Ајде да поразговараме за лицата со посебни потреби за искуствата нивни и на нивните блиски во автобус или во такси. Еве јас имам едно такво искуство моето дете е со посебни потреби има проблем со говорот но да почнам со темава- Еден ден кога се качивме во автобус инаку да појаснам кога се качува и се симнува тоа оди пополека, една жена неможам да ја наречам госпоѓа нисто не искоментира само ја погледна но кога се симнувавме а кога сум со неа се симнувам на предна врата поради сигурност и рече ајде девојче пола саат чекавме да се качиш сега пак ке чекаме да се симнеш. само се завртев накај неа и ја прашав да не има некој проблем она се посрамоти и се заврте. Луѓето можам да кажам дека кај нас се многу прости.
секогаш давам предност на лицата со посебни потреби-па и они се луге...а за овие дебиливе кои наместо предност плуват отров и додават сол на рана-сама им се свртувам и им плеснувам во лице колку се некултурни...еднаш имав кавга со ваков во автобус од Србија до Мк...излегол на пауза во Ниш и од таму влегле мајката и детенцето и кога виделе слободно место нормално ке го наседни детево,типот доага се дери како му зеле место на женаму,иако мајката цело време засрамено збореше како детево е инвалид (со криви нозички беше едвај одеше) он се дери бе па ја врега демек што мајка барале во автобус тогаш...кога му се свртев,кај го направив некултурен нечовечен,кај јас станав и одстапив место на мајката со детево,кај жена му на овој си се оптегна (јас до Бујановац стоејки) кај овој силен инакај мене е тогаш ми пукна филм и само му реков: слушај бе простак еден плујни си во пазуви да не ти се деси такво нешто иди малку проработи на твоето понашање и ајде терај мечка и остави ме на мира...такви сељаци како тебе не треба да користат автобус а не детенцето (кое и заплача кога виде дека ради него стана хаос во автобус) тој ден незнам дали бев повеке нервозна од случкава или растресена од овој глупакот
Во секој случај, без исклучок, отстапувам место за секој кој има потреба. Но за Вашиот случај можам само да кажам дека сум згрозена... не знам што „човек“ треба да бидеш па да му кажеш на детенцето „пола сат те чекавме да се качиш, сега пола саат чекаме да се симнеш“ . Не знам како сте успеале да се воздржите, јас не би имала толку самоконтрола .
Јас имам братучед со посебни потреби. Не е опасен воопшто, ама не изгледа безопасно и луѓето даваат лоши реакции кога го гледаат. Еднаш стојам на автобуска и имав слушалки во ушите, се завртив случајно на страна и гледам неколку машки тормозат некое дете што и не е баш дете. Извадив слушалките, и кога ги слушнав криците гласот ми дојде познат. Тргнав натака кога што да видам, братучет ми го тормозат. Зоврев им се испоразвикав и го тргнав на страна. Тој ми кажуваше ми збореше, ама со негов јазик кој јас не го разбирам, само тетка ми го разбира. Влеговме во автобус и имаше едно слободно место му викам ајде седни тука не се секирај, и седна, и двете жени што седеа од двете негови страни избегаа како да седнал некој кој може смртоносна болест преку воздух да им пренесе. Само ги погледнав со еден поглед и си седнав ... Понекогаш се обидувам да ги сфатам, дека се плашат, ама даваат рекации кои се претерани, а и тие луѓе имааш душа и чувства кои се повредени. Пред некој ден исто се возам во автобус, и влезе татко со дете со посебни потреби кои немаше повеќе од 7 години. И таткото стоеше а детето седна до еден чичко. Е сега можеби детето доби напад и почна да се мава од столче, да се тресе, и татково не можеше да го смири. Секоја чест на човекот што седеше до детето па му помагаше, го залажуваше, му даваше слушалки му збореше, го играа ... но не и секоја чест за едни две жени кои ваљда беа пријателки, стоеа тука и почна да викаат куку леле ау леле бегај бегај страшно и фатија џаде на другиот крај од автобусот. Кога детето се смири мислам дека татко му беше спремен да земе да плаче да се истури. Го видов само како му ја фати раката на детето, му ја стисна како утеха и го погали. Детето се смири, и за некои две станици се симнаа. Ми идеше да ги фатам тие двете и да им речам што може 7 годишно дете што ви е до колена да ви направи глупави едни. Се придеравате во автобус како идиотки сите да гледаат и да се чудат ... таткото греота. Неговиот израз никогаш нема да го заборавам. Ама тоа е. Едноставно има секакви луѓе ...
