1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лични дневници

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Bright, 17 февруари 2010.

  1. minika

    minika Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    104
    користам денвник и во него се си пишувам баш е интересно кога ќе помине време да се присетуваш што се се случувало како пријател ми е ... :)
     
  2. ivchee.ivche

    ivchee.ivche Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Пишувам дневник, ама не нон-стоп т.е. не секој ден како сум поминала, туку така некој поважен и поинтересен настан што ми се случил :)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. love11111

    love11111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2014
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    148
    Пол:
    Женски
    Како помала не сум пишувала дневник бидејќи ме мразело да пишувам. Еднаш почнав да пишувам во една тетратка и на првиот лист имав глупости пишувано и братми виде и јас пред да прочита го искинав. :$ И така обидот за дневник беше неуспешен. :)
     
  4. Amely

    Amely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2014
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да почнам,веке подолго време размислувам за тоа ама незнам каде да го скријам има некој предлог?
     
  5. The-fallen-one

    The-fallen-one Активен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    40
    Ne pishuvam dnevnik tuku vo tetratka si gi zapishuvam site stvari sho mi doagaat na pamet...
     
  6. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Неколку пати почнав да пишувам и тоа траеше само два-три дена.
    Немам трпение секојдневно да пишувам.
     
  7. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Во 5/6 одделение си водев дневник. Во него пишував за симпатијата, за тоа што ми се случуваше во школо, дома и такви работи. Се додека мојата малоумна братучедка не дојде на гости го нашла и еден ден прочита пред мајка ми, татко ми, баба ми, вујко ми. Мислам 2 саата плачаев, детски памет.. |(
     
  8. JoVaSt

    JoVaSt Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2014
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    233
    Како помала имав дневник и понекогаш пишував во него, но за кратко ми помина меракот за пишување.
     
  9. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Дали водите личен дневник?
    Во посебен тефтер или на компјутер?
    Сториите ги пишувате надолго или накратко?
    На што обрнувате внимание?
    Има ли приватност вашиот дневник?
    Дали би ги исфрлиле/запалите/подариле вашите дневници?

    Да, водам личен дневник и го пишувам во посебен тефтер, а имам исто и на компијутер, само што овој на компијутер ми е 100 пати побезбеден од овој што ми е...
    На компијутер го опишувам секој детал како што било,а во тефтерот ги опишувам само емоциите, шо сум чуствувала во тој момент. Сепак гледам да го доловам главниот настан и да го опишам убаво.
    Кога пишувам во тефтерот, најмногу обрнувам внимание на тоа како ќе се изразам, ги избирам зборовите, ракописот, сакам да е убаво, средено и читко. Исто премногу внимавам на правописот (така и македонски се подобрив у школо), а во компијутер не обрнувам многу внимание дали сум заборавила да ставам апостров, дали запирка треба, дали сум голтнала некоја буква,...
    Па, да. Има доста работи шо само јас си ги знам и никој друг. Сепак, мразам кога ќе видам како некој ќе доплива до тефтерот и ќе почне да го листа. Макар и само да го гледа, мразам кога е во туѓи раце!
    Мерак ми е кога ќе имам внуци во иднина да им читам од моите лудории, шо се имам преживеано, кон кого сум имала симпатии, како ни истекнувало секакви глупости со другарките, за мојот прв бакнеж, за мојата прва љубов. Се гледам во иднина (здравје и живот до тогаш, ехее :D ) како седам на стол шо се ниша до каминот, со внуците и им читам дел од моите тинејџерски години. Компијутерот ќе се расипе еден ден. Све шо е у него ќе го снема. Колку и да сум се трудела, ќе го снема, ќе ми ги снема сите белешки, сите интересни, тажни и смешни настани. А книгата и по 100 години може да ја чита некој, ако добро е чувана! :) Хаха со муабетов до кај стигнав, ај да сме живи и здрави до тогаш! :)
     
    На Dobie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Си водам дневник уште од 5 одделение ама ептен си го запустив.Па од лани пак почнав ама го заборавив некако.И пак почнав од пред некое да си пишувам. :D Ама некако секогаш сум пишувала кога сум била тажна и затоа не сакам многу да го читам.Инаку го кријам под душекот на креветот. :D
     
  11. YourBoddy

    YourBoddy Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    70
    Дневник воодам од кај 5-6 одделение, сега идам трета година средно и уште имам навика да пишувам.... Но не како тогаш, ЈАДЕВ ПИЕВ СПИЕВ... туку чат-пат наместо на луѓе, му се доверувам на дневнико.. ии си пишувам мисли некои, песни, поезии... свашта :) 8)
     
  12. macka5

    macka5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2014
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    307
    Јас многу сакам да водам дневник и сум имала обиди во тоа , ама немам доверба во брат ми и мајка ми. Мајка ми е такво гадно суштество што нема воспоставено со мене никаква комуникација ама ја интерсира што ми се дешава во животот ии затоа ми пребарува во тетратки да види дали имам пишувано нешто.
     
