Вчера прочитав за новиот ресторан во ГТЦ кој вработил лица со попреченост во развојот па ме мотивира да ја отворам темава и да ги чујам вашите мислења за оваа и слични на неа постапки. Дефинитивно сум ЗА лицата со попреченост да се чувствуваат прифатено од останатите, добро е и да има за нив соодветни работни места каде ќе можат да го дадат својот придонес и да заработуваат. Но што со фактот кој кажува дека повеќето такви лица имаат подпросечен, ретко просечен IQ, отежнато сфаќање, неразвиени рефлекси, моторни способности и слично, што воопшто не го кажувам за некого да навредам или омаловажам, туку сум ги читала тие карактеристики како одлики на одредени синдоми на пример. Дали фактички тоа што нив ги прави посебни им дозволува да функционираат нормално на било кое работно место и може да се очекува коректно да ја извршуваат својата работа?
Зависно за каква попреченост работи - повеќето се работоспособни, но мора да бидат под постојана супервизија и не би се снашле самостојно да работат. Како и да е, апсолутно поддржувам да работат каде што можат за нивно добро пред се - да учат нови вештини кои можат да ги применат и надвор од работно место. Кога учев за ова, и кога учев колку повеќето се ограничени во поглед на избор на работа и покриеност од државата кое е загарантирано до одредена возраст, а после тоа е се под знак прашалник, ми падна жал искрено. И кога видов за ресторанот, и споделената вест во СДК колку што памтам, најискрено се израдвав.
Печатницата Киро Дандаро во Битола, вработува лица со попреченост, со децении. Прво не се сите со ист вид на попреченост, второ постојат различни видови на работни места.
Тоа е така зошто поќето се снаоѓаат најдобро на такви работи места, како печатници, фабрики, во занаетчиски работи, ама како помошник. Користам "повеќето", ама мислам на тие кои се работоспособни и кои се способни да научат како да работат одредена работа, под надзор. Некои, за жал, не се работоспособни.
Со добра обука, силна посветеност на едукаторите да ги научат да вршат одредена работа овие лица можат да се оспособат коректно да извршуваат било каква работа што одговара со нивните можности. Треба повеќе фирми да вклучуваат вакви лица за да тие не се изолираат и бидат на товар на најблиските.
Организацијата за лица со попреченост Буба Мара од едно мало гратче од Хрватска е организација која прва го направи тоа на ниво на Балканот (и сликата на огласот на Ревија е превземена од нив). Со помош на општината која им обезбеди простор и средства собрани со go fund me кампања, работат на отварање на Buba bar, во кој ќе работат лица со даунов синдром. Во меѓувреме, мобилен Buba bar работи на секој поголем настан во градот и на лизгалиштето преку зима. Инспирацијата ја добиле од гратче во Шкотска (мислам ?) кај што откако еден кафич примил келнери со попреченост, другите толку многу изгубиле на прометот што решиле и тие да примат лица со попреченост на работа. Крајниот биланс бил таков што во градот не останало ни едно незапослено, а работоспособно лице со попреченост. Еве и TED Talk-от го најдов Секако ја поддржувам иницијативата. Во локалниот Рамстор има неколку такви вработени што помагаат со овошјето, за мерење, пакување, и се најфините суштества кои сум ги сретнала. Фини, културни, услужливи. Да, и новиот во ГТЦ примил две со попреченост ама ја направија реклама. И Ревија во лептокарија имаа оглас дека примаат лица со попреченост. Се надевам дека се свесни дека треба разбирање и работа со такви луѓе, а не само да ги користат како реклама.
Многу ме израдува веста за инклузија на лицата со попреченост, на вистинска работна позиција. Покрај тоа што до сега само се говори за стоп на дискриминација, мило ми е што и во практика се применува. Почнуваме да се освестуваме, да ги разработуваме мозочните клетки и да прифаќаме и embrace-нуваме различности Вакви вести ми вдахнуваат верба, изгледа има надеж за нашево земјуле
Ja подржувам иницијативава скроз, редно беше да се направи нешто во полза на овие лица кои целиот живот се потиснувани на работ од општеството. Само се надевам дека постои добра намера и искреност позади сето ова, од страна на газдите, да не е маркетиншки трик и прибирање симпатии. Го велам ова затоа што години уназад, во мојот град, една голема фирма на големо вработуваше лица со попреченост. Ваквиот нивен потег наиде на воодушевување од сите граѓани, за да во една прилика газдата се избаци дека за него се добри се додека не плаќа придонеси за нив. Останавме со подзината уста сите, а он сфати што кажа па проба да ја ублажи ситуацијата. Али џабе. Исто тогаш мислам дека луѓево земаа еднократна финансиска помош, која газдава им ја земал. Многу време подоцна мајката на еден дечко ни го кажа ова, али рече дека немала срце да иде да пријави во инспекција затоа што синот и ќе биде истеран, а детето живна откако почна да работи и да се социјализира, зрачеше со позитива пошто чувствуваше дека уствари прави нешто корисно. Понекогаш материјалното е скроз небитно у споредба со тоа да гледаш насмевка секој ден на саканото лице. И тогаш ја разбирав и сега.
Баш слатко и убаво што им се дава шанса на оние лица кои се со пречки во развојот, а сепак се работоспособни. Баш во Ревија видов вработена со Даунов Синдром(ако не грешам). На крај краева и они се луѓе. Progress