Отсекогаш сум сакала дневник,со дебели корици и многуу страни,Шарен и секој ден да би пишувала во него..Но мајка ми е главен шпиун гарант ке го најде,и ете ти проблеми (нема за неа приватност премногу е радознала )А да пишувам на компјутер едноставно не е тоа тоа..
Пред некој ден пребарував во книгите и оп го наогам дневникот кога сум била мала..Сум пишувала дека сме имале родителска во основно,дека сме оделе на викенд со моите некаде,сум имала симпатија итн.. А во средно почнав дневник со многу тајни кои не сум можела да ги кажам на другарка,пријател.Премногу солзи пролеав над тој дневник.Премногу болка се криеше во него.Премногу тајни.Премногу зборови кои морав да ги искажам..Еден ден го изгорев целиот но нажалост не ги изгорев и моите чувства. Остана се исто,сега малку се смени откако друг се појави во мојот живот..
Баш како што кажа Smaragdna, и јас дневникот сум си го замислувала таков, со дебели корици црвен . Порано водев дневник и најинтересно ми беше кога ке почнам да си читам назад што сум си пишувала. Сега веке не водам дневник , а би требало
Историјата на пишување дневник кај мене започна кога имав 10 години и уште си терам така...Сега кога си гледам како сум пишела порано дневник-хааааа беее ти не си нормална си велам!Како можеше ваков ракопис ко со две леви нозе да пишеше Си пишам во дневникот,некои сликички,си чувам нешто во него..со катанче ми е иначе и мајка ми ич не ми го чепка...ама ич не ми го има чепнато од кога почнав да си пишам па дуууури и до сега... Ииии никогаш не би го запалила дневникот
И јас пишувам дневник и многу ги почитувам сите луѓе што пишуваат и никогаш не би сакала некој да ми го прочита. Чувството е убаво кога ќе се навратеш наназад и ќе се потсетиш. Кога бев мала пишував отприлика 3 години паузирав и од 7 почнав и уште си терам. Не би го запалила или фрлила преферирам да си го чувам
Дневник почнав да пишувам некаде во 5то-6то оделени, во споменарче,со клуч .Таму си пишував се,од првиот симпатија до првата чашка пиво,па и пин кодот од мобилнот ми беше пишан таму.Се беше ок се додека енде ден мама не ми го прочиталаа И ден денес неможам да и простам со која дозвола тоа чепка по мои приватни работи Од тогаш престанав да пишувам, па се до некаде прва година средно кога имав проблеми да се вклопам во новата средина,некако истовремено ми дојде и смртен случај во фамилија и ми беше тешко имав потреба од мојот дневни, така го реактивирав дневникот, но овојпат на англиски јазик си пишував (па оди овој прочитај го да те видам).И пишував скоро година дена,но повеќе некако како да немав потреба од него и го оставив . Сега планирам по 18тиот роденден да си почнам еден но поозбилен дневник,во нотес со убави корици и листови кој постојано ќе биде со мене
Што да правам со дневникот од средно? Дечки, ми требаат идеи од Вас, имам дневник во 5-6 примероци од по 400 страни со многу моменти од детството и интересен љубовен живот што сеуште не сум спремна да го споделам, барем не сите детали ... Е сега проблемот е во тоа што тој е во опасност да биде прочитан не знам каде би го сокрила, многу примероци се, а ковчег не знам каде да барам хехехе помошшш
Леле Devilwomen, па ти си феномен бе! Земи една стара картонска кутија, стави ги таму дневниците и стави ја под кревет. Кој ќе ја види ќе си помисли некои непотребни ствари се нема шо да разгледувам, и едноставно така би ти биле на сигурно.... Шо знам?
Devilwomen нее подобро земи нешто што би ти дало некоја сигурност пример ако имаш куфер од оние со заклучување на шифра може таму да ги чуваш
Како помала додека бев основно си имав личен дневник, во кој ги забележував важните моменти за мене од мојот живот тоа беше период додека бев основно. Мало шаренко дневниче со катанче во него и сликички од моите омилени цртани, фудбалери, актери, актерки. Сеуште го чувам никој не ми го чепка понекогаш го отварам за да се потсетам колку сум била луда
Ахм да, добра идеја, фала, сепак изгледа тоа е единствено решение, не ковчег , куферот подобра варијанта е
лелеее знам дека е е некултурно да се чепка по туѓи дневници ама ете пусто срце радознало...нема ништо посмешно од тоа да му го начекаш дневникот на некого и слатко да си се смејш на сите глупости што ги има пишано во него...како помалечка му го прочитав на сестра ми па постојано ја зафркавав за некој работи кои ги дознав токму од тој ДНЕВНИК..уште еднаш не и текна да почни да пишува дневник (или сега е усовршена во криењето хаха)
Дали водите личен дневник? Да водам Во посебен тефтер или на компјутер? Во обична но за мене посебна тетратка Сториите ги пишувате надолго или накратко? Зависи од чувствата На што обрнувате внимание? На мојот свет Има ли приватност вашиот дневник? Да. Никој не знае дека си имам такво дневниче Дали би ги исфрлиле/запалите/подариле вашите дневници? Не го давам на никој а за палење незнам во различни тетрачиња пишувам и со кирилица секогаш мислев еднаш да ги препишам во една голема ама не е тоа тоа , тогаш си пишувал со чуства понекогаш кога немам што да правам си ги читам
не никогаш а неверувам дека и во иднина ...да уствари само за на работа саатнина ,денови месеци и во војска цифра Ч)
Дефинитивно! Порано како малечка тоа ми беше дневна активност, и од крајот на денот си пишував во него, и понекогаш кога ќе ми дојде при раце си го разлистувам и си се потетувам на безгрижните денови... Се сеќавам лепев и сликички во него, пишував со пенкалца во боја, си пишував за симпатиите,за другарките,летните распусти,школските глупости... Од се по нешто има во него.
Пишував дневник пред извесно време, но престанав затоа што мајка ми не знае што е приватност и одма штом и се укажало прилика го прочитала. Имав напишано мои приватни ствари што не смееше никој да ги знае, некои важни моменти, моите чувства и ставови. Мислејќи дека во мојата куќа се почитува приватноста, не се замарав со тоа да го сокријам на потајно место, но ете сум згрешила. Потоа го скрив на многу тајно место но што ако кога веќе изгубив желба од страв да не го најде повторно. А мајка ми како што е со еден долг јазик... целото семејство ги знае моите тајни Никогаш такво нешто не би направила
Водев во основно одделение, и сама се издадов не дека имав нешто важно пишано ама ај. Секогаш го оставав во соба под кревет и ќе им речев на моите да не чепкаат под кревет и тие ме фатија така сега да сум ајде нека се издадам