  13. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.302
    Допаѓања:
    22.592
    Пол:
    Женски
    Како помала многу сакав да пишувам дневник, премногу ама секогаш си мислев оти ќе ми го најде некој и ќе чита и затоа не почнав.
    Баш ќе беше интересно сега да читам кај сум била со паметот тогаш :lol:
     
  14. One.Moment

    One.Moment Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    3.545
    Пол:
    Женски
    Имав, уште го чувам и би сакала да пишувам пак ама некако не ми дозволува разумов да си открива податоци од мојов живот кој можат да паднат во погрешни раце.
    Некогаш ми текнува на него и си го читам, на какви глупости сум се радувала и на какви сум плачела..
    Јас сум од оние што не памтат настани, нарочито кога се случиле и во кој месец, ден, па како да си читам живот од некоја друга личност.
    Многу добра работа се дневниците после години изминати да се потсетиш на животот со тогашни чувства, да ти оживеат моментите. :)
     
    На cresa-jagoda и Lella им се допаѓа ова.
  15. love.a7x

    love.a7x Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    112
    Да, пишувам дневник, во една убава тетратка :rofl: Па повеќето стории ми се подолги, бидејќи обожавам да пишувам. Обрнувам внимание на чувтсвата, на поважните работи. Не пишувам секој ден, можеби еднаш во две недели, или еднаш неделно, зависи од случувањата. Секако дека има приватност, имам напишано некои работи што не би можела да ги кажам ни на најблиските (тоа е и намената), и не смее никој да го прочита, во спротивно :punch:
     
  16. pA_uLa

    pA_uLa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Sakam da pocnam da pishuvam dnevnik, kako da zapocnam??
     
  17. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.990
    Пол:
    Женски
    Дневникот ти е твое лично место, така што можеш да пишуваш се што ќе ти дојде на душа. Немој со Диар Дајри, како пуфлите во филмовите, едноставно пишувај го тоа што ќе ти дојде на душа. Нема потреба да се претставуваш, да објаснуваш, сепак, тоа си ти, и само ти би можеша понатаму да го читаш, пишувај секојдневни случки, а другото само ќе си дојде. Со тек на време ќе се навикнеш. :)
     
    На pA_uLa и SwanMay им се допаѓа ова.
  18. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.812
    Допаѓања:
    23.374
    Пол:
    Женски
    Јас летово почнав повторно да пишувам дневник и уште си пишувам во него.Многу ретко опишувам настани повеќе ги запишувам моите општи мисли и емоции.Многу ми е потребен во некои моменти.Не пишувам секој ден.Кога пишувам секогаш почнувам со Dear future me, затоа што кој друг ке чита освен идната јас?
     
  19. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.575
    Пол:
    Женски
    Еден од предметите коишто ме задржуваат при генералки е токму онаа тетратка со украсни корици и клуче, личен (top secret :lol: ) дневник од 6-7 одделение.
    И ете, сега у ситуации на темелно средување соба знам да налетам на него и да ме врати во друго време, да ме потсети на разни моменти и датуми, од најнебитни „настани“ на кои се смеам дека тогаш сум се радувала, до таканаречени „тајни“... :wasntme:

    [​IMG]
     
    На Elena69221, tea4e, Val-Dim и 2 други им се допаѓа ова.
  20. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Пишувам скоро секоја вечер кога имам време и не сум поспана. Тоа ми е прибежиште и место каде можам да се осамам и да ги искажам сите свои мисли и чувства, без страв од осуда. Ми помага да се пронајдам себеси, да средам мисли, да пронајдам решенија за некои од дилемите кои ги носи секојдневието. И секако, да ги извадам сите чувства од себе, надвор од системот, како еден вид на стрес ~ терапија (ако може така да се нарече).
     
    На alana95 и Elena69221 им се допаѓа ова.