Ауф пред и за време на менструација лицевоо или ќе ми искочат мн мали како нафрлана ќе бидам или 2 3 големи кои се многу болни. Потоа по неколку дена ми исчезнуваат некако
Mногу многу ретко да ми се направило мозолче,за овие 8 год. што имам два пати можеби мозолче ми излегло Hа другарка ми кога има,скоро цело лице и е нафрлано
Ми излагаат по неколку така ситни ама последни неколку пати имам забележано дека ми излегуваат во пределот под ушите, од страна на лицето значи. Имам читано дека од полицистични јајници излегуваат бубулици таму меѓутоа се проверив и не е тоа. Инаку и исхраната мн ми влијае на лицето, последниот пат пред да добијам се убив од јадење мајонези, чоколада чуда и лицево ми беше партал ...
Ми излегуваат 1-2 позабележливи и неколку поситни, што не ме нервираат толку за 2-3 дена поминуваат, ама како што пишале повеќе девојки поназад, едноставно лицето не ми е убаво, не ми е меко, некако бледо! Понекогаш се случува да нема промени, ама најчесто ми излегуваат по неколку бубуљички и ми станува НЕубава кожата
Уффф сега е поинаку и нерви кинам овој период! Се почудив Порано ми излегуваа по две - три ситни мозолчиња на чело два дена пред да добијам,а сега ми се јавуваат повеќе од една недела пред да добијам и тоа повеќебројни и поцрвени,а мноогу ситни,глупави! Не е нешто претерано,на челото ги имам и околу носот,ама ме нервира што долго време му треба да исчезнат и морам да се замарам со нив,уфф!
Ехее, лицето пред менструација крш! Ама веднаш штом ми заврши процесот ми се чисти лицето така да не се нервирам нешто многу-многу Еве на пример сега имам две три малецки мозолчиња и една голееееема, машала машала.. Како ја растам да знаете само Спојлер дај ју ред тајни кричр...
За време на менструација мене ништо не ми е си уживам Спојлер Стомак само првиот ден ме боли,после не ми е ништо. Мозолчина никогаш не ми излегуват,можи да се случи само едно до две.Имам многу чисто лице
Порано цела се нафрлував пред да добијам, а сега на лицето не ми се појавуваат мозолчиња, но затоа грбот лом ми станува ... мир да се нема
Катасторфа, ми се појавуваат мозолчиња и си го мразам, почнав да му ставам природно домашни подготвени лосиони и џабе или не сум стрплива да видам резултати или дека не гледам промени и се одкажав и сега ништо не ставам, освен вода и бекутан тек-тук.
Понекогаш ми се прави рејлефна карта на челово,ама среќа имам шишки и не се гледа..или пак ми излегува некој голем рог, ептен болен и никаков. Избегавам огледало тие денови.. И ко за превенција витаминска маст или па еден гел од Грин лајн.. Али витаминската маст е универзална. За све.
Не е само до кремот за време на менструација. Треба да се пие повеќе вода и да се јаде овошје и зеленчук. На пр. морковот е многу добар за кожата и ако го консумирате за време ан менструацијата нема да има никакви проблеми Секако и правилно чистење на кожата и нанесување крем соодветен за типот на кожа.
Се нафрлувам секогаш пред, или пост менструација. Еве сега ја негувам теткицата ми од Австралија, онаа црвенокосата, а лицево ми е океј. А сега дека се пофалив, ќе ми излезе некој рог на сред лице.
Најдобар знак дека црвеното ферари е на патот. Лицето. Преку ноќ се прошарува со некоја нова акна или сочна бубуљица. Избегнувам мрсно и благо постојано, а посебно пред менструација. Џабе. Пилинг на лицето и секоја вечер пред легнување од бугарската Здраве. За некој ден си доаѓа во нормала.
За среќа, немам некои поголеми проблеми со акни, ретко се случува да излезе некоја поголемка пред да добијам. Како на пример, овој месец, имам на чело еден рог, мислиш во екот на пубертетските денови се наоѓам. За среќа само таа една единствена е. Понекогаш ми излегуваат малечки и ситни акни, и тоа 2-3 преку сила. Малку ми е помрсна кожата тогаш, и тоа е. Инаку, мака мачам со мојата комбинирана кожа, па така за време на циклус уште повеќе се уклучуваат сијаличките на челото.
Недај боже да ја имате таа среќа да ме видите една недела пред да добијам и неделата кога имам добиено. А богами и неделата после тоа. Страшно. Една недела пред да добијам имам неколку ситни мозолчиња, кои секако, ги стискам одма, не можам мирна да седам. Кога ќе добијам, па кога ќе излезат тие роговите, абе милина. Па кога ќе почнам да ги стискам, па стискам, па стискам, па ќе се добие огромна рана со пречник 1/2 см. И следната недела си шетам така со рана, бидејќи мора секој ден да ја чепкам пак. Ставав Хлоракол порано, ама од кога дознав колку е штетен, прекинав да ставам. Сега се мачкам со алкохол преку ден, а навечер ставам една маст (домашна е, стрина ми ја прави). Кога излегувам од дома ставам малку Нивеа на лицето. Последниве 2 месеци, кога добивам ми излегуваат мозолчиња на градите. Тие барем за три дена поминуваат, овие другиве, да не можеш да се отарасиш од нив. Дури една недела во месецот ми е чисто лицето... и тоа не скроз..
Имам чисто лице, па и за време на менструација. Единствено пред да добијам ми излегуваат 2 до 3 мозолчиња, не ги чепкам за да не ми се иритира местото, па да направам поголемо црвенило. Откако ќе добијам, автоматски ги снемува
Лошо. Обавезно негде на лицето ќе ми излезе крокодилче што боли, кине. А се случува и да залута негде, на уво на пример. Се помирив дека нема спас. Затоа и пудра користам само кога имам добиено