Imam edno prasnje dali go znaete se pagja na polaganje? Koj e toj dokument sti pripagja na pedagoska dokumentacija i sto se cuva trajno vo detskata gradinka? Dalu nekoj znae da mi kaze?
Може ли некој што положил или што знае да ми каже дали оваа студија на случај и прашања се тие од испитот? Случајно сурфајќи на Google ги најдов. На сајтот пишува дека се од 2015 год. Испит: ИСПИТ ЗА ЛИЦЕНЦА ЗА ВОСПИТУВАЧ - СТУДИИ НА СЛУЧАЈ 1. ИСПИТ ЗА ЛИЦЕНЦА ЗА ВОСПИТУВАЧ 1. Воспитувачите Марија и Фатима работат во иста градинка во воспитни групи со деца од иста возраст. Тие имаат изработено годишни програми за воспитно-образовни активности базирани на „Програмата за рано учење и развој“, а од први септември ќе работат во други занимални. Еден ден почнаа да разговараат, да разменуваат искуства и да се договараат околу уредувањето на занималните и отворањето на центрите за учење, за да можат во нив ефикасно да ги реализираат планираните активности со децата. Исто така, се договориа рационално да го искористат просторот во занималната и тој естески уреден. 2. Кој ќе учествува во организирањето на центрите за учење и нивното збогатување со различни средства и материјали? 3. Колку центри за учење треба да организира воспитувачот во својата занимална? 4. Кои се најголемите придобивки за развојот и напредувањето на децата со честото вклучување во активностите во математичкиот, истражувачкиот и уметничкиот центар? 5. Кој е одговорен за уредувањето и збогатувањето на центрите за учење во занималната? 6. Каква одлука треба да донесе воспитувачот во врска со предлогот од педагогот во занималната да отвоти и центар за игри со песок?
Zdravo, dali ima nekoj sto veke e polagal za negovatel , kako e pominal? Dali gi ima prasanjata? Fala vii
Ако некој денес полагал за воспитувач нека пише како поминал, што се паднало? Има истакнато список за следно полагање на 16.10
Ајде да им помогнеме на тие што ќе полагаат ова се прашања што ми се паднаа на полагањето 1.Каков тип на детски градинки можат да бидат основани според Законот за заштита на децата? 2.Според Законот за заштита на децата колку деца треба да има воспитната група на деца до 12 месеци? 3.Работното време на негувателот кое го поминува со децата од детската градинка изнесува: 4.Помошник – воспитувач за нега и грижа на деца со специфични потреби попречени во менталниот развој или телесна попреченост, според Законот за заштита на децата, може да биде лице со: 5.Вработените во Јавната детска установа кои имаат непосреден контакт со деца или храна, согласно со Законот за заштита на децата, треба да подлежат на систематски преглед: 6.Како се дефинира здравјето според Светската здравствена организација? 7.Кои се карактеристиките на физичкиот развој во раното детство? 8.Појава и развој на емоциите во раното детство 9.Една од функциите на предучилишното воспитание е подготовка на децата за? 10.Љубопитност, креативност, иницијативност и упорност се клучни вредности на кој домен? 11.Детскиот развој во првите години од животот не тече рамномерно и мазно. Оваа законитост во детскиот развој ја именуваме како? 12.Дали се задолжителни здравствено-хигиенските прегледи? 13.Дали примената на НАССР стандардите е задолжителна? 14.Дали се применуваат Нормативите за исхрана за деца од градинка? 15.Дали е забранет влезот на невработени лица во кујна? 16.Дали е задолжителен хигиенскиот курс? 17.Дали лице заболено од грип има пристап во кујна? 18.Вработените во кујна имаат соодветна работна облека? 19.Дали е задолжително секојдневно оставање на контролни порции од дневните оброци? 20.Дали треба да се прави редовна дезинфекција на просторот и инвентарот во кујна? И студијата со Јана Се надевам дека е од помош нека помогнат останатите членови
На страната на Педагошки прочитав дека можело со каква било диплома да се пријавиш, но од 2018 е. Дали има нешто сменето или уште важи? Дали со лиценцата можам да работам во градинка во странство?
Здраво, дали некој знае колку време имаат важност потврдите и лекарското јас полагав пред една година за неговател сега сакам за воспитач