Порано да,водев дневник..ама ми се имаат случено непријатни случки и со загрозување на приватноста.. Го земав го искинав и го фрлив во канта за директно да оди во отпад. Од тогаш па се до сега мојот личен двеник се наоѓа во мојата глава..има секакви информации.Ми се допаѓале или не..тоа е.Важно е што повеќе никој неможе да се послужи со итрост и да го прочита мојот дневник. Освен ако јас целосно не му се отворам и да признаам и потврдам се што е снимено во мојата глава.
каков дневник, ма нема шанси, никогаш пак, Водев Дневник во средно ама мојот беше посебен случај, запишував само што глупости сум правела, кога сум почнала цигари да пушам, кај сум одела што сум правела, и се тоа врвна тајна , и си заминав јас во друг град да студирам,а неколку пати си планирав кога ке си дојдам дома да го најдам и да го фрлам некаде, арно ама мајка ми чистела генерално во мојата соба, и оп го нашла, за моја несрека па и се прочитала внатре, лелееее кога се вратив дома, подобро да се обесев некаде отколку дома да сум се вратела, па тоа беше крвава династија, сама против сите опасно нешто, и од тогаш никогаш пак ни дневник ни ништо слично.
јас имам водено дневник како помала и сег сакам да почнам пак..имам една убава тетратка ии сакам во неа да пишувам.. сакам да ја направам убава и да ја чувам секогаш на пр да пишувам што ми се случувало но и како споменар да биде со љубовни песни и слично .. па дајте некоја идеа ако сакате
Аман,колку споменари си имам уништено. Ќе почнам да го пишувам и другиот ден ќе заборавам дека сум почнала да го пишувам Најдов еден споменар од 3 одделение кога сум пишувала. Устата ме боли од смеење. Кои глупости сум ги пишувала,тоа е немогуче
Имав еден еднаш, пишував за може 1 година еднаш месечно... Не дека сакав да имам дневник, туку сите други имаа, па си викам ајде и јас да пробам... Сепак, за неколку години интересно е да си читаш се што ти се случувало... јас само 12/14 страни си прочитав, многу смешно беше
јас порано водев дневник во кои ги имаше сите мои тајни и исте случки што ми се случиле. Брат ми го пронајдел случајно, и прочитал се. Колку се срамам сега од него . И тогаш го запалив дневникот и одлучив никогаш веке да не пишувам дневник,а навистина сакам пак да почнам.
Како мала си пишував дневник, но го криев никој да не ми го чита. Сестра ми фино лепо си го нашла и си го читала. Кога дознав се изнервирав и од тогаш не пишувам. Денеска никогаш не би почнала да пишувам, зошто се што треба се запишува во паметот
Од многу мала водам дневник.. Добив инспирација од цртанот The Barbie Diaries И од тогаш (2006) си водам дневник порано глупости пишував и тоа секој ден што ми се случило Имам еден завршено и тој ми беше со клуч и мајка ми знаеше за тој.. Ама сега си почнав и нов и си ги пишувам најубавите моменти од животот а не секој ден што ми се случило Пр. прееска чистев и ми текна да го отворам и си го читам тоа последното што сум си пишувала и глеам дата 22 декември 2011, и ми текна дека од тогаш мноогу убави (и лоши) работи ми се случија па мора да се запишат.. Иначе за овој дневник никој не знае, а да дознае па ич не ми е гајле И некако многу ми е поубаво кога ќе си пишувам таму си се истурам и си запишувам се и после кога читам што ми се случувало многу ми е убаво... А за понатака не планирам ни да ги дадам, ни да ги палам (освен ако не дознае некој за него ) сакам да си ги чувам и после да си се потсетувам на овие денови
Јас водев еден кога бев во пубертетот. За да не дознае никој лажев дека ми е тетратка по математика, кога ќе пишував клавав триаголници, лењири и други глупости и кога ќе поминеше некој баткав нешто за математика како некоја бајачка. И татко ми еднаш за да провери дали пишувам домашна да види што сум напишала: Денес нешто чудно ми се случи. Одам во ВЦ шо да видам крв, многу ми е срам да му кажам на некој а мајками ќе паничи. И сега другиот ден: Абе уште крв од п**** лија до пизду материн, не се сопира. А слично одеше и наредните денови, нема што да правам едноставно си ги полнам пантолоните со толет, ко ќе ме види некој ќе си речи сум се дрскосерувала од напред. Идам дома од училиште го гледам татко ми седнат на кревет со тетратката, ја фатив и да ме нема. Од тогаш никогаш не сум отворила дневник, ама сега го водам оти се преселив и никој не живее со мене освен ако кучето ми го најди.
