Водев дневник уште од малечка, имам неколку испишани. Се сеќавам на првиот дневник бев некаде 4-то оддение и ги пишев имињата на симпатиите во срциња, па му лепев некои лепенки во вид на срциња цветчиња И пишев споменки хахах.. то абеше повеќе како споменар.. Подоцна кога пораснав малце накај 6-то почнав да пишам случки секојдневно, немаше ништо посебно освен симпатии. Ама кога дојдов средно почнаа случките, особено 17 години и за да бидам на сигурно почнав да го пишам на компјутер, и еве ден денес си имам дневник во компјутерот.. вака ми е најсигурно бидејќи моите не чепкаат во мојот А богами има доста интимни работи за кои би умрела од срам да ги дознаат моите, особено мајка ми која е жива радознала..
Кај мене дома дефинитивно не е безбедно за чување на вакви лични работи. Толку невоспитани луѓе на едно место не сте виделе, секој секаде слободно си претура, така да нема теорија да се скрие било што. Па и кога би го имала и би го сокрила, дефинитивно во прва прилика ќе го прочитаат. А баш би било убаво, запишувањето на чувствата не само што ти олеснува, туку и сум забележала дека ти помага да ги преиспиташ, како да си разговарал сам со себе, незаменливо.
Пишував до пред многу скоро. Арно ама, правев есенско чистење на собата, си ги најдов и старите, почнав да читам.... и.... Што ти се чинеше кога пишуваше? Решив да не се приврзувам веќе за сеќавањата од минатото, зашто колку и убави моменти да имав опишано во тие тетратки, имав опишано и болка, и љубовни маки, и страдање, и неверување, и очај, и болести, и стравови. Не сакам такви работи да ми стојат под креветот, да ми фаќаат прашина и ми влијаат на погледите кон иднината. Исфрлив се‘, вклучувајќи го и оној во кој пишував до неодамна и кој не беше целосно испишан. Доста беше http://www.youtube.com/watch?v=XqGx1lfyb6s
Аааа-аа... Ајде сега задржете се за сточето зашто постои опасност да паднете... Со точки и запирки, од буква до буква ви претставувааааам........ Извадоци од мојот дневник: Спојлер Прв запис на 7 години: Кога станав немаше никој. Се облеков и се симнав долу. Кога се симнав долу гледав ТВ. Па ја боев боенката. Го баравме CD-то со народни песни. Потоа ја пеевме песната „Слушам кај шумат шумите“. Не го најдовме тоа CD. Туку друго. Го ислушавме другото CD. Потоа си дојдоа мама и тато од Струмица, и донесоа радиатор. Го наместивме радиатор и гледавме една емисија. Тато спиеше, баба и дедо гледаа вести. И си легнавме. Втор запис: Кога станав отидов долу да прашам дали ќе одиме на училиште. Кај нас беше баба Лена. Се облеков. Па баба Лена си отиде. Потоа мама и сестра ми отидоа за Струмица. Па баба Лена не викна да одиме на прошетка. Отидовме. Па баба Лена не викна да одиме кај неа на кафе. Но прво си дојде само сестра ми. Кога се вративме мама веќе беше дома. Се качивме горе, бевме на компиутерот и си легнавме. После 4 години... Јуху! Тука сум! Веќе не знам што да пишувам! Кратко ќе е! И на одморот ќе е кратко! Бидејќи тогаш постојано ќе сум зафатена. Сепак, ќе пишувам рано на сабајле! Ќе украдам малку време раното и ќе напишам една-две реченици! ♥ :/ Love you! После 1 година... (08.03) О, колку ми недостасува летотооо. БоБојана(ишкртано) j j ? j -----------> ќе заплачам за него! Со душа го чекам! Умирам по него! Еј, летоооо! За секунда сакам да се вратииш! Колку ќе биде убаво кога ќе пристигне! Уште 15 недели, и ќе биде лето! Но за мене летото повеќе започнува за 94 денови, кога ќе бидеме на распуст! Едвај чекам! <3 <3 Вистина е дека сеуште е зима, ама... сепак! Доста е толку за денес! Ќе се видиме друг ден, Сикретчуварчее! ♥ На следната страница...(23.03) Јес, јес, јееес! Пролет е! Пролет е! Пролет е! Конечно! Времето е многу топло! Преубаво е! Се појавив бидејќи ме изненадија 3 вида на цвеќиња! Темјанушка, оние со мелко, ѕвонче! Преубаво е! ♥
Едно време водев дневник, и си го декорирав, абе целосно му се посветував, кога земав еден ден да го читам дојдов до заклучок дека ништо паметно нема во него. Се само жаопојки. Тук таму ќе наидев на нешто убаво. Го фрлив одма во контејнер. Ај барем да ме смееше, ама тоа не беше ни смешно.
