Здраво Феминки, дали некоја знае кое Министерство ја издава лиценцата за шпедитер, каде да се обратам и како оди процедурата? Благодарам
Лиценцата за шпедитер ја издава Царинска Управа на Р.М. За да полагаш за лиценца треба да имаш минимум 1 год.(не сум сигурна,предходно беа 2) работно искуство како царински застапник. Се надевам дека ти помогнав,поздрав.
Значи прво мора да работиш 1 год во шпедиција, па дури потоа да полагаш за лиценца, а како ќе ја изработиш таа 1 год кога за да влезиш во шпедиција ти викат лиценца и искуство.
И мене тоа ме чуди, за да те вработат ти бараат лиценца, а за добиеш лиценца треба да работиш, мислам дека беа 2 години а и плус работодавачот треба да те пријави за полагање (можеби и грешам за ова последново). И сега едно безврска прашање, да не постои случајно некој курс или обука за царински застапник?
Две години работно искуство како царински застапник, потврда од работодавец за истото, плус доказ м1 м2, доказ за неосудуваност, лична карта и аплицираш во Царинска Управа и кога ќе имаат јавен повик за стручен испит за лиценциран застапник те контактираат и полагаш испит во три дела, а тоа е обично два пати годишно