1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лични дневници

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Bright, 17 февруари 2010.

  1. Mar4u

    Mar4u Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    22
    Планирам да почнам, ама не класичен туку малце по разигран, не со цели реферати ако ме сфаќате што сакам да кажам :D
    Нешто како во ЛОЛ
    [​IMG]
     
  2. Soldier

    Soldier Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    78
    Сакам да пишувам во мој приватен дневник,тоа е место каде што можам се да кажам без никој да ме осудува,слободна сум.Затоа од денес ке почнам да пишувам и ке пишувам неколку години,сакам кога ке пораснам да читам и да се потсекам на старите времиња. :)
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  3. NewYorker

    NewYorker Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    95
    Јас почнав во 7 одд. да водам дневник,но го запоставив и ене го сеуште ми стои под душекот на креветот,нечепнат. :lol: Едноставно не сум јас за тоа,мислам ќе почнам да водам,едвај ќе издржам 2-3 недели и толку.Неколку пати сум пробала да водам дневник,ама никогаш не сум успеала. :lol: Јас моите сеќавања ги запечатувам со фотографии. :$ Секаде каде што излегуваме со другарки,јас го носам својот апарат и секогаш се сликаме.Потоа си правам папки во компјутерот,кои ги именувам со дата или пр.роденден,нова година.... и во нив ги ставам сликите,во други зборови си правам албуми. :)
     
  4. Emilia.Attias

    Emilia.Attias Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    Јас почнав да водам личен дневник во 2010-та и многу ми е подобро кога водам дневник бидејќи ми е многу убаво кога моите најголеми тајни, болки, радости ги споделувам со нешто што не може да ми ги искаже. :)
     
  5. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.990
    Пол:
    Женски
    А јас денеска го продолжив мојот Сикретчувар (така си го викам :wasntme:) и тоа со реферат од стр. 99 до 106. Да, да.. изнумериран ми е до 200! Си ги запишав поважните случки.. А сега ја планирам корицата.. ненормално е искината и веќе не можам да ја гледам.
    :tmi:
    Подитно почав да лепам секакви хартијки, да ја украсам, ово, она.. оти така не бива. Планира од друг дневник да почнам... Сикретчувар дел 2. Ама овој и така не ми е довршен, зошто да го прекинувам. Најверојатно ради корицата, но ништо не е... И така немам тефтер „достоен“ за да седне на тронот на мојот леџендари Сикретчувар.
    И + нема кај да го сместам ова:
    - Во дневникот нешто мн. се израдував и си смислив збор за ооооогромна радост:
    - ЕМАРОС ^_^
    И ќе речеш, се радувам Емароооос, емароос!!
    Лудости... :tmi:
     
  6. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Не можам...повторно по долго време го почнав од 1ви септември до пред три недели ама не можам некако ми станува обврска а нејќам да е така и ајго баталив
     
  7. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    648
    Јас водам.Не запишувам секојдевно на една недела две зависи од слободното време и расположение.Само една другарка ми има онака површно читнато.Си го чувам кај книгите за во школо а таму никој не ми гиба ;)
     
  8. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Јас порано водев, но не толку често. Ги запишував само најважните случки, најјаките емоции поради кои неможев да спијам. :rofl: . Но, со текот на годините и со зголемувањето на обврските престанав и многу ми е жал за тоа. Сега само се сеќавам на се она што ми се има случено. ;)
     
  9. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.990
    Пол:
    Женски
    Охохоохоооо.. :clap: Браво за мене.. Почнав активно да пишувам секој ден.. Не знам кога ќе го запоставам пак! :lol:
     
  10. 3m43

    3m43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Јас пишував кога ќе ми текне .Пред некој ден го најдов скриен и го отворив.
    Кога го ОТВОРИВ :tmi: една буква не се разбираше :lol: ама се помачив малце и прочитав нешто (се скинав од смеа :rofl: ).Тогаш бев мала и глупости сум пишувала.На едната страна 19 Јануари 2007 на другата 5 март 2010 :D .Сега не се осмелувам да пишувам - заради безбедност.Има катанче на тоа тефтерот ама ... со чачкалица може да се обие |( :lol: .Дури и да е убав катанецот неможам да ги носам клучевите секогаш со мене.А ако останат дома од кај да знам дека нема да се отвори „случајно“ тефтерот и да излезат сите глупости што сум ги пишувала :sweat: .Затоа битните информации во глава ми се запишани 8) .
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ketnis