Имам два. Едниот го пишам од осмо во кој раскажував денови што ми оставиле впечаток, до најситен детал, и најгоре на листот обавезно датум. Другиот е пишан во метафора и воглавно се кратки мисли или пак пасуси кои ги разделувам со три ѕвездички. Несакам датуми во овој, а и не ми се потребни со оглед на тоа дека не прераскажувам случки. Овој почнав да го пишам од пред околу 2години можеби.. Спојлер Иначе стварно е убаво чувството коа ке се навратиш во времето читајки наназад во дневникот.. како да ти прелетуваат сите тие случки пред очи.. повторно.
Личен дневник имав од 14 до 16 годишна возраст. Целиот беше со случки од училиште, тајни со другарките, описи на првите симпатии... Сеуште го чувам тој дневник, понекогаш го читам и со носталгија се присеќавам на детството...
Ха ха ха потполно истото.Немаш никаква приватност.Секој каде сака си пипа,воопшто не го интересира. А мајка ми да види вакво нешто и катанец да има таа ќе го разбие само за да прочита. Е тоа не ми се допаѓа,па и затоа не пишувам.Имам инспирација многу па некогаш и пишувам на лаптоп, таму ми е посигурно.
Интересена работа се личните дневници, се искажуваш како на пријател и барем знајш дека никогаш нема да те издај.
Јас водам дневник и многу често пишувам во него за се што ми се случи а потоа некогаш и извадам лекција од некои работи .. а пишувам во тетратка и го кријам под креветот
Јас пред една година почнав да пишувам,но почнав да заборавам,и го мавнав... Но не е убаво ако не го скриеш некаде убаво мајкати ќе мести нешто и ќе го најде и ќе чита,мразам кога таа знае кого сакам,што правам на училиште,надвор,во кафич,на забава.....
Пишувам најчесто после некој тешок период кој сум го имала или зависи и пишувам во еден тефтер..а големината на текстот зависи од мојата инспирација и креативност за пишување и објаснување.Иако го кријам мојата мајка знае се за мене сепак сите сакаме мала приватност.
Немам дневник. Само тефтерче со реченици кои си ги смислувам или ми оставилд впечаток. И се разбира, вицови.
пишував дневници кога бев основно и средно , и тоа имам некаде околу 5-6 дневници . И баш пред една недела немав што да правам и седнав и ги прочитав сите . Се утепав од смеење на некои , т.е на првиот оти сум пишувала глупости
Да јас воодам дневник.Сите ама буквално сите случки ги пишувам а гледам тетратката да стои каде сите тетратки ми стојат за да не се приметува дека е дневник.
Пред година ипол, така нешто почнав да пишувам, ама не секој ден, туку само кога нешто ме мачи. Скриен е, ама и да не е, пишуван е на англиски јазик, а и повеќе личи на хиероглифско писмо, пошто на брзина е пишувано и сега да почнам да го читам нема да си разберам. ама битно сум пишувала и уште пишувам.