Нее, кај нас дома нема приватност Што ќе најдат тоа ќе прочитаат, љубопитни се бе Јас ако водам дневник, секако ќе го прочитаат а кога ќе го прочитаат ќе настанат проблеми
и јас имав дневник,пишев се во него,од 8 одд па се до при крајот на 3 година. го криев на различни места за да не ми го најдат,пишев секогаш навечер,ми беше запишана секоа ден.еднаш ми го најдоа ама не беше целиот испишан и ми рекоа да го фрлам,ама јас не го фрлив. кога ми го најдоа вториот пат веќе беше испишан целиот и ми го зедоа , што тоа според мене е толку глупо,ама ајде и сега скорото си го најдов моето дневниче . ме потсеќа на добрите стари времиња...
порано пишував дневник но сега не седнав еден ден и размислив што ќе ми ее дневник кога имам добро памтење за да памтам кој што ми направил и дали ее добро или лошо...кои ми се пријатели а кои непријатели..
не дневник, но имав обичај писмено да си се исповедам на лист хартија по потреба и истиот лист го горев веднаш штом ќе се изнапишев се`. Некако целата таа процедура ме смируваше и ме ослободуваше од товарот, башка брат ми ко шо си беше и си е ѓубренце, не ретко знаел да ме шпиунира у стил обавезно менување на сијалица кога зборам на телефон у истата соба (пред да купиме безжичен) и сл. па вака барем да не го најде.
Дневникот не се пишува за да памтиш кои ти се пријатели а кои не .. Тоа...мислам...сигурно нема да го заборавиш, се пишува за да си ги зачуваш спомените
Кога бев мала си пишував дневник, и до ден денес си го чувам.. Многу е убаво чувството кога ќе се присетиш на старите спомени, глупостите што си ги правела, кога и зошто си била тажна или среќна .. Сега планирам повторно да почнам да пишувам, ама никако да најдам некоја погодна тетратка.. Имам 2 неиспишани со многу листови, тие можат да потребат
дневник сакам да пишувам но неможам домашните ќе го најдат и ќе го прочитаат многу се љубопитни се ги интересира
дневник.....сакав да водам еднаш се обидов ама ме мрзеше некако да пишувам...незнам некако глупо ми беше....а и кај мене баш и нема приватност дома од домашниве.....па затоа се откажав од идејата
Ви ги читав мислењата и повеќето од вас викаат дека немаат дома приватност. Да, и кај нас дома нема приватност но ги кријам, имам испишано еден дневник досега, сега го пишувм вториот. Го кријам на место каде лесно неможе да се најде и се надевам дека во иднина нема да го пронајдат. Од тоооолку голема љубопитност ми ѓи имаат прочитано сите споменари од детството и потоа се налутив и ги запалив во каминот. Сега ако ми ѓи пронајдат дневниците има да им се налутам засекогаш и да не им простам. Па секој си има своја приватност аман, јас сум тинејџерка сега ми се најлудите години секојдневно имам 100 случки и сакам да си запишам што ми се случувало и еден ден кога ќе пораснам кога ќе се омажам да читам што ми се случувало во најлудите и слободни години.
И во однос на приватноста,никој не знае дека водам,па и да го оставам на видно место не би посегнале по моите книгички,тетраткички.Оти знаат ако ми дирнат некоја книга,готови се
Хм па не водам дневник,од проста причина што ме мрзи да пишувам, а и и знам дека сестра ми може да го отвори и да прочита,затоа ако има нешто што немам со кого да го сподела го пишувам на лист хартија и пото го фрлам листот
Порано пишував и пред некој ден го најдов и пукнав од смеење што се не сум пишувала како сме го продале југото,па за бандерата пред куќата моја.... .. не ми се верува
Водам дневник последниов период постојано пишувам, така ваљда ми олеснува.. Најчесто пишувам навечер, знам и по неколку пати да се навратам да напишам.
пишувам коа ќе ми дојде,најчесто кога ми е досадно и немам интернет а кога ќе ми дојде пишувам и песни у дневникот
Јас од оваа година почнав да пишувам во дневник,и ги пишувам битните работи за мене.. Еднаш отворив дневник на сестрами,случајно го најдов и се изнасмеав се што пишувала за нејзиниот дечко.. можеби не требаше да го отворам,но тоа е пишувано пред 5-6 години можеби и повеќе
Имам дневник веќе една година и не го пишувам секој ден,него само кога ке ми се случи нешто интересно и необично Го кријам од сите,но не на некое многу тајно место туку во фиокатаа со чорапи сигурна сум дека таму нефаќа никој. Иначе пред 1ипол година го имав прочтано дневникот на сестра ми,ама не сум јас крива таа го ставила на едно место кое што јас нон стоп го средувам,се разбира таа многу се налути ама брзо заборави
Имам дневник, пишувам кога сум тажна, среќна и некогаш кога ќе ми текни, и го чувам на скришно место зашто не знам што би се случило ако некој го прочита
Да водам во тетратка.Накратко и ги пишувам најважните работи што ми се случиле.Никогаш не би го фрлила,запалила или подарила на некој.