    Ketnis Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    238
    Пол:
    Женски
    Јас пишувам дневник.Порано пишував секој ден и сега се обидувам да пишувам почесто но обавезно по 3-4 пати во неделата си пишувам до детали и си ги искажувам скириените чувства.Инаку јас дневникот го водам во дебела голема тетратка во кожна навлака со копче за затворање таа ми е подарок од дедо ми и долго време се мислев дали да почнам да пишувам во неа.Позз :D ;)
     
  12. Nefertitii

    Nefertitii Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    239
    Како помала едно 2,3 тетратки имам испишано,кога ги читам сега знам слатко да си се изнасмеам.И сега пишувам во една убава голема тетратка со убави корици ,таа ми е личен дневник , во неа пишувам и поезија .
     
  13. sara333

    sara333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    27
    Јас водам дневник во тефтер затоа што го делам лаптопот со сестра ми.Порано пишував нередовно и си викам годинава ке пишувам секој ден.И почнав ама 5 дена пред крајот на Јануари се разболев и не пишував.И после од кога оздравев си викам ај утре ке пишувам и така цело врема.Ама последно време се си пишувам на Femina така да немам потреба од дневник. :lol: А инаку никогаш не би
    искинала или запалила дневник.Дома ги имам 5-6 од кога сум била мала и полни се со глупости ама сепак си ги чувам.
     
  14. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.990
    Пол:
    Женски
    Можеби доцнам, ама ваквиве многу се кинат.. :tmi: гледај некоја поквалитетна.. копчето ќе ти се скине, целиот ќе ти се распартали, ти зборам од лично искуство.. :geek:
     
  15. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    пишувам дневник од 4 одделение.И мислам да си продолжам со тоа се додека сум жива.Сакам коа ќе умрам сакам да знаат моите деца и внуци шо глупости сум праела,за какви глупости сум се нервирала,мојот живот едноставно.Обични тефтери оставени во кутија во која чувам се што ми значи(споменари,стихови од песни,опаковки од некое благо шо стварно ми оставило силен впечаток :tmi: ливчиња со желби постери слики некои итн.).Ехх коа ќе прочитам некоја страна шо сум ја напишала пред x време.Колку само си се смеам на тоа шо зелен мозок сум имала :rofl: Неможам да се замислам себе си како го палам дневникот кој бил единствениот кога ми било најтешко да ме ислуша и да не ми суди.Тогаш цел живот нема да се ослободам од гризењето на мојата совест. :) Би им препорачала и на другите да почнат со пишување дневник пошто така само ги меморираат своите падови и моменти на среќа.
     
  16. vacuuman

    vacuuman Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    63
    I hate that shit.
    Да си го запишам денот, за да ми биде успомен. Зошто? Наместо тоа, не е поубаво да живеам овде и сега? Тоа шо поминало не ни постои повеќе, не во ова време и место. Ама може да не кочи да живееме, нели? :)

    Сликчето подоле со многу глуп фонт, but the point still stands.

    You can't take a picture of this, it's already gone.
     

    Прикачени фајлови:

  17. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    абе тоа да живееш сеа нема никаква врска со пишувањето дневник и собирањето за тебе вредни нешта.Можеби немаш пишувано затоа не ме разбираш :)
     
    На ColoursOfTheRainbow и Lella им се допаѓа ова.
  18. vacuuman

    vacuuman Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    63
    Ако пишуваш, нема да живееш у овде и сега. Ќе се присетиш на тоа некогаш, и ќе ти расипе ден-два-недела-живот. That's how it works. :)
     
  19. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    можеби но сепак ја не ни помислувам да прекинам со тоа пошто е прва моја љубов :$
     
  20. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    Имав почнато еднаш кога бев помала, во еден споменар што ми го подарија. Оддамна беше, го најдов и почнав да го читам, се утепав од смеење. :D Што уште не ми текнало тогаш да напишам. Сега, оваа година, негде на почетокот, земав нов, убав кожен тефтер и си реков „Оваа година ќе почнам и ќе пишувам цело време“. Пфф, како да не, еднаш напишав и после се си одложував, ај утре, ај утре и ништо не бидна од него, ја искинав страната ја свиткав и бап-во корпа. :D