Jaс пробав неколку пати да водам дневник ама неуспешно Како мала водев и го најдов па се изнасмеав Знам некои пријатели кои редовни си водат дневник и знам една професорка ни кажуваше дека и таа водела...
Водам личен дневник. Добро, понекогаш е личен, понекогаш ептен е општ. Еден таков „поопшт“ дел од дневникот му имам подарено на еден близок другар. Да си го чува за спомен. Ако некоаш будем леџенда да се гордее сос мене.
И јас сакам да видам онака ќе почнам од тринаесета,малерски број.Од роденденот и ќе гледам за наредниот нова книга и се така за еден ден кога ќе бидам стара да се присетам да детството така ни велеше наставничката
Еве го мојот дневник од 3то одделение. Here we go... “ Моето хоби е да играм SONI. Јас сакаам да чувам гуштери, пајаци, шкорпии, змии... Но, затоа сега во 3то почнав да учам виолина ( Прекинав после година ипол ). ’’ A Каква врска има едното со другото, тоа не знам. Наредна страна.. “ Се заљубив во Стефан, тој има 10 години и е одличен ученик, и многу добар другар... Никој не сум сакала волку многу како Стефан.... ’’ Наредна страна... Дезл + Стефан, Дезл + Стефан ( во срценца ) ............. Наредна стр. Филип + Дезл ( во срценца ) “ Мастика џвакам, Стефан го сакам, балонче правам, извини те заебавам ’’ Е сега ова е ненормално Сум напишала вака : Филип се викаш. Иако си 5то, јас те сакам. Лицето ти е нежно! И си многу уПав. ( ваЉда сум сакала убав да напишам ) Прекрасен си и те сакам знај од се срце. Наредна страна... “Црна машна, бела ташна Пукни Филип, друг сум нашла. .............................................To be continued
Ко што спомнаа погоре..што ќе ви се лични дневници, кога имате теми како "Сакам да кажам", и "Што би му кажале" Dazzle ме изнасмеа И ме потсети на деновите кога и ја си водев дневник,основно негде, и си пишував за платонските љубови. Еднаш сме се виделе, и едно здраво дали сме си кажале, ама леле бе леле колку е убав, He's the one ! А за приватност...незнам што сум се мачела да го кријам воопшто, на ѕид да пишував помалце луѓе ќе го прочитаа.. во тоа време со брат ми си делевме соба, па не беше тешко да дознае и да се "потруди" да го најде, цел ми го имаше прочитано, па му кажувал на братучед ми, на братучедка ми мислам дека јас и давав да чита нешто, да се смееме Сега си го чувам во фиокче, многупати сум сакала да го фрлам, ама се нешто ме одвлекува, никако да се нафатам
Аххх, колку пати сум сакала да пишувам ама страв ми е да не го најде некој и да го чита. Да прашам само каде можам да најдам кутија со катанец и клуч?
Имам поолно дневници од кога бев мала. И ги чувам како очите, па таму се сите мои спомени... цело мое детство, многу работи кои сум ги заборавила. И сега имам еден дневник ама ретко кога пишам. Сега ќе почнам...
Имав свој дневник од забавиште Глупости еден тон . Па цел дневник станал како кариологија . Само срциња. Теди + Иван. Така 3 страници, сваштарија бре. Го најдов лани и се смев до бесвест
Немам дневник а не ни сакам да имам. Зошто кога-тогаш ќе дојде на виделина и сигурно некој ќе го прочита. Не сакам да ризикувам!
Водев дневник еден извесен период. Но се разочарав. Една моја тетка (млада приближно моја генерација) со која се дружевме премногу, беше кај нас на гости. Беше баш во собата каде ми беше дневникот и прочепкала низ тетратките. Се со цел да ми го видела ракописот, оти убаво и сум пишувала. На крај налетала на дневникот и си читала од него . Кои тешки глупости ги имаше во него, не можам да опишам. Од тој момент кога ми го кажа тоа, се збогував со дневниците. Го искинав и го изгорев и завршив потполно. Сега ми е мирна душичката .
да водам.. не запишувам секој ден ама на 1 недела обавезно по нешто запишувам знае една другарка но не ми го има прочитано само знае дека водам
Порано си водев личен дневник, знам за секоја симпатија што си имав за секоја си пишував посебно и може едно 5 дневници да сум пишувала. И секој ден само за нив сум пишувала, знам еден најдов пред некој ден сум се изнасмеала од толку глупости
Кога бев помала некаде 6-7 одделение си водев дневник. Постојано си запишував што ми се случува. Многу пати го имам читано и никогаш не ми е досадно да го читам. Толку се смеам на глупостите што сум ги правиле и пишувала. Убаво е така кога има нешто што ќе те врати во минатото, во лудите години.
Си водев дневник цело време додека бев мала, во тефтер и се што ми се случува си запишував ама накратко, обрнував внимание се да опфатам и ми беше во приватност, но потоа не. По некое време ми здосади и го забутав негде и сега не можам да го најдам, а баш сакам да видам што сум пишувала, да се потсетам, но изгледа негде фрлен ми е. Иначе не би да го запалам, нема потреба
си имам дневник бидејќи навистина ми е потребен.никој не ми го чита бидејќи не дозволувам и го почитуваат тоа инаку си запишувам секој ден веќе предолго време
Имам дневник/споменар веќе подолго време.Порано на компјутер си пишував но откако татко ми почна да го користи компјутерот некако не ми беа на сигурно место па решив во споменар.Сториите ги пишувам по 2,3 страни.Го кријам под кревет во кутија.И кога ќе немам повеќе листови тоа дневниче би си го чувала.
Па стопати имам почнато и имам престанато...ќе почнам ќе ми се здосади па ќе го фрлам којзнај каде..па ќе ми се случи нешто не убаво во животот пак ќе почнам да пишам па пак ќе ми се здосади и така...моментално немам дневник