Види на страната. Мене ме одбија демек немам соодветно образование т.е стручно имам завршено, ама знам негувателка работи во градинка исто како моето образование. Вмро сигурно измениле тоа.
Но нема список објавен или јас незнам каде да гледам. Дали ти кога ги достави документите те одбија, или на список те нема
Во декември ги испратив документите и пред месец дека ми ги пратија по пошта со образложение зошто ме одбиле.
Те одбиле затоа што по измените во 2018/2019 година, важи правило за негувател мора да имаш средно образование од точно одредени струки (гимназија, музичко, ликовно, фискултурно). Таа што работи со исто образование најверојатно е вработена пред тие измени. Измената е донесена од СДСМ, не од ВМРО.
Не. Сите чекаме да почнат полагањата. Иначе утре има седница за Законот за заштита на децата, па се надевам ќе се изгласа и ќе се започне со полагање.
Дополагај од предметите, мислам дека фаќа некаде една учебна година за тоа што ти фали од наставната програма. Многу прават вака, обично земаат гимназиско.
Се уклучив во моментот кога го гласаа и не го усвоија. Ме фати паника и нервоза па прочачкав поубаво. Уствари тој денес бил некој додаток друг за паричен надоместок за 1,2,3, дете... иначе тоа што нас не интересира, е изгласано на 24 јуни, а искочено во Службен Весник на 1 јули. Така да очекувајте од другата недела да се започне со полагања. Со лесно и со среќа на сите
15 dena pred polaganje mislam treba da ne informiraat ,izbori ke SE raspisat na 8avgust nekako ne mi e verojatno deka ke ja bide rabotava
Изборите немаат врска со полагањето за лиценца. Кога ќе се распишат тој период до изборите нема вработувања, но може да се полага за лиценца. Односно не се работи за вработување, туку за стручен испит што е дел од личен професионален развој. И немој да очекувате дека ќе ви јават. Јас кога полагав за неговател (иако беше пред 10 години) не ми јавија, туку редовно проверував на страната, дали сум ставена на листата.
Тие што имате полагано до сега. На списокот по колку кандидати има ставено. За да знаеме од прилика кога ке ни дојде ред за на список.