Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лични дневници

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Bright, 17 февруари 2010.

  1. Lady-in-white

    Lady-in-white Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    53
    Јас пишувам дневник, во него можам да го кажам тоа што ми лежи на душата без да ме осудува некој. Никогаш ама баш никогаш не би го запалила или нешто слично. Сакам моите дневници да ги чувам и читам се до последниот ден од мојот живот. Да се сеќавам какво ми било детството, тинејџерството па се понатака. Дневник планирам да пишувам до одредени години. До околу 27-28 години а понатака само кога ке имам потреба.... :)
     
  2. detelina

    detelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Значи ми треба утре за у школо да пишам дневник што сум праел од петок до вторник.. па незнам како да започнам. Ако може некој да ми помогне.. позз
     
  3. N1ky

    N1ky Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2012
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    26
    Јас водам дневник веќе две години и супер е.Можам слободно да си ја отворам душата а притоа никој не ме критикува за работите што сум ги направила. :)
     
  4. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Дневник

    Искрено мене оваа работа мнгу ми се допаѓа но не сум почнала да водам дневник но многу сакам.Едноставно не знам како сето тоа да го почнам.Се плашам дека некој ќе го прошита тоа и после незгодно ќе ми биде :)
     
  5. N1ky

    N1ky Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2012
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    26
    Дневник

    Ако го криеш добро,нема кој да ти го прочита. Инаку јас не го кријам ми стои во соба но никој не го отвара.Сестра ми вели „Што има јас да ти читам,тоа се твои работи“.И навистина е така. Никој ми го нема прочтано, барем досега. А инаку како да го почнеш,не е тешко.Ќе си ги запишуваш само најважните моменти за да имаш некој спомен за во старите денови,да се потсетиш. И немора да пишуваш секој ден. :)
     
  6. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Дневник

    дали дневник дали фемина исто ти е
     
  7. B.Waldorf

    B.Waldorf Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    33
    водам дневник една година, и супер ми е :) си запишувам се што неможам да кажам, се што немам на кој да кажам.. никој не ме осудува, не ми го чита,си го кријам под душек, и така, ептен ми олеснува кога ќе си запишам нешто. Поважните настани во детали си ги запишувам, другите онака во кратки црти. Кога ептен сум тажна, лута, нервозна знам да напишам и по 2-3 страни. хахахахаххаах :)
     
  8. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
     
  9. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    418
    Порано водев дневник но престанав кога сфатив дека цела таа моја интима може да биде прочитана од некој кој би налетал на него и се решив да си ја зачувам за себе. Сега се забораваат бројни моменти, но подобро е така.
     
  10. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Кога бев помала (во основно) си пишував дневници се додека мајка ми не го најде и не прочита се што пишуваше внатре е од тогаш престанав :lol: Сега си имам тефтер каде што запишувам се и сешто пр.за редовност на месечен циклус,за фарбање,шишање,за посетени места и сл.и почнав да си пишувам и за секој ден посебно што ми се има случено но накратко :)
     
  11. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Да, водев дневник порано и пишував добри 4-5 години. Секој ден по една страница. И сеуште си ги чувам. Навика ми беше на крајот од денот да го земам дневникот, да го напишам датумот во горниот десен агол, и да почнам да пишувам :)
     
  12. rozy

    rozy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    121
    сум пишувала дневници но мислам дека сега не би го правела тоа немампотреба се што имам да кажам го знае мајата најдобра другарка ми ги знае ите тајни мисли се така да дневникот е за мене само за забава
     
  13. Bel-Golub

    Bel-Golub Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2011
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    48
    мојот дневник е впишан во една книга така да нема наскоро да биде дневник туку книга да даде господ...
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум ги сакала.Фала богу имам добра меморија, па се што било важно и убаво во мојот живот си се сеќавам на тоа, и без да го запишам.
     
  15. Tej4e

    Tej4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    хихихихих и јас си имам дневниче и пишам кога сум си слободна или кога ќе почне да ми недостига дневничето мое, кога сум разочарана или пак кога сум хепи до даска. иначе почнав да го пишувам од 5 или 6 одд не сум сигурна треба да проверам, ама си мислам летото пред 6 одд дека беше започнат. Кога ќе почнам да читам шо сум пишуала и кој сум сакала, колку сум била затрескана уште во 6 одд, ми се иде да се фрлам од тераса |( . А тоа е црвено по боја и има една налепница на која со печатни букви е напишано “Мини Дневник на БлаБла БлаБлаКовА“ и не го давам на никој ! Еднач баба ми (млада е мојата бабичка, знае да чита) ми го земала и кога ја видов дека разлистува ми се идеше да ја натепам, а таа беше упорна и не ми го даваше ама јас силно го затеглав и ќе излезев преку прозорец (тогаш бев 7 мислам) и веќе не и е текнало да пребркува во моите работи и да чита туѓи дневници. Тогаш имав среќа што не прочитала нешто важно туку дека тестот по математика сум извадила 4 и не сум го покажала дома :rofl: .
    Кога ќе почнам да го читам дневникот, почнувам да си го мразам животот, проклетото минато, и самата себеси бидејќи сум била стварно наивна и “лесна“ личност (демек сега сум подобра) ама ајде пусто детство... и тоа помина :D
     
  16. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504
    Пишував и јас пред едни добри 6-7 години :D
    Дете како дете, што може да пишува. Што сме си играле дента, сум го бркала симпатијата во школо... Ме потегнал за коса, значи ме сакал... :D
    Сега веќе не ги чувам, кога се изначитав глупости решив да ги фрлам, не знам зошто... :)
     
  17. BlondeGirl8

    BlondeGirl8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    115
    па имам водено дневник ама сега си водам тоа не како дневник туку во него си запишувам се и сешто пример еден незаборавлив ден , основни податоци од страници каде имам направено акауни фб фемина јутуб и други... во тој т.н дневник пишувам песни кои ке ми се допаднат и кои ми се мноху заразни, ставам некоиадреси кај што теба да видам подоцна , си водам сметка колку штедам парички си имам залепено сликички од малчка си лепам слики од некои незабпоравни филмови групи ова она познати личности си пишуам некои пораки убаво ми е украсен и нето за симпатијата :$ :$ :$ и другоо ама едноставно е многу убав така во вид на дневник :D :D :D
     
  18. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Dazzle,си ме изнасмеала :lol:
    Иначе јас не водам дневник,водев во 5-то одд.ама го испокинав и го фрлив.И од тогаш навака не :D
     
  19. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Хахаха да ви кажам ке пукнете од смеење.Сестра ми е 8 год постара од мене и кога имала 16 год пишувала дневник,и тогаш го имала првиот секс,а мајка ми го нашла и дознала.И почна да и се дере нешто на сестра ми и ја идам кај дедо ми и го прашувам што значи тоа секс :D :D :D (а имав само 8 год).Абе циркузии.И ден денес сестра ми ме зафркава со ова.Јас на тоа мн не се секавам,ама затоа мајка ми и сетсра ми те како се секават.А инаку јас не сум пишувала дневник. :D :D :D :D
     
  20. blaa

    blaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    378
    Сум пробала неколку пати да водам дневник, ама неможам. :D Ме мрзи да пишувам бе.
    :wasntme: