ЛИЧЕН ТРЕНЕР Да имам повеќе прашања: Какви квалификации и сертификати имаш за да бидеш личен тренер? Каде до сега си работела? Може во пп услови и цена? Фала
Ми треба личен тренер сакам да се здебелам малце ама нова сум во Скопјево и незнам каде да најдам.Некој да ми препорача?
тренер Дали имате искуство со личен трениер,мислам на тренер со кои сте имале навистина добри резултати и навистина сте успеале.Имате некој да ми предложите?за слабеење ми е...
може ли некој да ми прпорача добар личен тренер со кој навистина се постигнуваат резултати..Ч) ви благодарам за слабеење ми е
Најдобар личен тренер е мотивацијата во себе, упорниот карактер и вистинско посакување на резултати, личниот тренер е повеќе за како да изработуваш вежбите и евентуално исхрана да ти посочи, меѓутоа тебе мислам дека не ти е неопходен, треба само да тренираш, повеќе кардио и добра исхрана. Ако незнаеш што да јадеш ќе те посоветуваме тука на форумов, битно е да се решиш и да не се откажуваш.
Како можам да најдам тренер и дали можеби овде има некој што би ми препорачал тренер за вежбање во фитнес клуб и кој ќе ми дава совети околку исхраната?
Здраво на сите! Ако има некој фитнес тренер на форумов нека ме контактира во ЛП, ми треба мала помош. Благодарам
Можеш да го побараш мојот тренер од клубот каде што вежбам. Клубот се вика Nagomy Fitness, а јас работам со Oliver Celeski или можеш и со Stole Ristovski, побарај ги на фб и двајцата се беспрекорни.
Вака девојки. Кога јас почнав да вежбам почнав со личен тренер. Почнав во клубот Nagomy Fitness и се уште после 6 години вежбам таму. Тренер ми беше Оливер, и сум многу задоволна од него. Имајте во предвид дека да вежбаш со личен тренер кој ќе ти го посветува целото свое внимание само тебе кошта многу. Не секој може да си го дозволи. Но затоа ќе си барате теретани кои што имаат тренери на кои им е работа да ви помогнат. Не е исто како со личен тренер, ама ќе ви заврши работа ако сте почетници. Иако, кој може да си дозволи да си плати топло би му препорачала. Напомена: личниот тренер може да направи чуда со вас само доколку сте истрајни, упорни и внимателни, и искрено сакате да направите промена во вашиот живот. Може тренерот да ви склопи перфектен тренинг и план за исхрана, ако вие си правите екскурзии во храната и ескивирате од тренинзи сите пари на светот не можат да во помогнат. Имало случаи во теретанава каде што еден дечко за една година ослабе ако не се лажам повеќе од 40 килограми, и не само што ослабе туку и се стегна. Ама беше страшно упорен, алал да му е. Така да, прво расчистете со себе а потоа барајте тренери
@DigY може да ми κажеш малκу повеќе оκолу дипломата, κаде завρши и слично? ЛП по можност, ќе ти бидам многу благодаρна, навистина ми е важно.
Здраво дали познава некој што е навистина добар личен тренер и вррмето додека вежбаш ќе ти го посвети целосно.Ми треба бидејќи имам здравствени проблеми и приморана сум да вежбан со тренер ако знаете некој ве молам пишете поздрав