Здраво Во Ноември имаше полагање за негователки и дали може дотолку некој полагал да го сподели своето искуство со мене во врска со прашањата и како се полага (компјутерски или усно) и слични работи
Здраво дали може некој што веќе полагал за лиценца за воспитувач да ни каже дали баш прашањата од линкот на комисијата за лиценцирање се паѓаат или има и други ? И некаква информација за практичниот дел, студии на случај има на МТСП но дали некој ги има конкретните одговори? Или од она што сме учеле на факултет и од стажот. Јас имам завршено пред 10 години и сигурно има измени од тоа што јас сум учела и што учеле денешните дипломирани воспитувачи.
А дали навистина се оние прашања од страната на МТСП и дали на испитот се со понудени одговори или со свои зборови одговараш?
A ќе можеш ли за практичниот дел да пишеш како се одвива , знам дека прашањата се од стидија на случај ,но нешто поконкретно би било добредојдено. Фала во секој случај.
Да се надоврзам на прашањето за студиите на случај, има некој прирачник некој материјал по кој треба да се решаваат или по сопствено мислење ? Решив неколку но, на некои заглавив.
јас сакав прво да научам се што треба па после да аплицирам, но штом викаш така ќе аплицирам овие денови.
Јас кога аплицирав ги прашав дали за еден месец ќе полагам , а тие ми одговорија па и повеќе ,многу имало , ама досега мислев ќе поминам.