обавезно ми излегува една подкожна и толку....евентуално откако ќе добијам тие 2/3 дена мали црвени ми излагаат и самите се повлекуваат во рок од 24/48 часа
па обично ден пред да добијам ќе ми излезе едно до две бубуљички (поситни фала богу ) се стискаат истата секунда кога ќе се забележат и се завршува работата.
Пред да добијам ми искачаат неколку огромни и зашто неможам да ги поднесам ги стискам и ми се праат флеки и додека да ги средам флеките ми доаѓа пак и така цел живот само со акни се расправам
Мене скоро 1 недела пред да имам менструација ми излегуваат бубуљички. Не се многу, 3-4 ама онака поголемки. Една секогаш е над устата, значи тоа е нешто задолжително, а другите се на образите
Цело време ми е чисто лицето и за време на ПМС ми излегуваат две-три на чело. Се додека се окулу три добро е, ама ако почне цело лице е ужас. Потоа секоја вечер го чистам лицето со лосион и гел против акни, па колку толку се повлекуваат.
Една брунка на чело, една над горната усна, и околу усните такви малечки ситни црвени. Од кога ќе ми заврши циклусот, веднаш ми се повлекуваат.
пред циклусот ми се прават по една-две брунки на лицето, болат, но ги мачкам со хлорамфеникол маст 5%, па поминуваат ако истрпам да не ги сиснам. А стискањето е лошо, флеки ми се прават.
Пред да добијам ми излегуваат многу, а откако ќе добијам како да почнува да ми се чисти. Меѓутоа, овој месец многу се нафрлав и по рамењата и по лицето, од оние страшните, со гној, што болат на допир. Не знам дали беше од менструацијата или алергија од нешто што сум јадела. Ама ако сум имала алергија би требало по целото тело нели? После неколку дена се повлекоа, ама ми е страв наредниот месец да не ме снајде истото
Meне за тој период најчесто лицето повеќе ми се вцрвенува,отколку што ми излегуваат мозолчиња,ама СЕКОГАШ ама башшш секогаш една голема мора да излезе,но најчесто на некој не толку забележителни места така да немам некој проблем ♥♥
И јас мака мачам со брунки за за време на ментруација, болки во стомакот воопшто немам, ама затоа лицето ми е катастрофа. Како ми се погоди менструацијата овој месец баш пред нова година.... ги мразам најмногу на свет, овие денови само со нив се замарам
За време на менструацијата мозолчињата се нормални.Имам прашано специјалисти и ми имаат кажано дека тока хормоните ни се активираат и ни излегуваат повеќе мозолчиња и затоа сме и нервозни.И јас многу мразам кога ќе ми се појават
Мене пак меѓу два циклуси (некои десетина дена пред да добијам) почнуваат да ми се појавуваат и лом ми се праи лицето (изгледа некој специфичен тип на кожа имам ), а неколку дена пред да добијам и за време на циклусот ми се чисти. Ама се навикнав веќе, гледам за време на тие мои „критични денови“ повеќе хигиена на лицето, менувам постелнина, не го фаќам со раце, почесто го чистам со лосион и маски ... не дека спречува, но барем помага помалце да се појавуваат и да не се толку црвени
Мене 1-2 недели пред менструација лом ми се прави лицево, незнам од која страна не ми никнуваат па коа ќе фатам да ги стискам крај не ми се наоѓа. 13 кила пудра не ме спасуваат тогаш.
Мене ми излегуваат акни недела дена пред да ми дојде. Потоа ми се чисти лицето. Ми се појавуваат по 2-3 на цело лице, мали се ама ме нервираат. Јас не сум стрплива да дозволам сами да се повлечат туку ги стискам, и до тие 2-3 уште толку ми се појават отпосле. Ама, не можам да се пожалам. Моите акни се ништо во споредба со некои какви се пред да им дојде.
Темава подобро да гласеше пред менструација зошто мене неколку дена или недела дена пред да ми дојде знае по некое мозолче/акниче да ми излезе на некое место на пример на брада или на чело или во краен случај на нос. Многу ме нервира, ама тоа е, мора некаде да избие и да е показател за тоа што следи т.е за циклусот.