги да ѝ бидат исти не знам стварно, истиот терк, досадна е дури. Ама ќе ја дочитам, веројатно додека излезе од Ребека ќе успеам да ја завршам.

    Можеме да видиме за клубот нешто, ако имате на листите, па и да почекаме да излезе.
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.000
    Допаѓања:
    81.341
    Пол:
    Женски
    Cinder е првиот дел, да. Чекам маж ми да заврши еден серијал, па да ја читаме заедно. Можеби така паралелно кога ќе читаме повеќе ќе ми тргне.

    И јас сакам оваа година да прочитам повеќе книги од тие што веќе ги имам дома. Ама само сакам, дали ќе исполнам нешто, не знам. :D
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.220
    Допаѓања:
    25.785
    Пол:
    Женски
    Aww, Buddy reading with hubby, love it :inlove:
    Мојов ми вети дека ќе ја читаме заедно The name of the wind е сега само треба да се погодиме во исто време да треба да започнеме нова книга. Сакам по често да читаме исти книги но читаме различни жанрови и за buddy reading некој (Тој) :lol: треба да се "жртвува" :D

    @RainBow Сакам и јас да го почнам Сандерсон, за Божиќ ја добив Mistborn на подарок и сега високо ми е на листата во 2025 да го започнам.
    Гледав доста видеа за неговите книги и The stormlight archive (The way of the kings) беше една од нај фалените.
    Абе сакам да навлезам и во epic fantasy имам многу книги што сакам да ги прочитам но не знам дали ќе ми влезат под кожа.
    The sword of Kaigen е многу пофалена и оваа книга ја имам купено и ми е на листа за оваа година, ама ќе видиме (fingers)
     
    На Mishela и RainBow им се допаѓа ова.