Можам да кажам само дека сите како мене може да не сватат само оние кои имаат чиста душа, големо срце, а они другите се МНОГУ ПРОСТИ ЛУЃЕ.
Значи читам и не можам да поверувам на сопствените очи ! Каков прост народ, каков менталитет сме ние бе? Колку само безчуствителни луѓе постојат! Себични и мизерни суштества До сега не сум се нашла во такси или автобус со лице со посебни потреби,но секако дека би го отстапила своето место! Јас имам роднина кој не е роден со посебни потреби, туку како мал од висока температура добил еден вид пореметување. Говорот му е нарушен, јас ретко го разбирам што ми зборува, ама секогаш коа ќе застанам со него ми ја стиска раката и ми зборува, еднаш го разбрав дека ми кажува колку многу ги сака моите и мене. Жално е, и тие чувствуваат и тие знаат за среќа, тага, болка! Не се виновни што се такви!
лицата со посебни потреби треба слободно да се движат. Ако имате дете со посебни потреби не се срамете излезете и слободно шетајте се. Сметам дека со тоа му правите на детето добро едноставно го социјализирате, а што ќе каше трпана и трпан воопшто нека не ве засега. Секогаш има ,,госпожи,, и ,,господини,, кој ќе се згрозат од глетката или ќе помрчат но таквите луѓе се полни со проститулак. вие само главата горе и продолжете. Сакам а кажам понекогаш во автобус одсабајле среќавам едно девојче стварно неможам да и ги определам годините со мајка и ја носи на школо толку е мирна и фина влегува и се смешка, просто ми го разубавува денот, ако нема празно место а она седи веднаш ќе стане ја слуша мајка и претерано сака да си направи моабет со патниците и баш ми се полни срцето кога ќе видам луѓе кој ја прифаќаат. Никогаш не знаеме што ни носи животот така да треба да ги прифаќаме сите и да немаме прерасуди. сепак во тоа тело се крие искрен и беспомошен живот кој сите треба да му помогнеме
Мојот брат е дете со посебни потреби т.е. има аутизам и воопшто не мислам дека треба тие деца да се одделат од останатиот свет. Ништо лошо не прави што ќе му кажам ме послушува веднаш.Ми се тресат рацете и плачам додека го пишувам оваа затоа што многу добро го знам тоа чувство некој од твоите блиски да е како отфрлен од другите....но што да се прави,прости луѓе не виделе и тоа ќе прават. И јас сакам брат ми да е како останатите деца тој не е воопшто крив за ништо и тој не сака да е така но што да се прави така рекол Господ. И многу ми е мака што едни мои братучетки ќе дојдат кај нас (мали се уште) ќе пишуваат домашно ќе рецитираат песни.Ги гледам нив и го гледам брат ми и се прашувам зошто и тој да не е како нив,зошто и тој да не си го живее животот како што сака.Понекогаш кога ние зборуваме и тој е во истата просторија почнува да плаче и оди на страна затоа што тој не може да се искаже. Многу солзи пролеав но веќе неговото однесување и сосема нормално за мене.И никогаш нема да го отфрлувам мојот брат..секогаш ќе бидам со него без разлика колку и да е отфрлуван од други луѓе кои што не виделе лошо во животот.Тие си знаат Господ гледа.
Факт е дека има многу прости и глупи луѓе кои нечовечки се однесуваат и нечовечки знаат да изреагираат. Секогаш сум отстапувала место на лица со посебни потреби. Мене не ми изгледаат страшни, мене ми е жал да ги гледам