И мене ми ссе исфрла лицето со бубулици 1 недела пред да добијам и ништо не ми помага,само да чекам :/
Лицето за време на Менст. ми вика: БЕГАЈ ОД МЕНЕ ПИЕВ ЗЕЈТИН !! Му нема спас пуно со огромни, глупави, скапани бубуличишта кои за среќа ми поминуваат после тоа.. ама ми остануваат неколку..
Пред добивање на фацата рејлеф може да ми се учи, ридче, рид и планини. Па уште што е најинтересно, иако имам премрсно лице, во ПМС кожата ми е пресува, ко мозаик сум. Да сублимирам Мозаик-Рејлеф сурат имам во тие денови Катастрофи. Среќа што веќе уште првиот ден кога ќе добијам, драстично ми се подобрува ситуацијата.
Јас изгледа обратно пропорционална сум со све и свашта! Лицето секогаш, ама баш секогаш ми се исфрла после ментруацијата - си го мразам моментално!
Секогаш пред менструација ми се исфрла и е навистина грозно, дури не ни помислувам да се погледнам во огледало
сум приметила за време на МЦ лицето некогаш и не ми се исфрла со бубулици толку многу, но секогаш ми е без свежина, како рапаво и без боја, ни крема ни пудра не го спасува.
јас мислам дека е нормална појава исфрлањето на лицето,за време на менструација па мајка ми која е возрасна и се изфрла лицето а не па на нас.хормоните тогаш пукаат,кожата станува помрсна од нормално,и сето тоа резлутира со такво лице тоа се само 3-4 дена и потоа се е ок,мислам дека нема место за нервози
Јас пак немам некој проблем со лицето,всушност воопшто немам иако сум во пубертет.Само два дена пред да добијам имам ситни црвени позолчиња на челото кои ги покривам со кркмите После тоа никаков проблем со лицето,само со стомакот
И јас мислам дека за време на менстурацијата, не помага ништо затоа не ни го малтретирам лицето, го мијам со сапун и го мачкам со крема за лице и толку.
епа млада си уште, чекај има време, некаде од 20 години почнуват ПМС и МЦ проблемите, сега само со стомакот и градите ќе си имаш проблем, како и по некое мозолче, знам ист случај бев и јас на истите години, затоа сега уживај, после среќно!
Ужасно ми е лицето кога сум во ПМС, а и за време на менструација не е ништо подобро. Цело лице ми е исфрлано, ништо не го спасува, дури и со пудра тешко се покрива.
Моето конечно се исчисти, ама за недела дена треба пак да добијам така да џабе ми е Недела дена чисто лице, 3 недели ужас!
Јас за среќа немам вакви проблеми. Одсекогаш сум имала чисто лице и фала Богу такво ми останува пред, за и после менструација. Немам никакви промени. Само 2-3 дена пред да добијам јас лично осеќам како кожата ми е помрсна и ставам крема само наутро, инаку физички нема промени
Пред да добијам и за време на менструација ми се исфрла лицето. Знам дека е нормално тоа, ама сега почнав и за време на овулација да се исфрлам. Нормално ли е ова?
Моментално сум во овој период. СО лицето овој месец поминав лесно (за некое чудо), не ми излезе ни една бубуличка. Обично ми излегуваат неколку на челото и брадата. Но, нешто чудно ми се случи овој пат, наместо по лицето ми се појавија неколку бубулички на вратот. Можеби се резултат на ПМС
црвено ко патлиџан и обавезно се појавува од оние гнојаничкине по некоја па коа ќе ги видам уште толку ќе се изнервирам и следниот ден уште толку ќе ми излезат од нервоза
Моментално сум во ПМС инаку имам чисто лице ама кога сум во ПМС секогаш ми е помрсно и ми излегуваат мозолчиња
И јас го имам овој проблем. Порано во пубертетот[11-16 години] лицето ми беше чисто, една две мозолки ќе ми се јавеа во годината, што е баш ништо. Ама после имав проблем со полицистични јајници и едноставно МОРАВ да пијам хормонски апчиња по пепорака на лекар, зашто јајниците ми собираа течност и имав обилна менструација секој ден(што усвари и не беше менструација )Менструацијата ја управив некако, ама затоа па ми се јавија влакна поизразено по целото тело и акни по лицето и грбот. Посебно во ПМС тоа е најизразено. Гинекологот ми вели дека тоа може да се третира со хомонска терапија ама јас немам намера пак да пијам такво чудо, и најискрено ве советувам немојте да пиете, едно ќе управиш ама друго ќе расипеш
Од секогаш...лицето не ми било проблематично...Ни пред ни за ни после мензис немам ни сум имала некои проблеми, мнооогу ретко некое мозолче порано ама сега ништо...Дури за време м. ми е стакло лицето.