Порано пишував, можеби испишав две тетратки но некако ми беше страв да не ми ги најдат и ги изгорев Сега веќе не пишувам
Како мала редовно пишував.Имав еден од детство и еден кога сум била малку поголема. Тој вториот ми беше убаво украсен и имаше и слики. Не знам што ми стана пред некоја година ги извадив сликите ,а дневниците ги фрлив. Во секој случај се убав начин на празнење на душата во позитивна смисла. И убаво е кога после некое време можеш да ги прочиташ. И да повлечеш паралела каде си бил,како си размислувал и до каде си со постојаниот процес на растење и надградување. Моментално Фемина ми е дневник каде што си кажувам се што ми лежи на срце.
Имам водено, ама по 3-4 дена Сега си запишувам во нотез текстови на песни што ми се омилени, на крајот каде што има за телефонски броеви си запишувам дата на раѓање на познати личности. Порано во нотез препишував текстови некои.
До лани пишев у тоа дневникот ко ненормална.. А сега незнам ни кај е.. Инаку у мојов т.н “таен“ дневник (жими тајниот..Брат ми некој ден го нашол и се да прочита ) и од тогаш не сум го чепнала..
Си водам дневник едно година ипол.Интересно ми е сега да си прочитам што се сум праела тогаш А за криење,не го кријам пош мислам дека нема никој да ми го прочита
Го започнав пред скоро време, еден месец. Пред тоа имав неуспешни обиди за започнување, а сега ми стана навика и неможам без него.Исто така си црткам во него, пишувам делови од песни, имам листа Before I die (и отстрана има место оставена за да штиклирам што сум направила досега) А, ако некој се доближи до него, ќе има тешки последици. Мразам да ми ја уништуваат приватноста. Но сепак, го чувам во фиоката каде што ми стојат тетратки и книги за на школо а никој не ми чепка тука. Спојлер Ако го најдите немој да читате И не, никогаш нема да го искинам, запалам, фрлам. Тоа е дел од моите спомени, дел од мојот живот.
Имав едно време но се случи моите додека ја преуредуваат собата да ми го најдат и да ми го причитаат. Тогаш им бев премногу лута и од тогаш сум почнала пак да пишувам но никогаш не ми било навика.. сега немам дневник и сите можни сум ги искинала до најмали парченца и сум ги фрлила.
Пишував дневник порано,баш ми беше убаво да се испразнам да ги пренесам емоциите па утше поубаво кога си читам наназад и се смеев на дешавките .Ама од страв дека ќе ми го најдат мојте ги запалив и двата тефетери .Како и да се спомените се делумно зачувани во мојата меморија.
И јас почнав да пишувам секој ден , ама ми здосади и почнав само деновите што ми оставиле силен впечаток ..... Мојата наставничка по македонски рече : ако го прочиташ некому дневникот , тоа е исто како да си ја видел истата личност гола .......... хахааххах а јас го имам прочитано на сестрами во забавиште каде што дневникот содржеше само две изпишани страни
Водам,и тука ги запишувам моите денови,моите “тајни“ (кои не постојат )...Коога сум нерасположена...Секогаш. А сите вие кои не почнувате дневник поради стравот дека ке ви биде разоткриен ,земете си еден дневник со клучеви,такаа ем ке си пишувате ем ке ви биде под клуч. Инаку мојот е со клучевии,клучевите сии ги кријам на мое место а дневникотт не гоо кријамм бидејки ми е заклучен секогаш.И така да не се плашам дека некој ке ми го прочита.
Водам дневник од 2009. Тогаш не пишував така често, туку кога ќе ми текне, кога имам нешто „интересно“ да кажам или да се пофалам. После при крајот почнав поредовно да пишувам иако едно време правев пауза и не пишував, ама ми недостасуваше тоа пишување и пак почнав. Сега веќе сум при крајот на вториот дневник каде што пишувам редовно од почетоков на годинава. Пишувањето во дневник мене ми претставува вид на олеснување, секогаш кога имам нешто да кажам си го отварам дневникот и почнувам да пишувам и да пишувам, не ми е гајле колку ќе напишам. Може тоа да биде и една реченица, може да бидат и три - четири страни, битно ми е да си кажам се што ми лежи на душа без никој да ме осудува. Некои работи не можам да ги кажам на ниедна личност, па само во дневникот ги пишувам, затоа и ми служи. И не пишувам како ми поминал денот и што сум јадела, кај сум била и што сум правела, кој што кажал и слично, има и денови кога пишувам каде сум била и што се случило, не дека нема такви, ама во глобала пишувам за тоа како се чувствувам за одредени работи. И планирам да ги чувам сите дневници за кога ќе остарам да си ги читам и да се потсетувам на овие времиња. Сигурна сум дека нема да се сеќавам на сè што ми се случило, па тие ќе ми бидат добар потсетник. И планирам да пишувам дневник сè додека не се омажам. А можеби и тогаш ќе пишувам не знам.
Јас водам електронски дневник во word. Така ми е најсигурно. Плус можам да ставам какви сакам слики, да го декорирам најдобро што можам за ич пари . И ми е мерак да си пишувам тука. Некогаш не мора да пишувам ќе прогуглам некоја слика од интернет и таа ми е доволна за да ги искажам емоциите.. Пример разделба со некоја екс другарка глуварче кое го дува ветрот Кога пишувам некоја топ тајна усни со прст на нив... Некогаш доволно е само една мисла... Дури да чкртам низ тетратки па мајка ми да ме види вака најсигурно си е
И јас како симон4етоо сум посакувала многу пати да пишувам дневник ама ми е страв некој да не ми го прочита.
Дневник не сум сакала никогаш да водам, некако да оставам докази не ми е паметно, а и не сум постојана. Единствено сега скоро се зезнав, пред повеќе денови се што имав да му кажам а не можев на еден дечко ,си изнапишав на еден така подолг лист и после ко да сум му кажала , ми олесна. И идиотката, јас, заборавив да го уништам , и во брзање и преместување работи од една во друга ташна, баш тоа нашло да ми испадне, и го нашол татко ми. Го прочитал, ја викнал мајка ми на само и и го покажал. За жал таму имав напишано и за сексот со него, и колку сме си биле погодени. Човеков како што е конзервативен , мајка ми конзерва го вика, бил шокиран од тоа што го прочитал, и цел ден ме избегнуваше, а и јас него. Не знам со кој памет, си мислел дека толку време јас ништо не правам со никој, па се шокирал од напишаното... Си добив и јас лекција за друг пат, на хартија ништо не оставам.
Јас сум водела дневник уште од мала со испрекинувања и кога ќе ги најдам тие споменари, тетратки или што и да биле само се смеам на глупостите што сум ги пишувала. Инаку кога бев на одмор загледав еден убав џебен дневник, без катанче и си го купив. Официјално вчера почнав и пополнив неколку страници. Пишувам што ми се врти низ главата во моментот, не мора да е некоја важна работа. Си пишувам бидејќи тоа ме смирува. Ако не е дневник ќе најдам некое друго место да ги истресам своите мисли. На пример темата СДК. Тоа ти е онлајн јавен дневник.