Во основно водев дневник,се сеќавам,али глупости .Сега почнав повторно,само што е на англиски, така повеќе ми се допаѓа
Водам дневник, и пишувам поради тоа што имам многу слаба меморија, заборавам... а има многу моменти кои не се толку значајни а кои би сакала да ги помнам... и интересно би ми било после неколку години да си се потсетам :geek:
Дали водите свој личен дневник? Едно време водев личен дневник, и го баталив, после тоа почнав да си снимам видеа (од мрза де) и прекинав зошто животот ми беше ептен досаден, така да останав само на тоа кога ќе добијам некоја инспирација да пишувам текстови(не дека се фалам,ама стварно ми оди). Сега изгледа летово ќе почнам повторно да водам дневник па на 1ви септември убаво да си се исплачам
Дали водите свој личен дневник? Порано да, сега не Секогаш ќе го почнам и по некое време ќе го баталам..
Дали водите свој личен дневник? Никогаш не сум водела личен дневник. Не сум чувствувала потреба животните случувања да ги имам во писмена форма и да ги препрочитувам.Добро се сеќавам на се што ми се случило.Кога имам потреба да направам ретроспектива на настаните,психички се осамувам и ги "прелистувам мислите".Тие моменти ги доживувам само свои и лични.
Дали водите свој личен дневник? Имав дневник едно време... Секоја ноќ го пишував плачејќи. Едно време го подзаборавив, а кога го најдов, што да видам. Во него сум запишувала сѐ што ме растажувало тие денови, секоја солза и нејзина причина. Си реков, ќе го оставам тоа зад мене, и го оставив. Го запалив и крај. Од тогаш не сум пишувала во тетратка, туку во компјутерот. Но, сега и тоа не.
Порано пишував личен дневник и имам испишано цели 4 тетратки и тоа големи, од седмо одделение почнав па се до втора година. Подоцна престанав немав многу време. Кога ги читам дневниците се присетувам на некои случки што сум ги заборавила. Добра работа е да се пишува дневник барем се присетувам на моето детство. И сега понекогаш пишувам ама најважните случки само.
После 20 - 30 години од сега, сигурна сум дека нема да ми текнува на секое излегување, на секоја секојдневна случка. Тоа е една од причините за водење дневник, да се присетам на секакви моменти. Минатото си е минато, ама убаво чувство ме облива кога од време на време си ги пречитувам страниците. Возбудата пред првиот бакнеж, спомените со сите сипмпатии, паниката зошто не ми се јавил и слични работи. Едноставно сакам да си се искажам на хартија. Во word не ми е тоа тоа, ќе бришам работи, па не вака, не така. А на хартија кога еднаш ќе го пишеш нема враќање.
До сега имам напишано 3 дневници, 4иот го пишувам. Моите имаат и име 1. *името* 2010 - така се вика затоа што имаше еден период од мојот живот кога бев, ма не сакам ни да се пресетувам каква бев, никаква Многу сум сменета од тогаш 2. Get into the braceface life - кога имав фиксни протези. Пред да ги носам и додека ги носев 3. The secrets of Wonderland 4. *името* Teories - заради моите теории
Идејата за пишување дневник многу ми се допаѓа, не паметам многу ситници и убаво ми е кога ќе прочитам што ми се случувало и ќе се потсетам како сум се чувствувала. Пишувањето во тетратка ми е многу поубаво, полично, но не можам да пишувам така бидејќи ми е страв некој да не го прочита. Затоа само во Word, и тоа на англиски. Би сакала да кажам дека пишувам често ама заборавам, имам моменти кога пишувам секој ден една недела и после тоа ме замрзува и престанувам
Споменарот кој ми е како личен дневник ми е мал и ми е при крај. Е сега незнам од каде да си купам некој поголем споменар или што и да е, ама да може да се заклучува?
Да, пишувам од 10 години. Првен почнав во тефтер, нешто ко тетратка (кузнај шо беше ), а после тоа сменив уште 19238614199816827 споменари. Искрено не ми ни текнало да пишувам на компјутер, и не сметам дека е безбедно оти мајка ми го користи компјутерот почесто од мене па страв ми е дека би можело да ме открие. :geek: А за криење махер сум, Интерпол не може да го најде.
Во Просветно дело има на заклучување. И јас тие ги меркам... Ама треба да го испишам овој прво, па тогаш. Инаку тие со клуч се околу 350 ден. , а поголем имаше дури 450
Пишував пред 2-3 години,ми беше интересно,па после некое време ќе ми текне да читам па се сеќавам што се сум трескала XD Сега едноставно не ми е толку интересно а и времето ми е исполнето.
Интересно и поребно е човек да пишува дневник.Јас порано сум пишувала дневник,ама ништо озбилно. Сега сакам да почнам да пишувам дневник,и идеја ми е во него да пишувам кои ми се животните сонови,некои мотивациони цитати,и секако по битните моменти. Последниот дневник што го имав,не го чував во приватност и затоа на крај исцепав и го фрлив во река.Најискрено,не ми беше важен,поточно,не ми е сега важен бидејќи тоа е друга личност која го пишувала тоа. Сега,е поразлично,многу поинтересни и потајни случки ( ) ...планирам во блиска иднина да си купам дебела тетратка со интересни корици,всушност,јас ке си ги декорирам кориците.
Имав ,но денеска му дојде крајот. Ги искинав сите страници,имав пишувано глупости и моменти за кои не сакам да се присетувам камо ли да ги читам. Не ме приврзуваше за убави спомени и немаше потреба да го зачувам.Сега планирам ,исто како Срцката28 да започнам нов во кој ќе пишувам некои цитати и неостварени,животни желби и сонови.