Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лицето за време на бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од ZDR, 17 декември 2014.

  1. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    1.960
    Допаѓања:
    5.292
    Кој тип на розацеа имаш?
    Мене кремите што се баш за розацеа никогаш не ми пријале, Bioderma па ич.
    Порано користев една крема од Avene која ја нема веќе на пазарот, ја сменија формулата и извадија нова, иако таа пред нејзе беше баш базична. Продолжив со оваа, ама не ми е тоа тоа.
    Дека прави чуда не прави, ама барем не иритира. Ако сакаш ѕирни ја.
    https://www.aveneusa.com/tolerance-control-cream
     
  2. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.075
    Допаѓања:
    20.031
    Пол:
    Женски
    Имам розацеа во почетна фаза, така ми кажа докторката, наводно на време сум отишла. Инаку си имам генетски предиспозиции од страна на мајка ми. Сестра ми има многу кожни проблеми, псоријаза, розацеа, фото алергија итн. Кај мене рече тригер да се појави бил стресот, претходно имав мнооогу чисто лице.

    Скокцентрирана е само на образите претежно, ама откако почнав со кремите како да почна да се шири и накај челото и брадата, иако тоа е дискутабилно дали е од неа зошто хормоните сега се активни. Ми кажа да ги прекинам кремите ден два и после пак да ги почнам, она смета дека од хормоните сум воспалена и сигурно е така, ама имам чувство дека и кремите не ми одговараат. Ќе ја ѕирнам оваа, фала ти.
     
  3. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    1.960
    Допаѓања:
    5.292
    Со акни, мешана со себореа (дерматит) или само капилари проширени, тоа ми беше прашањето.
    Иначе јас имам мешана форма и со розамет имав многу лошо искуство.
    Ко те прочитав се пронајдов.
    Буквално целата бев отечена и црвена со демаркациона линија до каде сум мачкала. Страшно беше за гледање. Го прекинав, почнав пак и пак истото.
    Ајде да ја средиш за брзо и ако најдеш некоја магична крема сподели, јас ја држам под контрола само со кортико (иронично, ама само од тоа се повлекува).
     
  4. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.075
    Допаѓања:
    20.031
    Пол:
    Женски
    Уф сори не те сфатив, баш сум аматер на темава. Мешана е и кај мене, со ситни акнички. Докторкава вика дури се меша клиничката слика помеѓу розацеа и не знам како го кажа другото. Со Розамет прекинав јас, не мислев дека од него се воспалив толку, ама прочитав дека не се препорачува во бременост и се исплашив, претходно дали намачкав 3-4 пати. Кога ја прашав докторката рече нели дека е многу слаба форма на антибиотик, ама да не мачкам ако ми е шубе и не го мачкам. Кортико сега секако не смеам мислам да користам, инаку на почеток кога почна да ми се појавува и не знаев што е, на своја рака шлапав Белогент и се смируваше. Каква кортико крема користиш ти?
     
  5. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    1.960
    Допаѓања:
    5.292
    Изгледа имаме иста форма бидејќи и мене ми се јавува на истите места и штом се смирува со кортико.
    Јас иначе мачкам магистрален лек, докторот кај што бев напиша рецепт и според тој ми го прават во аптека.
    Има база, ациди борици и белогент мислам, така да и тоа кортико што го има е разредено.
    И во бременост истата ја мачкав, прашав неколку гинеколози и сите ми рекоа дека смеам штом е локално и мала површина. Само споделувам искуство, ти пак си се консултирај.
     
  6. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.075
    Допаѓања:
    20.031
    Пол:
    Женски
    Фала ти ептен што споделуваш. Кога ќе одам на контрола ќе го прашам дерматологот, а ќе се консултирам и со гинекологот. Многу сакам да најдам нешто што ќе ме смири, ми ствара нервоза што сум ваква. Не сум навикната да се гледам со вакво лице…
     
  7. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    1.960
    Допаѓања:
    5.292
    Нема на што, знам која мака е.
    Мене па и ужасно ме чеша и не можев ич таква, ќе се мрднев, едно време по цела ноќ не спиев од што ме чешаше.
    Види ја оваа крема од авен за секој ден, најтопло ти ја препорачувам и посакувам што побрзо да ти се смири лицето и да не се повтори :hug:.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.075
    Допаѓања:
    20.031
    Пол:
    Женски
    Да да ќе ја проверам кремата. Фала ти уште еднаш за советите, ептен ми се од корист. :hug:
     
    На Autumn Love му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Saba08

    Saba08 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    @Bella_Stella @Autumn Love
    Само овој крем кај мене има инстант ефект од којзнае колку пробани и кремови, а пробав и со магистрален, го излушти и исчисти местото, ама за кратко време.
    Ви го препорачувам, со надеж дека ако го пробате ова ќе е лекот и за вас
    https://24apteka.mk/product/redness-calm-krem-za-hronicni-bolesti-40ml/
     
    На Autumn Love му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.075
    Допаѓања:
    20.031
    Пол:
    Женски
    Дали можеби имаш информација дали е дозволен во бременост?
     
  11. Saba08

    Saba08 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Апсолутно да, без грижи. Немаше да си дозволам да ти го препорачам, ако беше спротивно :)
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.075
    Допаѓања:
    20.031
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу на препораката, ќе го проверам обавезно. :)
     
    На Saba08 му/ѝ се допаѓа ова.