@ane.bella The name of the wind и јас треба да ја читам, на маж ми омилена е и ми кажа дека морало да ја прочитам, задача ми е. И ако не ми се допадне ќе мора да си ќутам, за мир дома и во светот. Не примал критики за таа книга. Фер, не сакам ни јас моите омилени книги да ги видам низ очите на другите луѓе. Стварно многу години поминаа, јас никако да ја отворам книгата, ама ќе биде еден ден. Не се чувствувам повикана од книгава засега, плус не е завршен серијалот мислам, малку ми е turn off тоа...порадо би го читала овој серијалот од Мариса Мејер. Ми фаќа око, па се надевам дека нема да е некоја утка. И Outlander сакам да го читам серијалот, морам барем првата книга. Голема желба ми е, плус го обожавам тој trope патување низ времето. Со epic fantasy и општо со фантазија не сме баш на ти, а ептен сакам да се зачитам нешто такво и јас. Ај, ќе биде некогаш.
Сите имаат кренато раце, по се изгледа никогаш нема да го заврши серијалот, баш ме интересира зошто некои автори оставаат многу популарни серијали недовршени, ист случај и со Џорџ Р.Р. Мартин. Ако не сум грешка овај од М. Мајер е јанг адолт?! Ајде ко ќе зачиташ сподели импресии. Ах Outlander!! колку се разочарав во втора или 3та сезона од серијата, почна толку прејако и после ама читав дека книгите се многу подобри.