Јас имам информација дека нешто со софтверот на правен имало проблем и не знаат да кажат кога ќе има полагање.Ако има некој друга информација нека сподели.....
Здраво девојки.Нова сум во групата. Имам дипломирано педагогија на Филозофски факултет.Па Ве молам за инфо дали можам да полагам за лиценца за воспитувач. Ако некој знае нека сподели. Ви благодарам однапред.
И јас чекам,нема никакви информации освен дека софтверот на правен каде што се полага не е во ред ☹️ Ама како и да е ова е многу чекање....од април... Ако некој добие информација,ве молам пишете.
Минатата недела сопругот беше во Министерство да праша и му кажале дека има многу што чекаат за полагање, но не знаат кога ќе има полагање.Најверојатно до крај на оваа година нема да има .
Женски да ве прашам тие што имате во брзо време поднесувано за лиценца за негувателка, дали имате добиено повратно одговор од министерството? Јас поднесов пред месец ипол, уште немам повратно, а одам на пракса во градинка. Колешката поднесе во исто време со мене, доби повратно дека е одбиена поради образованието.
На колешката и се јавиле бидејќи по образование не била соодветна за да полага,а вас ќе ве известат штом ќе има термин за полагање. И јас од септември чекам за полагање за воспитувач,па се надевам наскоро ќе има бидејќи како што кажаа на ТВ,тендерот за одржување на системите е потпишан,па да се надеваме дека конечно ќе дадат термин.
Сакам да прашам нешто. Дали треба да одам на обука во некоја градинка пред да полагам за лиценца за негователка?
Има пуштено списоци за полагање на 16.12 Дали ќе има други датуми за полагање затоа што на овие списоци мене ме нема
И мене ме нема.Ваљда идат по ред според тоа кога имаме доставено документи. Јас се пријавив крај на Октомври.
Здраво Може малку помош околу вадењето документи за негувателка? Сакам да извадам лиценца... Кои се документи ми требаат и каде се вадат.. Колку време чекавте и дали некој е одбиен т.е не поминал на полагањето? Прашањата какви се. Со цели одговори, дополнување или заокружување...??