Мене екстра ми нагласија да не користам никакви средства против акни во текот на бременоста, поради некои состојки не се препорачувале. Нека каже и друг, поупатен. Јас такво искуство имав.
Имам една црвена точка што ми се појави од сам старт. Ситна е. Не е акна, не е црнка, така црвена точка е. Еве 15та недела, непроменета. Останатото од лицето, стандардно, ништо поразлично, помалце акни ми искачаат, од оние пред добивање.
Акни немам, дури мислам дека сега ми е и почисто, но кожата ми е премногу сува и ми се перута додека косата само за кратко ми се управи, сега повторно е мрсна
Исто бев и јас, од што се перутеше премногу се чешав и го раскрварував лицето. Земи си невен маст на Балеа, со 2-3мачкања ќе заборавиш на сувата кожа. Е за мрсната коса,едноставно нема чаре
So 2va bremenost katastrofa licevokako pocetok bremenost pa Eve kraj 7mi mesec seuste so problemi Si imav jas problemi i porano ama so prvata bremenost mi se sredi a sega
Со првата и втората бременост бев со мозолчиња и тоа разгранети , а сега од почеток имам сјајно и чисто лице за чудо ни една акничка не ми искочи , буквално чисто , се надевам после пораѓај нема да се направам лом по лице
Zeni ja sum na rab na ludilo, znaci i so prvata bremenost pri kraj mi se vospali liceto i grbot bese strasen no mnogu brzo se vrati vo normala po poragjag. Ovoj pat pri kraj samo liceto a otkoga se porodiv i eve mesec dena posle se poloso i poloso mi e liceto, celo so crnki ama bukvalno celo, cisticni i obicni akni, na dnevna baza iskacaat novi, megju gradite, ramenicite i po rbetot. Znaci aber nema od pominuvanje tuku bas naprotiv. Nekoja so vakvo iskustvo??
^ Со етанол 70% проаѓај се со стерилно памукче секое сабајле и вечер ќе се изгорат , ама мислам дека е хормонски тоа се додека организмот да си дојде при себе , мене во првата и втората бременост ми беше катастрофа лицето и грбот , а косата од сјајна по сјајна немаше , еве сега во третата бременост забите ужас боли секој до еден , а мозолче ни едно немам од почеток , коса паѓаше еден период сега веќе не , само расте како луда и е цврста , сјајна , така да очекувам чим цела бременост ми е чисто и сјајно лицево после пораѓај да бидам како баба Рога хахахах
Знам како ти е , јас таква бев цели две бремености , ама после третата знам дека хормоните маста ќе ми ја исцедат
Мене во бременост периодично ми се воспалуваше лицето, сега по пораѓај исто. Најмногу мака јас имам што ме чеша и ми жеже, па една вечер во очај ставив од на бебево Мустела Стелатопија и ми се смири, па чат пат почнав и од Веледа за лице да му крадам, арно се покажа и таа по грб, врат јас немам ништо..
Жени хелп! Од кога останав трудна, лицето ептен ми се нафрла со акни. Сега гледам имам црвени точки и на пределот над градите и позади на грбот До сега не сум имала никогаш таму. За личето користан крема и пенлива вода за себо-контрол, ама слабо ми помага. Некоја друга со ваков проблем, и како се справува?
И јас имам ваков проблем.. а баш чисто ми беше лицето за мерак сега ни во огледало неможам да се погледнам не користам ништо и незнам што да ставам нека пише некоја па ќе видиме..
Најприродно што можеш да пробаш е сок од лимон. Ама малку да ставиш на местата каде што имаш акни. Може да те пече малку. После тоа измиј со вода и стави си хидратантна крема. Мене така ми поминувале. Инаку мене пеѓи ми се појавија, ама па слатки ми се
Пеѓи од секогаш имам, и многу си ги сакам, тешки да ми се појавеа повеќе место акниве Ќе пробам, фала ти