Ги пишувам најпечатливите моменти од мојот живот иначе го пишувам на литературно бидејќи на дијалек не се разбира баш иначе еден целосно ипишав па потоа го искинав а листовите ги запалив
Немам личен дневник а и несакам да имам сум пробала ама неможам се мислам дека ќе ми го прочита некој и затоа не пишувам. Убавите моменти си ги врежувам во главата и толку не запишувам никаде
Личен дневник почнав да водам..испишав цела тетратка и на крајот го фрлив во оган.Зошто го започнав?-Кога ми беше тешко никој не беше до мене и никого не се интересираше па морав се да му кажам нему..
Личен дневник водам уште од пред 8 години.Но ,не пишувам секој ден и пишувам на македонски.Започнав бидејќи сакав да видам какво е чувството да имаш дневник.Веќе испишав една тетратка и почнав друга и сега за сега немам намера да ги фрлам
Досега пробав да пишувам два пати. Првиот пат,имав околу 10 години и пишував секој во еден споменар.Пишував интензивно,но потоа помалку и на крај престанав.Го испишав скоро цел,но на крај ги искинав страниците и ги фрлив. Кога имав 11 години пак почнав да пишувам,но тогаш повторно за кратко време престанав.Сега повторно нема да почнам,најискрено не ми се пишуваат најобични секојдневни работи,а поголемите работи што поретко ми се случуваат,можам да ги запомнам.Но сепак мислам дека тие поголемите нешта треба да се запишат.
Cакам да прашам каков е редот на водење денвник сакам да започнам но незнам како!? дали треба да пишувам многу баш се детално или само во 2-3 реченици? Kако пишувате на дијалект или литературно? пишувате во целини за утро, пладне... Dодајте и некој совет по ваш избор Pоздрав
Еднаш и јас почнав да водам дневник,но ми го прочитаа,па одтогаш понатаму дневник повеќе нема да водам
Си водев до пред некој месец и после почнав да изоставам (животов не ми е СЕУШТЕ со авантури ) па прекинав и сега треба да го барам
Планирам да го продолжам мојот дневник со кафена корица целата искината.. Имате некоја идеја како да ја поправам.. ОК не ми се смејте. Ќе издржам со скината корица некако.. А едвај чекам да почнам да пишувам..
Па можеш да го залепич со некоја украсна хартија во боја и да го украсиш. Инаку и јас си водам дневник постојано..Секој ден си запишувам како ми бил денот и си се просетувам.Имам повеќе тетратки и понекогаш кога ми текне ги читам и сама си се смеам.Ги чувам во една кутија поолна со спомени
Имам дневник,но ретко кога шпишувам Веќе неколку месеци немам ништо запишано ,ми се нема случено нешто посебно,но и да ми се случило немам време за пишување .. И да да се надоврзам на претходниот коментар можеш да го украсиш со самолеплива хартија,на корицата залепи ја хартијата можеш да рташ нешто твое или пак во книжарница спобарај украсна хартија и залепија со лепило...
Многу имам мерак и јас да пишувам.Ама се решив,дефинитивно утре ќе одам и ќе си купам некоја убава дебела тетратка и ќе почнам да пишувам.Убаво е да пишуваш,па послем кога ќе читеш ќе се сеќаваш на старите години....А јас биго пишувала на Англиски,од дома никој не знае освен вујко ми.Како и да е на него го мрзи да чита .Ако пишувам на Англиски нема кој да ме разбере,само јас ке си знам што пишувам...
Имам дневник го пишувам но не редновно .. најчесто пред да си легнам пишувам но понекогаш заспивам и заборавам па затоа поважните моменти ги запишувам
и јас многу сакам да почнам да си водам дневник, кога ми е тешко некогаш а неможам на никој да му кажам па да си олеснам сама себе си . Но страв ми е некој да не ми го прочита па потоа ќе ми биде многуу срам .. сакам да си купам некоја убава тетратка, или некој убаво декориран нотес па да почнам да си пишуваммм ))
Иако имам 18 години и се чувствувам многу зрела, до пред некое време водев дневник. Престанав затоа што ми се потроши и се некако немам време да купам нов. Ама баш е интересно по неколку години да се потсеќаш во детали што ти се случувало баш во тој период од животот. До сега имам испишано три A4 формат.
Фала ви на советите како да ја украсам корицата, ама не е баш тоа проблемот, корицата е искорната од листовите, тоа е проблемот.. Ама нема врска, не сакам да го „реновирам“ нека остане таков стар и искинат, таквите работи ми се помили, бидејќи не ми ОК по 20 години да читам екстра нов дневник кој сум го пишувала.. Нека остане така.. А ете никако да ми дојде паметот да го продолжам - ај денеска здравје ке го продолжам
Јас од денес ке почнам да пишувам.Не постои никаков страв дека некој од домашните ке го прочита,бидејки едноставно немаат време за тоа.
Имав порано дневник од оние детските и нели во него ти пишуваат другарките на такви страни што се. Се сеќавам баш на еден многу лош момент.Дента кога умре Тоше,пишував за баба ми во тој дневникот и баш омилена песна и беше:Твоите бакнежи на моите бели кошули.И после 5мин. откако напишав слушнавме на вести за Тоше Се извинувам на оф-топик,сега немам дневник.