Дневник водам уште од прво одделение.Имав научено да пишувам порано,ама тогаш почнав.И може ќе си кажете малечка,ама сестра ми имаше тогаш другарка која водеше дневник од 4 години(во првиот дневник шкртала разни работи што ги чувствувала ). Имам огромна кутија(повеќе би ја нарекла ковчеже) во кое ми се складирани сите дневници,споменари,лексикони и значајни писма,дрангулии некои од малечка што ги чувам.Кутијата уште до ден денес си ја чувам,многу ми е значајна.Од прво одделение дневникот сум го водела 4 години и ќе ви цитирам нешто. 1.9.1996. Не ми се спие но касно е.Мама ми рече да спијам.Тато ме баци и ми даде.Кукла сакам да ми купат нова.Утре ќе гледам телевизија.Се видам со Нина.Ручам и спијам.Сега одам да спијам.Чао. 19.3.1998. Здраво дневнику како си?Ја сум супер и денес немам многу домашна задача.Ќе напишам и ќе си играм со другарката.Ти што правиш?Мене мајка ми денес ми е на пат,ќе си дојде утре.Тато не чува нас 3.Дада ми рече да не кажувам на никој дека по грешка скршила чаша.Ама ја видов и ќе ја кажам може на мама утре.Може нема да ја кажам.Или ќе видам.Ама не е добро што скршила чаша,од што ќе пиеме ние ако крши?Денес ќе гледам телевизија.Многу ми е интересна серијата.Тато ми кажа дека ако спијам денес попладне утре ќе ми купи нова кукла.Ама мене не ми се спие.Ќе му кажам дека ќе спијам,а нема да спијам. 10.6.1999. Здраво дневнику!Што правиш?Ќе се распуштиме и нема веќе школо.Потоа ќе си играм секој ден со куклите и со другарките.А знаеш ли што?Не ти ја кажав големата новост!Со моите другарки направивме куќичка од картон и дрвца близу мојата куќа.Ставивме чашки мали,ќебенца,и перници.Ако не пуштат некоја вечер ќе спиеме тука.Едвај чекам!Мама и другите мајки ќе го исчистат и средат куќичето од внатре.Го слушнав тато кога збореше со мама дека е опасно да не остават сами таму.Сме биле малечки и можело да се распадне и да не повреди.Ме нервираше тато.Му кажав дека го слушнав.Утре ќе одиме на екскурзија од два дена.Сите деца сме среќни.Јас ќе спијам во соба со моите 3 најверни другарки.Се гледаме подоцна!!! 13.6.1999. Денес се вративме од екскурзија и сите 4 другарки сме најсреќни на свет!!!Некој ни ја направил куќичката многу убава,обоена е црвена и е целата дрвена.И поширока е.Ова е друга многу поубава куќичка.Не собира сите 4 за да легнеме и мора да спиеме некоја вечер тука.Сега ќе се јавам да кажам на мама и тато дека куќичката е направена. Тато ми кажа дека тој и татко и на Еми ја направиле куќичката.Многу го сакам тато и ќе му направам честитка утре!!!Чао! Ова горе изрецетираново е секако поправено од печатните грешки,и нив ако ги пишував,многу ќе разберевте,се кладам. Ете,тоа е само дел од моите глупости.Леле таа куќичка уште ја жалам,толку игри поминаа во неа,имаше и катанец со клучеви..Од внатре беше исто како за малечки девојчиња. Се тоа си траеше додека не се вративме од одмор еден ден и беше скршена вратичката и внатре имаше шприцеви,игли,грозно беше.Колку плачење удривме со другарките,цел месец неможевме да ја прежалиме .И после ја поправавме,пак истата постапка.Навечер доаѓаа тие со многу гласна музика и беа многу гласни.Најпосле ја растуривме целата куќичка.
Од малечка пишував, но сите тие се некаде фрлени. Многу ме нервираше мајка ми кога ми ги читаше, па повеќето и јас сама ги фрлив. Хахахх.. од пред една година почнав да пишувам дневник и ми стана секојдневна обврска и задоволство. Најубаво ми е кога ќе седнам и пишувам се што ми лежи на срце. До сега имам завршено еден дневник а вториот ми е повеќе до пола напишан. Имам и во нив напишано ќе напишам и овде дека тоа е ми е вистинско богатство од мојата душа!
Не водам личен дневник,но во тефтер си пишувам поезија некои убави текстови,мисли,поговорки и правила за среќен живот, цртам .. Како мала сум пишувала во споменари и кога ги најдов леле се изнасмејав Кога почнав да водам дневник мајками ми го прочита а само што почнав да пишувам неколку страни имав напишано ама прекинав
Си имав јас дневник во четврто одделение, ама сестрите ми го прочитаа и после ме зафркаваа за Бојан, тогашната симпатија Повеќе немам пишувано, а баш би сакала да се потсетам на сите глупости што сум ги правела, вака се премногу за да ги запомнам
Порано кога бев помала водев дневници(тоа некаде 7-..Пишував што сумм јадела ,пиела коа сум легнала коа сум одела кај баба ми ,тетка ми ,братучедите...Што сум купила на кого за роденден и такви глупости.Кога имав 12 год почнав за проблемите дома,школо како не ми се учи ,а ме тераат како не ми се иде у школо и такви глупости.А сега пак не ни пишувам ,ама многу сум среќна коа ќе најдам такви дневници..
Интересна работа,имам почнато да пишувам на лист го скрив во една тегла на поткровје кај мене дома.Бев мала 8/9 години мислам.И наредниот ден се качувам и кога да видам листот го нема леле ама испаничив реков готово ме дознаа,а уствари тука беше само јас понапред сум гледала Срце ме стегна. Од тогаш сватив дека јас неможам да пишувам личен дневник зошто немам кај да го скријам.Сега можам,ама не ми текнало,ете добра идеја е ќе размислам.
Водам дневник од пред 6то одделение, но ретко, некако повеќе во последниве 2 години. Сега веќе 2 месеци немам пишувано затоа што неможам да одлучам дали некои работи што ми се случија сакам да ги има во мојот дневник. Приватност сега имам, иако до пред 3 месеци некаде го делев дневникот со моите најблиски другарки, а и тие нивните дневници со мене. Сакав и сестра ми да го чита, но таа е светско чудо и не ја интересираат такви работи, не сака да ми се меша во приватноста